Карпош ќе учествува на јавен конкурс за набавка на вендинг машини за рециклирање на пластика и лименки
2Карпош ќе учествува на јавен конкурс за набавка на вендинг машини за рециклирање на пластика и лименки
Завршен стручниот надзор за родилката која остана во инвалидска количка – резултатите не се објавуваат јавно
2Завршен стручниот надзор за родилката која остана во инвалидска количка – резултатите не се објавуваат јавно
3„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари, постепено ќе става ограничувања за тинејџерите на Фејсбук и на Инстаграм
ЗдравјеПовеќе од 4.000 луѓе се заразени со ебола во Конго, бројот на смртни случаи растеСпоред податоците на владата, бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго за првпат ја надмина бројката од 4.000 за време на оваа епидемија. Ова е втората најголема епидемија на ебола во светот според бројот на заболени, а исто така е опишана и како епидемија на оваа болест што се шири најбрзо досега. Експертите сметаат дека вирусот почнал да се шири неколку месеци пред официјалното прогласување на епидемијата на 15 мај и дека реалниот број на заразени лица би можел да биде значително поголем од официјалните бројки. Националниот институт за јавно здравје соопшти дека се потврдени вкупно 4.053 случаи на зараза, од кои 1.850 завршиле со смртен исход. Случаи на ебола се потврдени во пет провинции: Итури, Северен Киву, Јужен Киву, Горно Уеле и Чопо. Во извештајот објавен минатиот месец во научното списание „Science“ се наведува дека епидемијата во Конго започнала уште во јануари, а можеби и порано, во провинцијата Итури. Истражувачите идентификуваа повеќе од 500 сомнителни случаи во периодот од средината на јануари до 15 мај. Доцното откривање на болеста, преоптоварениот систем за епидемиолошки надзор, вооружените конфликти и недостигот на вакцини и ефективни третмани за вирусниот сој што ја предизвика епидемијата, ги попречија напорите за нејзино сузбивање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотРекордно ниво на донации, корпорациите во САД сè повеќе ги финансираат изборитеСпоред организацијата за следење „Public Citizen“, американските корпорации донирале рекордни 646 милиони долари (555 милиони евра) на политичките партии во периодот од 18 месеци заклучно со јуни. Ова е за 40 отсто повеќе од вкупниот износ потрошен за време на целиот изборен циклус за претседателските избори во 2024 година. Меѓу компаниите што најмногу придонесоа за порастот на донациите се индустрискиот конгломерат „Koch Inc.“ и нови донатори, вклучувајќи ги и компаниите за онлајн спортско обложување. Овие фирми донираа приближно 76 милиони долари (65,3 милиони евра) за кандидати од двете партии за меѓуизборите закажани за 3 ноември. Големи тутунски компании, како и производители на канабис, исто така донираа значителни суми, првенствено на републиканските кандидати. „Public Citizen“ е група за застапување на потрошувачите основана во 1971 година од Ралф Надер. Тој се спротивставува на корпоративното финансирање на политичките кампањи. Политичките донации од компаниите нагло се зголемија откако Врховниот суд ги укина ограничувањата во 2010 година и им дозволи на компаниите и богатите поединци да даваат неограничени донации. Од вкупно 1,7 милијарди долари (1,46 милијарди евра) што компаниите ги донираа за американските избори од тогаш, приближно една третина пристигна во тековниот изборен циклус. „Public Citizen“ тврди дека таквото трошење им овозможува на групите од интерес непропорционално да влијаат на политиката, додека застапниците на Првиот амандман тврдат дека политичките донации треба да бидат заштитени како дел од демократскиот процес.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести72-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
МакедонијаРеакција на АВМУ на наводите изнесени од ММА и МРТАгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги отфрла како неточни и неосновани наводите на ММА и МРТ за погрешно третирање на програмските сервиси Arena M1, Arena M2 и Arena M3 Premium како странски програмски сервиси.Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги отфрла како неточни и неосновани наводите на ММА и МРТ за погрешно третирање на програмските сервиси Arena M1, Arena M2 и Arena M3 Premium како странски програмски сервиси кои се реемитуваат во Македонија. Агенцијата постапува исклучиво во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Постапувањето на Агенцијата во конкретниот случај се заснова на релевантна доставена документација, како и на информации и податоци добиени од надлежни институции во Македонија и од релевантни странски субјекти. Врз основа на расположливата документација и добиените информации, предметните програмски сервиси се третираат како странски програмски сервиси кои се реемитуваат, а не како домашни телевизиски сервиси што емитуваат програма на територијата на државата, имајќи предвид дека нивниот изворен сигнал не се емитува на територијата на Македонија. Агенцијата особено ги отфрла инсинуациите дека со своето постапување овозможува заобиколување на законските обврски или дека постои каква било незаконитост во постапувањето на Агенцијата и нејзините службени лица. Доколку ММА и МРТ располагаат со наводни докази за незаконско постапување на Агенцијата ги повикуваме истите да ги достават до надлежните институции. Во меѓувреме, посочуваме дека е недозволиво исклучиво поради сопствени интереси да се шират неосновани квалификации и инсинуации кои создаваат впечаток за незаконито или произволно постапување на регулаторот. Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услугиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКарпош ќе учествува на јавен конкурс за набавка на вендинг машини за рециклирање на пластика и лименкиСоветот на Општина Карпош денеска заседаваше по 17-ти пат при што советниците расправаа и полноважно одлучуваа по 26 точки кои се најдоа на дневниот ред.Во таа насока беше поддржана Предлог – Одлуката според која локалната самоуправа доби согласност од Советот, да аплицира на Јавниот конкурс за проекти. Имено, Општина Карпош преку Центарот за развој на Скопски плански регион ќе учествува на конкурсот кој го распиша Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), а истиот се однесува за набавка на вендинг машини за рециклирање на пластични шишиња и лименки. Доколку биде позитивно разгледана апликацијата, Општината ќе набави машини за рециклирање кои ќе ги лоцира во пет поголеми основни училишта на своја територија, кои работат во две смени. Според договореното, Пакомак ќе ги одржува и сервисира машините, а исто така ќе го презема отпадот и ќе врши едукација на учениците за правилна селекција и рециклирање на отпадот. Целосната вредност на проектот изнесува 6.712.725 денари со ддв. Општина Карпош би го кофинансирала проектот со 1.200.000 денари, а МЖСПП треба да ги обезбеди останатите средства во висина од 5.512.725 денари. Поддршка од Советот доби и Одлуката за прифаќање на донација од фирмата Лапласт – М ДООЕЛ од Скопје. Станува збор за донација за опремување на детско игралиште со соодветни реквизити. Вкупната вредност на оваа донација изнесува 428.000 денари. Со истата динамика, советниците ја изгласаа Одлуката за прифаќање на донација од Здружението на граѓани за унапредувањена екстремните спортови ,,ЕКСТРИМ СПОРТС СКОПЈЕ“. Во случајов, донацијата ќе биде наменета за демонтирање на руинираните дрвени елементи и ревитализација на скејт - паркот во Општина Карпош, со долготрајни елементи од полиран бетон. Вкупната вредност на оваа донацијата изнесува 74.000 денари. Во рамки на денешната седница беше прифатена и разгледувана дополнителна точка која се најде на дневениот ред. Поточно, советниците ја изгласаа Одлуката за доделување на еднократен паричен надоместок за вработените во општинската администрација на Општина Карпош, за нивниот ангажман во теренското расчистување и отстранувањето на последиците предизвикани од невремето, што се случи на 21 јули 2026 година, на територија на локалната самоуправа. Мнозинството советници ја изгласаа Одлуката за давање на согласност за користење на името „КАРПОШ“, во постапка за основање на правен субјект. Станува збор за називот на фирмата за сервис, ремонт и монтажа на лифтови, ДАКА КАРПОШ МСС ДОО Скопје. Поддршка од Советот доби и Предлог – Решението за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2027 година, во Општина Карпош. Изгласано беше и Предлог – Решението за изменување и дополнување на Решението за именување на член во училишниот одбор на општинското основно училиште „Петар Поп Арсов“. Советниците обезбедија потребно мнозинство и за Предлог – Решението, за давање согласност на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места, во детската градинка „Мајски Цвет“. Усвоени беа Годишните Извештаи за работата на сите општински детски градинки на територија на Карпош за 2025/2026 година. Оттука беа усвоени и Годишните Програми за работата на детските градинки за 2026/2027 година. Советниците дадоа „зелено светло“ и за Годишните Програми за работата на десетте основни училишта во Карпош за 2026/2027 година. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook