Петрова Чамова: Не постои политичка волја кај власта во скопје да почне да го спроведува договореното
2Петрова Чамова: Не постои политичка волја кај власта во скопје да почне да го спроведува договореното
МакедонијаПовеќе од 24 часа во целосен прекин сообраќајот Струга – граничен премин „Ќафасан“Повеќе од 24 часа во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – граничен премин „Ќафасан“ поради превртена цистерна на патот. Портпаролот на СВР Охрид за МИА информира дека на терен се преземаат мерки, но поради технички причини сеуште не е отстранета цистерната од коловозната лента. Патниците кон Албанија се пренасочуваат на граничниот премин Свети Наум кај Охрид или Блато кај Дебар. Тагови: Ќафасан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПочина норвешкиот крал Харалд ПеттиКралот на Норвешка, Харалд Пети, почина на 89-годишна возраст, една недела откако беше примен во болница на лекување поради ретка крвна состојба, потврди претседателската палатата.По 35 години на престолот, тој ќе остане запаметен како популарен и реформски монарх кој ја модернизираше круната и служеше како обединувачка фигура во најтешките моменти за Норвешка. Кралските набљудувачи велат дека бил приземјен, почитуван и омилен, честопати опишуван како „дедо на нацијата“ и „народен крал“, титула која му се припишуваше и на неговиот татко, кралот Олав Пети. Тој ќе биде наследен од неговиот син Хокон, кој има 53 години. Според норвешкиот уставен систем, промената на монархот настапува веднаш и нема класична церемонија на крунисување.Тагови: Норвешка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
БалканПетрова Чамова: Не постои политичка волја кај власта во скопје да почне да го спроведува договоренотоНе постои политичка волја кај власта во Скопје да почне да го спроведува договореното во европскиот компромис од 2022 г. , вели во интервју за бугарскиот дневен весник „Стандард“ министерката за надворешни работи на Бугарија Велислава Петрова Чамова.„За жал, оттогаш до денес не постои политичка волја кај власта во Скопје да почне да го спроведува договореното. Ние не поставуваме нови услови и не бараме ништо надвор од веќе договорената европска рамка. Довербата се гради кога преземените обврски се исполнуваат и кога гледаме конструктивен пристап насочен кон изнаоѓање решенија. Конфронтацијата и антибугарската реторика не ја приближуваат Македонија до Еу – тие само водат кон губење драгоцено време, вели Петрова за Стандард.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДен на рударите – МАНУ повикува на одржливо рударствоМеталите се предуслов за современите технологии, зелениот раст без пристап до суровини е неодржлив. На Македонија ѝ е потребно рударство како предуслов за остварување на зелената транзиција, истакна научниот соработник во МАНУ, Александар Дединец на настанот посветен на Денот на рударите. Дединец нагласи дека во земјава прашањето не треба да биде „за или против рударството“, туку „какво рударство сакаме“, а ваквиот пристап отвора простор за развој на проекти со современи технологии и високи еколошки стандарди, при што економските придобивки од минералните ресурси би се комбинирале со одговорност кон животната средина. Во тој контекст, тој смета дека „Иловица-Штука“ може да биде еден од проектите преку кои „ќе се тестира примената на принципите на одржливото рударство во Македонија“. „Имаме што да понудиме.. Стратегијата на МАНУ ги препознава бакарот,среброто, златото, оловото, цинкот, никелот, хромот, манганот, но и значаен број нанаметалични минерални суровини, како и јагленот и водата за пиење. Тоа е потенцијал кој не треба ниту да го преценуваме, но ниту да го игнорираме. Треба паметно да го истражиме, да знаеме со што располагаме и да знаеме под кои услови треба да се користи.“- Александар Дединец, научниот соработник во МАНУ Во земјава во моментов функционираат четири рудници за метални суровини, но само еден од нив произведува критичен и стратешки минерал – „Бучим-Боров дол“, каде се експлоатира бакарна руда. Кај новите инвестиции активен е проектот за ископ на критичен минерал – рудникот за бакар „Иловица-Штука“. Инвеститорот го најавува проектот како најголема странска гринфилд инвестиција од над 340 милиони евра само во првите две години и би можел да ја позиционира компанијата меѓу трите најголеми извозници во земјата. „Не можеме да зборуваме за идниот економски развој без да зборуваме за енергија. Не можеме да зборуваме за иднина на енергетиката без да зборуваме за климатските промени, а се повеќе станува јасно дека не можеме да зборуваме за декарбонизација и зелена транзиција без да зборуваме за минералните суровини… За да изградиме нискојаглеродна економија ќе ни бидат потребни повеќе, а не помалку од одредени минерални суровини. Нема соларни електрани без минерални суровини, нема ветерни електрани без метали, нема електрични возила, батерии, мобилни телефони и современа електроника без суровини кои некаде треба да бидат истражени, ископани, преработени и ставени во функција. - Александар Дединец, научниот соработник во МАНУ Македонија има минерални суровини и долгогодишна рударска традиција, а зелениот раст без пристап до суровини за зелените технологии е недостижен, вели научната фела. Економското влијание на рударството не завршува на портите на рудникот. Еден рудник создава работа и за транспортни компании, градежништвото, машинската индустрија, лабораториите, инженерските и проектантските компании, локалните добавувачи и голем број мали и средни претпријатија, порача Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини. Инаку, според последните податоци, во 2025 година во Македонија биле произведени 130.174 тони бакарен, оловен и цинков концентрат, а рударството учествувало со 10,9 проценти во индустриското производство и со 2,8 проценти во вкупниот извоз на државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter