Повеќе од 90 луѓе загинаа при потонување на брод во близина на брегот на Мозамбик - Канал 5

Повеќе од 90 луѓе загинаа при потонување на брод во близина на брегот на Мозамбик

 Повеќе од 90 луѓе загинаа откако брод вчера се преврте крај северниот брег на Мозамбик, соопштија локалните власти, пренесе ДПА.

Повеќе од 90 луѓе загинаа при потонување на брод во близина на брегот на Мозамбик

Луѓето кои се наоѓале на бродот бегале од епидемија на колера и патувале од Лунга до островот Мозамбик, во близина на брегот на Нампула, јавија локалните медиуми.

Рибарскиот брод можел да собере најмногу 100 луѓе, изјави претставник на управата на островот за телевизијата СТВ. Сепак, на бродот имало околу 130 луѓе.

Новинската агенција АИМ, повикувајќи се на претставник на поморската управа, објави дека бродот се превртел поради високи бранови.

Мозамбик моментално е погоден од најголемата епидемија на колера во последните 25 години, според организацијата на ОН за помош на децата – УНИЦЕФ. Од почетокот на епидемијата во септември 2022 година, пријавени се повеќе од 37.000 случаи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бизнис од 41 милијарда долари: Француски фармацевтски гигант презема американски производител на лекови

Француската фармацевтска компанија „Санофи“соопшти дека постигнала договор за купување на американската биотехнолошка компанија „Инсмед“ за 41 милијарда долари.

Бизнис од 41 милијарда долари: Француски фармацевтски гигант презема американски производител на лекови

Француската фармацевтска компанија „Санофи“соопшти дека постигнала договор за купување на американската биотехнолошка компанија „Инсмед“ за 41 милијарда долари, што е нејзино најголемо аквизиција во последните две децении и клучен дел од нејзината стратегија за наоѓање нови извори на раст.

„Санофи“ понуди 175 долари по акција за „Инсмед“, премија од околу 17,5 проценти во однос на последната цена на затворање на берзата на компанијата пред објавувањето на понудата, објави „Ројтерс“.

Француската компанија планира да ја финансира трансакцијата со комбинација од долг и готовина.

„Инсмед“ е специјализирана за лекови за лекување на респираторни заболувања, проширувајќи го присуството на „Санофи“ во нови терапии.

Аквизицијата е голем потег на новиот извршен директор на „Санофи“, Белен Гарихо, која ја презеде функцијата во мај и е задолжена да ја зајакне нејзината програма за развој на лекови и да го запре падот на цената на акциите на компанијата.

Откако ја презеде функцијата во „Санофи“, „Гарихо“ започна стратешки преглед на бизнисот, го промени составот на извршниот одбор и ја прошири соработката со американската компанија „Реџенерон“, вклучително и договор за решавање на претходни судски спорови.

Аквизицијата на Инсмед претставува најголем чекор досега во нејзините напори да го промени правецот на француската фармацевтска група.

Инвеститорите реагираа позитивно на објавата за аквизицијата, а акциите на Санофи денес пораснаа за околу шест проценти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тоти низ солзи си ја отвори душата- сопругата го оставила, Рома го издала, татко му починал (ВИДЕО)

Легендарниот Франческо Тоти се претстави во верзија каква што публиката никогаш порано немала можност да ја види, низ разговор исполнет со иронија и длабоки емоции, искрени солзи и смеа, откри бројни непознати детали за себе.

Тоти низ солзи си ја отвори душата- сопругата го оставила, Рома го издала, татко му починал (ВИДЕО)

Во емисијата „Белве“, која се емитува вечерва, 24 ноември, на каналот Раи 2, Франческа Фанџани разговара со легендата на Рома за различни периоди од неговиот приватен и професионален живот.

Тоти зборуваше за болниот крај на неговата врска со Илари Бласи, неговата нова љубов со Ноеми Боки и можните идни одлуки со неа, неговото семејство, неговиот комплициран однос со неговите деца, емотивните спомени од неговиот татко, разочарувањата и неговото збогување со фудбалот.

- Кога ќе се осврнете денес, дали мислите дека некој ја искористил вашата позиција кога бевте на врвот на вашата кариера? - го праша водителот.

- Луѓе од кои никогаш не би го очекувале тоа, членови на семејството, пријатели, роднини... Многумина ме искористија. Со текот на времето, патиштата се разделуваат и сфаќате што навистина се случило. Да можев да го вратам времето, не би ги повторувал истите работи - откри Тоти.

Емотивен за својот татко и неговиот однос со децата

Тоти се сети на својот татко на особено емотивен начин, признавајќи дека никогаш не му кажал колку го сака.

- Никогаш не му кажав: Те сакам - рече тој со солзи во очите.

- Што ти недостига најмногу? - го праша Фанџани.

- Прегратка. Постојат работи што не ги правиш, а кога ќе ги изгубиш луѓето кои се центар на сè, се чувствуваш изгубено и осамено. Без него, сè е поинаку. Денес си велам дека бев глупав што не го направив тоа. За жал, ја правам истата грешка со моите деца. Знам дека грешам - искрено рече легендарниот фудбалер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Швајцарец загина, Британец се бори за живот во напад на слонови во Африка- туристите во паника се качувале на дрвја (ВИДЕО)

Швајцарски државјанин загина, а британски турист е прободен од слон за време на напад од стадо слонови на падините на планината Камерун!

Швајцарец загина, Британец се бори за живот во напад на слонови во Африка- туристите во паника се качувале на дрвја (ВИДЕО)

Групата, составена од четири британски туристи, еден Американец и еден швајцарски државјанин, планинареле на највисоката планина во Западна и Централна Африка кога наишле на стадо слонови за време на нивното искачување, објави Дејли Меил.

Тие избрале да се спуштат по патека што ја користат и слоновите додека мигрираат кон блиското езеро. Според извештаите на локалните медиуми, животните очигледно мислеле дека нивните телиња се во опасност, поради што реагирале агресивно.

„Сите избегале, трчајќи во различни насоки. Некои се качувале по дрвја“, изјавил портпаролот на Министерството за шумарство и див свет по инцидентот.

Се верува дека швајцарскиот турист, идентификуван како Тро Алан Метју Хан, се лизнал и паднал во канал додека се обидувал да избега, по што еден од слоновите го прободел до смрт со својот заб. Еден британски планинар бил исто така повреден, но неговите повреди не биле опасни по живот.

Според туристите, слонот го кренал водичот на групата со сурлата и го фрлил кон Хан, кој веќе бил повреден.

Зборувајќи за камерунските медиуми за инцидентот, еден од британските туристи кои успеале да избегаат рекол дека тројца членови на групата „трчале право кон патеката“.

„Ги видов овие слонови речиси покрај мене и помислив: Ако одам по таа патека, ќе бидам нападнат. Па затоа отидов во спротивна насока. Тие трчаа по патеката, а јас истрчав и се скрив во грмушките. Слушнав вресоци“, рече тој, додавајќи дека слушнал едно лице „доста рано“.

Слушнал повеќе вресоци и претпоставил дека тоа се водичите кои се обидуваат да ги исплашат слоновите. Сепак, набрзо сфатил дека вресоците доаѓаат од луѓе кои биле сериозно нападнати од животните.

„Се криев во трупец од дрво два часа“, рече тој.

Туристите го пронашле Хан додека бил сè уште жив и разговарал со нив. Го опишале со модринка во око, болна рака и сомневање за внатрешно крварење.

Групата го однела Хан од местото на нападот на импровизирана носилка што ја направиле, но тој им подлегнал на повредите.

„Слоновите го нападнаа, целосно го разнесоа“, рече еден од мажите.

Предупредени од водичите, тимот на Националниот парк „Маунт Камерун“ брзо интервенираше, со поддршка на армијата, за да ги обезбеди туристите и да ги однесе на безбедно место во Бакингили.

Властите ги извлекоа остатоците од Хан од планината. Двајца други туристи претрпеа полесни повреди и беа згрижени во регионалната болница Лимбе во Југозападната покраина на Камерун пред да бидат пуштени.

Потоа се одржа кризен состанок во канцеларијата на заменик-префектот во Иденау, на кој присуствуваа административни и шумски службеници. Со години има конфликт меѓу планинарите и големото присуство на слонови на планината Камерун.

Африканските шумски слонови се недостижни братучеди на африканскиот савански слон. Тие ги населуваат густите дождовни шуми на Западна и Централна Африка.

Шумските слонови имаат многу побавна стапка на репродукција од саванските слонови. Нивните последни преостанати упоришта се во Габон и Република Конго, додека помали популации остануваат во други африкански земји како што се Камерун, Централноафриканската Република, Екваторска Гвинеја, Брегот на Слоновата Коска, Либерија и Гана.

И двата вида африкански слонови се загрозени од губење на живеалиштата и фрагментација поради пренамена на шумите во земјоделство, сточарство и човечка инфраструктура.

Како резултат на тоа, конфликтите меѓу луѓето и слоновите се зголемија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер