МакедонијаПоведена постапка за случај на семејно насилство во СкопјеЈавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.- При вршење семејно насилство осомничениот 41-годишник телесно ја повредил неговата сопруга. Најпрво, во алкохолизирана состојба, ја натерал веднаш да одат и од банкомат да извадат пари од нејзината плата за да купи дрога. Оштетената го послушала, но враќајќи се назад кон нивниот дом, тој започнал вербална расправија, го запрел возилото и и кажал да излезе. Откако излегла, започнал да го врти возилото со намера да ја удри. Бидејќи не успеал, го запрел возилото, тргнал кон оштетената по што и го одзел мобилниот телефон за да провери со кого разговарала. Во еден момент и физички ја нападнал, удирајќи и шлаканица и нанесувајќи и удари во пределот на лицето и вратот, од кои удари оштетената се здобила со телесни повреди изразени во вид на нагмечувања на лицето, на вратот и на раката, соопшти ОЈО Скопје. Ценејќи ги сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка предложи да определи мерка на претпазливост – забрана за осомничениот да се приближува или воспоставува, односно одржува контакти или врски со жртвата.Тагови: семејно насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМакедонија падна две места на новата ФИФА листаНајдобрата фудбалска репрезентација на Македонија по ремито на пораз на последните две пријателски средби забележа пад на листата на ФИФА на најдобри светски селекции. По ремито со Босна и Херцеговина во Сараево и високиот пораз на гостувањето кај Турција, македонската фудбалска репрезентација направи пад за две места на најновата ФИФА листа. Македонија сега се најде на 69. место на светската ранг-листа на најдобри фудбалски репрезентации so 1369.16 поени. Пред нас се најдоа Зеленортските острови, како и Обединетите Арапски Емирати, а и Босна и Хрецеговина напредуваше до 64. место.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: ЕУ, Кошта и Вајц го потврдија СДСМ, сите лаги на Мицкоски се разобличениОд највисоко европско ниво пристигнаа јасни и недвосмислени потврди за сето она што СДСМ го говори со месеци наназад – сите лаги на Мицкоски се разобличени.Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, јасно порача дека уставните измени се единствениот услов за формално отворање на преговорите со Европската Унија. Лагите со кои Мицкоски ги манипулираше граѓаните се потопени. Во исто време, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го усвои извештајот на Томас Вајц за Македонија, во кој се констатира недоволен напредок во реформите, особено во владеењето на правото, правосудството и борбата против корупцијата. Ова е директна потврда дека Владата на Мицкоски не спроведува реформи. Наместо независни институции, сведочиме на политички притисоци врз правосудството, јавно мешање во работата на обвинителството и обиди за партиска контрола врз институциите. Извештајот на Вајц дополнително предупредува и на странско непријателско влијание и кампањи за дезинформации кои ја поткопуваат демократијата. Тоа е уште една потврда за она на што СДСМ предупредува со месеци – дека антиевропските наративи, дезинформациите и евроскептицизмот не се случајни, туку дел од организирана кампања по примерот на Вучиќ и сестринската партија на ВМРО-СНС. Додека Мицкоски и неговата пропагандна машинерија шират стравови и лаги за наводно загрозување на идентитетот, јазикот и културата, вистинската цел е да се задржи државата во изолација и да се спречи европската интеграција. Лажниот патриотизам служи само како параван за неспособноста, корупцијата и отсуството на реформи. Наместо напредок кон Европа, Македонија е заглавена со кримимална група на власт. Денес е кристално јасно: со Христијан Мицкоски и ВМРО нема Европа, нема реформи и нема подобар животен стандард. Дури и во последниот заеднички документ (position paper) на владите на Берлин и на Париз се Копенхашките критериуми. Значи без реформи и исполнување на единствениот услов за внесување на малцинствата во уставот нема продолжување на преговорите со ЕУ. Уште една потврда на тоа што го говори СДСМ. Затоа, реформи сега. Европа сега. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео: Пожарот предизвикал огромна штета на најголемиот и најновиот американски носач на авиониВидеата открија сè: Делови целосно уништени ....Ексклузивни снимки добиени од CNN покажуваат обемна штета на најголемиот и најновиот американски носач на авиони, USS Gerald R. Ford, откако избувнал пожар на бродот. Според извори, инцидентот се случил поради дефект на системот за гаснење пожар на бродот, објавува CNN. Кога во март избувна пожар на најголемиот воен брод во светот, среде воените операции против Иран, американската морнарица ја увери јавноста со кратко соопштение. Таа тврдеше дека пожарот бил брзо „локализиран“, дека двајца морнари биле згрижени за „повреди кои не се опасни по живот“ и дека масивниот носач на авиони останал „целосно оперативен“. Сепак, нови видео снимки до кои дојде Си-Ен-Ен откриваат дека драмата во Црвеното Море била многу поопасна, а штетата многу поголема отколку што Пентагон сакал да признае. Снимките од внатрешноста на бродот покажуваат дека кабините каде што спиеле морнарите биле целосно уништени. Од креветот останале само изгорените, извиткани метални решетки под таванот, кој буквално бил проголтан од елементот на оган. Од таванот висат оголени жици, а подовите на спалните соби се покриени со купишта пепел. „Сериозно мислев дека ќе го изгубиме бродот“, изјави за Си-Ен-Ен еден морнар од „УСС Џералд Р. Форд“, опишувајќи го пеколот низ кој поминале додека се бореле со пожарот. „Во таква ситуација имате само два избора - борете се или умрете“. За да биде уште полошо, вградениот систем за автоматско гаснење пожар воопшто не работел, па морнарите морале френетично да импровизираат сами за да спасат животи и да спречат потонување, потврди за Си-Ен-Ен висок американски функционер запознаен со инцидентот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook