Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
2Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
МакедонијаПовеќе од 600.000 луѓе останаа без електрична енергија во регионот на ЗапорожјеПовеќе од 600.000 луѓе останаа без електрична енергија во регионот на Запорожје, во Украина, што сега е под руска контрола, поради напад на украинските вооружени сили, објави рускиот шеф на регионот, Евгениј Балицки.Балицки на Телеграм напиша дека 457 населени места во регионот на Запорожје останале без електрична енергија по нападот со беспилотни летала. Украинските вооружени сили, исто така, со беспилотни летала нападнаа енергетски објекти во херсонскиот регион и оштетија нова трафостаница во геничкиот регион, а повеќе од 100.000 жители во 150 населени места се без електрична енергија, изјави шефот на регионот, Владимир Салдо.Тагови: електрична енергија Запорожје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПротест „Марш за Лика, марш за Хрватска“ во Загреб, за нелегално исфрлени 33.000 тони опасен отпад Голем протест во Загреб , повеќе од 300 јавни личности побараа спас за Лика, и одговорност за загадувањето , а говорницата беше забранета за политичарите.. Илјадници граѓани и познати личности но без присуство на политичари денеска излегоа на улиците во Загреб со ултиматум до Владата за спас од еколошките катастрофи поврзани со илегален и опасен отпад. Граѓаните имаа жестоки критики до надлежните институции за како што посочија нелегално исфрлените десетици илјади тони отпад во близина на градот Госпиќ и регионот Лика-Сењ во западна Хрватска, каде биле нелегално исфрлени околу 33.000 тони опасен отпад. -Според службениот план за санација 13 илјади тони отпад чека санација. Сметката изнесува повеќе од 8 милиони евра, но отпадот е се уште тука, што се чека? На крајот на приказната кој ја плаќа најголермата сметка. Ние и нашите деца со своето здравје и милионските суми во евра од нашите џебови додека отпадната мафија на своите сметки акумулира профит од нашата отруена почва и вода., рече Ирена Бурба од здружението „Зелена Истра“. Граѓаните побараа итно и целосно санирање на загадените места, утврдување на одговорноста и јасни рокови за отстранување на отпадот што ја загрозува животната средина и здравјето на граѓаните... -За 35 години колку што постои нашата еко телефонска линија која е бесплатна имаме 36 илјади пријави на граѓани за проблеми со животната средина. Сите ги имаме проследено до надлежните институции. Повеќето од тие пријави се за илегален отпад и за опасен отпад. Во главниот град имаме еколошка бомба а имаме и случај опасен отпад кој што е оставен покрај извор за питка вода. Во случајот со Госпич, власта знаела и дозволила увоз на опасен отпад за кој знаела дека нема како да се складира туку единствено што може илегално да се закопа., рече Дора Сивка од граѓанско здружение „Зелена акција“. Колоната граѓани, предводена од локални еколошки иницијативи и здруженија, маршира низ централното градско подрачје носејќи транспаренти на кои повикуваа да се стави природата пред профитот. Во писмениот документ подготвен за Владата се наведуваат конкретни точки: итен мораториум на проектите што го загрозуваат водниот потенцијал, ревизија на издадените концесии за сеча на дрва и санкции за нелегалните зафати на терен. За секоја од точките е поставен прецизен рок, до 30 дена, во кој надлежните министерства мора официјално да одговорат или да започнат постапки на терен. Извор фото: vijesti.hrt.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаМицкоски: За првпат по долго време имаме извоз, кој што е поголем од увозотРаст и на извозот и на увозот во првите седум месеци од годинава, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Извозот достигнал 5,1 милијарди евра, што е раст од 8,4 проценти во однос на истиот период лани, додека увозот изнесувал 7,2 милијарди евра и е зголемен за 7,8 проценти. Во извозот најзастапени се катализаторите и деловите за автомобилската индустрија, а во увозот металите од платинската група, нафтените деривати и автомобилите. Најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, додека земјите од ЕУ учествуваат со 58,7 проценти во вкупната размена. За премиерот Христијан Мицкоски, позитивен сигнал е тоа што извозот расте побрзо од увозот. Тој вели дека трендот е особено изразен во јули, а растот на увозот го поврзува со високите цени на нафтата и нафтените деривати. „За првпат можеби после долго време имаме извоз којшто е поголем од увоз, односно побрзо расте извозот отколку што расте увозот, и на тој начин се намалува дефицитот во трговската размена и во првите седум месеци во годината. Првите податоци за првиот месец од третиот квартал, тоа е јули, се навистина над нашите очекувања. Посебно кога станува збор за извозот, којшто ќе повторам побргу расте отколку што расте увозот, а увозот расте поради високите цени на нафтата и нафтените деривати. Кога би се стабилизирал тој дел од пазарот, тогаш таа разлика би била уште поголема и покриеноста ќе биде уште поголема.“ Мицкоски повторно се повика и на растот на БДП како показател за силната економска активност. Во вториот квартал економијата пораснала за 4,3 проценти, а во првото полугодие за 3,7 проценти. Премиерот очекува годинава да заврши со раст меѓу 3,5 и 4 проценти. Министерката за Финансии Гордана Димитриеска Кочоска во обајва на Фејсбук уште еднаш нагласи дека растот на македонската економија во вториот квартал е еден од најдобрите квартални резултати изминатите две ипол години. Во меѓувреме, од СДСМ повторно со критики за задолжувањето. Од партијата обвинуваат дека Владата ја носи Македонија кон јавен долг од 12 милијарди евра и дека дел од обврските на ЈПДП не се прикажуваат во јавниот долг. Реакцијата следува откако Мицкоски вчера ги отфрли обвинувањата за скриен долг од 350 милиони евра на ЈПДП, со објаснување дека станува збор за рамковни заеми што се повлекуваат постепено. Од СДСМ тврдат дека и гарантираниот долг на јавните претпријатија треба да биде опфатен во јавниот долг и најавуваат кривична одговорност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИ денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11
МакедонијаОпасен крлеж од Азија ги десеткува пчелните семјества, какви мерки за заштита се неопходни? Нова закана за пчеларството.Од Азија кон Европа забрзано се шири нов крлеж кој може да ги десеткува пчелните семејства и да нѐ остави без мед. Новиот крлеж кој се шири од азија полека тропа на вратите на Европа. Последната вест која ги загрижи пчаларите од Балканот е дека во Турција и официјално е регистрирана појавата на новиот крлеж Тропилелпас. -Како резултат на работата што ја вршев во изминатите две години – особено додека следев одредени сомнителни случаи за време на теренската работа го идентификував присуството на Тропилепс.. Tоа е болест што подлежи на задолжително пријавување. Затоа, веднаш ги известив владините претставници. Претставниците на министерството за земјдолство заедно со ветеринари извршија инспекции и го потврдија мојот наод на 31 август. Во моментов е откриен во регионот Артвин а ќе се спроведат и посеопфатни истражувања дали го има во другите региони во Турција. На конференција во Охрид се собраа сите европски научници и сите претседатели и претставници на пчалрските сојузи од Балканот за да разменат искуства и информации за новата закана за пчеларството која може за само два месеци да униште цело пчелно семејство, да го намали драстично бројот на пчели и да не остави без мед ако не се преземаат мерки со време да се адаптираат и едуцираат пчеларите како овој сите паразит да го држат под контрола. -Паниката никогаш не донела ништо добро. Мораме добро да го запознаеме непријателот на пчелите за да се бориме со него. Загрижувачка е состојбата бидејќи веќе доста блиску дојден овој крлеж а турските пчелари со селидбеното пчеларње може уште повеќе да го рашират. Дури и да се преземат ситемерки неможе да се запре ширењето на овој проблем кој е само прашање на време кога ќе пристигне и ќе направи дополнителни пробелми за пчеларите кои и онака заради климатксите промени и фалсификуваниот мед полека се откажуваат од пчеларството. Проблемот со новиот крлеж според пчеларите не само што е закана за производството на мед туку уште поголеми се штетите во земјдоелството ако ги снаме пчелите во опрашувањето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИ денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11