Димитриеска-Кочоска: Јавните финансии стабилни, даночните приходи растат и се резултат на редовната економска активност
ВМРО-ДПМНЕ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите од август започнува програмата „Месеци на практикантство“ во општините
1Димитриеска-Кочоска: Јавните финансии стабилни, даночните приходи растат и се резултат на редовната економска активност
2ВМРО-ДПМНЕ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите од август започнува програмата „Месеци на практикантство“ во општините
3Смртоносни руски напади го погодија Киев во пресрет на патувањето на Трамп на самитот на НАТО во Турција
ТехнологијаПовеќе од 200 апликации на „Play Store“ дистрибуирале софтвер за кражба на податоциЕкспертите пронајдоа повеќе од 200 апликации за „Android“ на „Play Store“, кои дистрибуирале шпионски софтвер наречен „Facestealer“кој се користел за кражба на чувствителни податоци.Истражувачите за безбедност на „Trend Micro“ забележале над 200 апликации на „Play Store“ кои дистрибуираат шпионски софтвер „Facestealer“. Овој злонамерен софтвер се користеел за кражба на чувствителни податоци од заразени уреди. Злонамерните апликации можеле да украдат информации поврзани со личната идентификација на корисникот. Некои од злонамерните апликации, откриени од безбедносни експерти, се инсталирани повеќе од сто илјади пати. Шпионскиот софтвер „Facestealer“ првпат беше откриен во јули 2021 година. Повеќето од заразените апликации биле „VPN“ софтвер (42), апликации за камера (20) и апликации за обработка на фотографии (13). „ Facestealer апликациите се маскирани како едноставни алатки - како што се „VPN“, камери или апликации за уредување фотографии и фитнес апликации - што ги прави примамливи за оние што користат ваков тип на апликации“, истакнуваат од компанијата „Trend Micro“. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20Сончево и ветровите со температура до 33 степени09:01
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Јавните финансии стабилни, даночните приходи растат и се резултат на редовната економска активностМинистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето на ребалансот на Буџетот за 2026 година во комисиската расправа во Собранието оцени дека јавните финансии се стабилни.Во првата половина од годината, односно во периодот јануари-јуни, вкупните приходи во Буџетот се реализирани во износ од 170 (поточно 169,9 па ги заокружив) милијарди денари што е раст за 8,6% во споредба со истиот период од претходната година и има реализација на планот од над 45%. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето на ребалансот на Буџетот за 2026 година во комисиската расправа во Собранието оцени дека јавните финансии се стабилни, приходната страна се реализира согласно очекувањата, а расходите се насочени кон исполнување на законските обврски и реализација на приоритетните развојни политики. „Особено е значајно што најголемиот дел од приходите доаѓаат од редовната економска активност. Даночните приходи достигнаа 96,7 милијарди денари, при што приходите од данокот на додадена вредност изнесуваат 43,3 милијарди денари и учествуваат со околу 44,7% во вкупните даночни приходи. Приходите од данок на личен доход достигнаа 17,5 милијарди денари, приходите од данокот на добивка 13,8 милијарди денари, а по основ на акцизи се реализирани 13,9 милијарди денари“, наведе министерката. Податоците покажуваат раст на приходите од данокот на личен доход за 11,7%, данокот на добивка за 14,5%, данокот на додадена вредност 16,4% и раст од 8,3% кај увозните давачки бележат раст. Според министерката ова е директна потврда дека економската активност продолжува, дека компаниите работат, дека платите растат и дека институциите успешно ја реализираат политиката на подобра наплата и намалување на сивата економија. Социјалните придонеси во овој период од шест месеци, а како најзначаен извор за финансирање на пензискиот и здравствениот систем, достигнаа 58,8 милијарди денари, што претставува раст за 7,5% во споредба со истиот период минатата година. На расходната страна на Буџетот, која е реализирана во износ од 205,9 милијарди денари е во насока на исполнување на законските обврски кон граѓаните. Во првата половина од 2026 година се исполнети обврските кон стопанството, односно извршен е поврат на средства по основ на солидарниот данок во висина од 1,2 милијарди денари. За исплата на пензии се издвоени 58,1 милијарди денари и е обезбедена редовна исплата на пензиите за сите пензионери. За финансирање на здравствениот систем се реализирани 25,5 милијарди денари, а за социјална заштита на најранливите категории на граѓани се исплатени 7,6 милијарди денари. Кон општините се трансферирани 15,1 милијарди денари блок-дотации за образование, детска заштита, култура, противпожарна заштита и останатите пренесени надлежности, како и дополнителни 2,4 милијарди денари средства од данокот на додадена вредност. Истовремено, во првата поволина од годината државата дисциплинирано ги сервисираше сите обврски кон домашните и странските кредитори. За камати се исплатени 12 милијарди денари, додека за отплата на главнина по основ на домашен и надворешен долг се сервисирани 60,7 милијарди денари. Според министерката, како што наведе во експозето, ова е исклучително важно, бидејќи финансиската дисциплина и навременото сервисирање на долгот се предуслов за зачувување на довербата на инвеститорите, меѓународните финансиски институции и кредитните агенции. Таа потенцира дека на расходната страна, политиката останува непроменета – навремена исплата на сите законски обврски, дисциплинирано управување со јавните средства и приоритетно финансирање на развојните политики. Министерката истакна дека она што претставува најсилен показател за развојната политика на Владата е реализацијата на капиталните расходи којашто во првата половина од годината достигна 19,4 милијарди денари, што претставува раст од 53,5 проценти во однос на истиот период минатата година. Тоа, смета министерката, значи дека државата инвестира повеќе во патишта, железници, комунална инфраструктура, училишта, градинки, здравствени установи, водоводи, канализации, енергетски проекти и локален развој. За изградбата на Коридорите 8 и 10-д до крајот на мај се реализирани 6,3 милијарди денари, а дополнително, за инфраструктурните проекти во општините се реализирани 2,1 милијарди денари.Тагови: Гордана Димитриеска-Кочоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20Сончево и ветровите со температура до 33 степени09:01
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Ригатони тестениниВо понеделник (29.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Мите Стоилков.Состојки за денешниот рецепт: 1 пакување Ригатони тестенини 1 коцка путер 3 чешниња лук 1 црвен кромид 150 гр. печурки 50 мл. бело вино 200 мл. солена павлака за готвење 150 гр. кашкавал 150 гр. панчета или сланина половина китка магдонос масло сол бибер и др. зачини Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаИзненадување од „Apple“: Еве што ќе биде поевтиноСе вели дека „Apple“ планира да претстави неколку нови модели на „iPad Pro“ и нов „MacBook Pro“ во првата половина од следната година.Компанијата моментално работи на четири модели на новиот таблет со побрзи чипови, објави „Bloomberg“. Исто така, развива нов „MacBook Pro“ „од почетно ниво“, кој интерно го носи кодното име „K104“, објави медиумот. Компанијата, исто така, го таргетира истиот период за лансирање на својот прв „M7“ процесор. Овие очигледни планови за производи доаѓаат среде гласини за други претстојни изданија (вклучувајќи, можеби, преклоплив телефон), додека компанијата се подготвува за ерата по Тим Кук, а истовремено се бори со проблеми со синџирот на снабдување за кои Кук вели дека ги принудиле да ги зголемат цените. Зголемувањата на цените се значајни во некои случаи. На пример, „MacBook Pro“ од 1TB неодамна скокна од 1.699 долари на 1.999 долари. Значи, ако компанијата работи на попристапни лаптопи и таблети, ова би било вистинско време да ги претстави. Извор: Б92Тагови: Apple Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter