Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа
1Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа
3МОН го замени сексуалното образование со „заштита на здравјето“, без зборовите „род“ и „контрацепција“
КултураПовеќе од 700 албуми изворна македонска музика во приватна холандска колекцијаБрачниот пар од Холандија Питер Ендендајк и Анемик ден Аул поседуваат 8.112 музички албуми од цел свет, од кои 709 се со изворна музика од Македонија. Во апсолутни бројки, албумите со македонска музика, велат, се на трето место во нивната богата колекција, но го заземаат првото имајќи ја предвид површината и бројот на жители. Првата плоча Питер ја купил во 1962 годна, а пет години подоцна првпат дошол во Македонија. Албумите што ги собирал низ годините, од пред десетина години почнал и да ги дигитализира и да ги става во програмата на податоци која ја подготвиле за да ја средат колекцијата. За својата љубов кон македонската музика Питер денеска зборуваше во просториите на „Танец“ и на ансамблот му предаде дваесет плочи изворна музика, како и дигитализирани композиции. - За традиционалната музика се заинтересирав поради програмата за народни танци во моето основно и средно образование. Во текот на следните години, сфатив дека ми лежи музиката од балканските земји. Во текот на годините по мојата прва посета на поранешна Југославија во 1966 година, го купив она што можев да го најдам: македонска, бугарска, грчка, српска и друга музика. Но, исто така, и албуми кои беа издадени вон балканските земји, а имаа традиционална балканска музика. До 1982 година сите мои патувања беа со јавен превоз. Оттогаш, откако ја сретнав Анемик, повторно го пропатувавме Балканот, овојпат со автомобил. Сега можевме да донесеме дури и повеќе плочи и книги дома, рече Ендендајк на презентацијата на која присуствуваа вокалистите и играорците на „Танец“. Колекцијата ја организирале со програма за база на податоци што сами ја направиле. Рече имаат дигитализирано 75 проценти од содржината на колекцијата и тој дел е достапен на серверот. - На овој начин, пребарувањето на варијации и верзии е лесно, дури и ако мелодиите се познати во различни региони или земји, рече холанскиот колекционер на македонска музика кој за историјата на колекцијата, техничките аспекти и содржината има отворено и посебна интернет-страница: www.tradmusictrails.com. Извонредниот познавач на комплетната дискографија на „Танец“ од 1956 до 1990 на презентацијата зборуваше за историјата на раните снимки со македонска традиционална музика (1950-1965) - снимките издадени во и надвор од поранешна Југославија. За оние кои сакаат да дознаат повеќе и да ги слушнат раните снимки на Sperry и Newtone ги посоветува да ја посетат страницата Folklore Discography (www.folklorediscography.org) како и каналаот на Петер Зрински (Peter Zrinski) на Јутјуб. За посветеноста и љубовта кон македонскиот фолклор, директорот на „Танец“ Стојанче Павловски им врачи благодарници на Питер и сопругата Анемик и ги нарече холандски Македонци. Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп, пак, рече дека тој самиот е официјален амбасадор во Македонија, но дека вистински амбасадори се овие негови сонародници. - Во Македонија сум повеќе од две и пол години и можам да кажам дека постојат повеќе холандски конекции. Како дипломат се среќавам со многу луѓе, Македонци и Холанѓани, кои работат како вистински амбасадори - поврзувајќи ги двете држави и култури, истакна Пломп. Неодамна, рече, ја слушнал поговорката „немој да играш или пееш во Македонија бидејќи и ќе те надиграат, и ќе те натпеат“ и додаде: „Слушајќи ги и гледајќи ги ’Танец’, не би се осудил ниту да пеам, ниту да играм“. Министерот за култура Роберт Алашозовски истакна дека ова е редок и возбудлив настан за македонско-холандското пријателство. - Знаеме дека граѓаните на Холандија се големи и искрени пријатели на Македонија, но големо е изненадувањето и честа што вие, почитувани гости, и го приредувате на земјата и на македонското национално културно богатство. Вашата посветеност кон македонската музика, кон собирањето и чувањето ретки и скапоцени музички записи од „Танец“ покажува огромна љубов и високо ниво на почит кон творештвото на овој ансамбл, како и кон македонскиот фоклор и кон нашата земја воопшто, рече Алаѓозовски. Во просториите на „Танец“ во оваа пригода беше поставена и изложба на фотографии од тројца Холанѓани - Фред Волп, Марја и Карлус Коупман кои додека летувале на Охридското Езеро од 1973 до 1975 година ги фотографирале и снимиле музичарите на улиците во Струга, Охрид и околните села – особено за време на викендите кога се одржувале свадби. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеДржавата планира современо лекување за паркинсон и алцхајмер во МакедонијаНаместо електроди во мозокот да им се вградуваат во Турција, пациентите со Паркинсонова болест наскоро би можеле ваквите операции да ги прават и во Македонија. Државата планира да ја воведе длабоката мозочна стимулација, современа неврохируршка метода за контрола на нарушувањата во движењето, но и нови биолошки терапии за пациенти со Алцхајмерова болест. Методата на мозочна стимулација во светот се применува со децении, но кај нас допрва ќе се обучуваат тимови за нејзино спроведување. Обуката на македонските лекари ќе ја спроведуваат експерти од Клиниката за неврологија во Љубљана. Оттаму сметаат дека воспоставувањето на методата во Македонија нема да биде тежок процес, а за дел од пациентите таа може да значи значително подобар квалитет на живот. Според проценките, во Македонија има околу 24.000 лица со Алцхајмерова болест и други форми на деменција, додека бројот на пациенти со Паркинсонова болест, според министерот за здравство, е околу 5.000. Очекувањата се двете новини во лекувањето да станат достапни во земјава во текот на 2027 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаИздаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќаУште 102 страници и апликации кои нелегално приредувале онлјан игри на среќа ќе бидат блокирани за домашните корисници на интернет, информираат од Министерството за дигитална трансформација.Оттаму за Канал 5 велат дека со ова, бројката на блокирани страници од овој тип е 462, а целта е да се спречат измами и нелегално испумпување на пари од граѓаните. Од ресорното министерство велат дека овие страници најчесто ги создаваат лица кои се сопственици сервери надвор од државата и поради тоа велат дека е клучна нивната превентивна реакција. - На тие игри не се знае каде завршуваат нивните податоци, каде завршуваат нивните пари, не се знае ниту дали самата игра е фер за граѓанинот и не постојат механизми за нивна заштита во случај на измама, затоа што ваквите игри најчесто се регистрираат, односно се воспоставуваат во држави каде оваа дејност не е регистрирана, односно каде што нема да подлежат на одговорност. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација На овие нелегални страници најчесто се организираат игри како покер томболи и други игри на среќа, но граѓаните кога ќе кликнат на нив, сепак добиваат известување дека се дел од нелегална мрежа на игри на среќа, за која согласно новиот закон се предвидени и казни и за нив како учесници, објаснуваат од министерството. Сепак, иако новата законска регулатива е во сила уште од летово, казни во пракса за индивидуалци кои биле дел од вакви игри на среќа засега нема. – И самото учество на граѓаните во ваквите игри на среќа е забрането со новиот закон за игри на среќа – се предвидуваат глоби од 1000 до 2000 евра. Има ли санкциониран граѓанин досега? Досега според нашите информации нема санкциониран граѓанин. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација Согласно законските измени, единствен приредувач на игри на среќа во државата во онлајн просторот е државна лотарија. Токму лотарија пак доставува список на нелегални страници кои приредуваат игри на среќа, а се лесно достапни за граѓаните. Потоа лотарија му го проследува тој список на Министерството за дигитална трансформација, од каде се издава налог за блокирање на страници, а Агенцијата за електронски медиуми има рок од пет дена го оневозможи пристапот до спорните страници на нашите граѓани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЧетворица потврдени со морбили, едно бебе завршило во инфективна Бебе под една година завршило на клиниката за инфективни болести, заради добивање на ситни сипаници или морбили. Бебето е во стабилна состојба и е пуштено на домашно лекување. Освен овој пациент уште кај тројца е потврдено дека имаат морбили, странски државнијан, уште едно дете помало од година и 40 годишен маж, сите се невакцинирани, потврди министерот за здравство Клековски. „Инстиутот за јавно здравје ги прави анктите, дали има поврзаност помеѓу случаите со морбили. Засега нема епидемија од морбили, но мора да се внимава и да се применуваат сите препораки и да се вакцинираат децата“, вели Сашо Клековски министер за здравство. Во моментот опфатот до МРП вакцината е под 70%, она што е важно да се вакцинираат сите деца, оние возрасни кои се вакцинирани со една доза. Вирусот е брзо пренослив и оние кои имаат симптоми на црвенило на кожа, зголемена температура да се јават на доктор и да не се мешаат на места каде има луѓе. „Вакцинирајте се, мора да има заштита. На пример децата под една година не се според календарот за вакцинација, а се заразени. И може да имаат компликации“, вели Сашо Клековски министер за здравство. Од 2018 година во Македонија имаше прогласено епидемија на морбили. 1900 луѓе се заразија со сипаниците, а почина четворица заради компликации. Од ИЈЗ апелираат на редовна вакцинација бидејќи станува збор за сипаници кои даваат сериозни последици по здравјето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook