3Николоски на средба со Абдула Ал Себуси: Постои огромен потенцијал за унапредување на соработката со ОАЕ во авиосообраќајот,..
Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
2Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
ФудбалПотврдено Луис Суарез нов член на Атлетико МадридПопуларниот „Ел Пистолеро“ Луис Суарез испали точно на полноќ.Точно на полноќ е потврдено заминувањето на извонредниот уругвајски напаѓач Луис Суарез од Барселона во Атлетико Мадрид. По цели 6 години деветката на Уругвај ја напушти Каталонија и Барселона и се пресели во Мадрид во редовите на црвено белите. Вчера Суарез официјално го раскина договорот со Барселона поо што како слободен фудбалер пристигнува на „Ванда Метрополитано“. Сепак популарниот „јорганџии“ од Мадрид се согласиле на Барса како обештетување да и исплатат 6 милиони евра, поради одредени бонуси и варијабли, бидејќи сепак Суарез имал уште една година договор со тимот од Ноу Камп. Искусниот Уругваец во Атлетико мадрид ќе игра за годишна плата од 9 милиони евра. Највлијателниот каталонски спортски весник „Мундо депортиво“ на Луис Суарез поради транферот во мадрид му ја посвети насловната страница со наслов „Збогум убиецу“ . Фанастичниот Суарез всушност е „вистински убиец на голманите“ , како напаѓач на Барса за 6 години постигна 198 голови на 283 средби со што е третиот најдобар стрелец во историјата на каталонскиот гигант.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР: Расчистен случајот со објавеното видео со палење на македонското знаме на Тик-токПолицијата го расчисти случајот поврзан со видео објавено на социјалната мрежа „Тикток“, на која се гледа палење на македонското знаме, .Полицијата го расчисти случајот поврзан со видео објавено на социјалната мрежа „Тикток“, на која се гледа палење на македонското знаме, со што е сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, верска и друга дискриминаторска основа“.. Станува збор за малолетно лице под 14-годишна возраст од Тетово кој го објавил овој чин на својот профил. Со согласност на родителот, за потребите на постапката и фотодокументирањето на доказите, обезбеден е мобилниот телефон од кој било поставено видеото.. Во просториите на полицијата, во присуство на родител и претставници од Центарот за социјална работа Тетово, со малолетникот е извршен службен разговор, при што тој го признал делото, а во текот на службениот разговор, малолетникот посочил уште три малолетни лица кои учествувале во настанот. Тие дополнително ќе бидат повикани во полициска станица за целосно расчистување на случајот.. По целосното документирање на предметот, до надлежното Основно јавно обвинителство Тетово ќе биде поднесен соодветен поднесок.. , информираат од МВР..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
Македонија„Платформата“ со конкретен план за суштински реформи во СДСМПлатформата, составена од поранешни и сегашни челници на СДСМ, следните денови ќе излезе со конкретен предлог за суштински реформи во СДСМ.На денешниот брифинг со новинарите објаснија дека планот прво ќе СДСМ му го презентираат на претседателот на партијата, Венко Филипче. Поводот е тоа што, според нив, опозициската партија не успева да дејствува обединувачки кон граѓаните кои се антивладино расположени. дополнително, не се задоволни од моменталниот рејтинг на партијата и сметаат дека ваквиот СДСМ, ако излезе на избори, ќе доживее катастрофален пораз кој може трајно да ѝ наштети на партијата и да ја спушти под егзистенцијалниот минимум. Од Платформата исто така сметаат дека владата на ВМРО-ДПМНЕ покажува едни од најслабите перформанси на една владеачка гарнитура во изминативе 35 години, без да направи прогрес на ниту едно поле. Според нив, за да може да се настапи против таквите политики на владеачката партија, потребна е силна опозиција која ќе формира и поширок опозициски фронт. Според најавите, во текот на викендот ќе објават повеќе детали околу конкретните чекори. Според Филипче постојат сомнежи дека тие луѓе се платени од власта за да ја раситнат опозицијата и уште еднаш ги повика ако сакаат да помогнат во опозициската битка дебатата да ја водат во рамките на партијата, а не со платформи надвор од неа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалКлоп воведува ред и радикални промени во редовите на „Панцерите“Железната дисциплина на новиот селектор: Клоп воведува ред и радикални промени во редовите на „Панцерите“.Според медиумските извештаи, трофејниот Јирген Клоп, новиот селектор на германската фудбалска репрезентација, по преземањето на функцијата одлучил да воведе правила поврзани со дисциплината. „Билд“ пишува дека германскиот стручњак вовел строги правила, меѓу кои и забрана за користење мобилни телефони пред натпреварите, со цел играчите да останат фокусирани на теренот. Покрај тоа, сите играчи, без исклучок, мора заеднички и навреме да присуствуваат на тимските вечери. Играчите нема да можат да повикуваат фризери во хотелот, туку сите репрезентативци се должни да ги завршат тие обврски пред да се приклучат на националниот тим. За време на големите турнири, посетите од семејството ќе бидат строго ограничени и ќе се дозволуваат само во посебни случаи. Овие правила ќе стават крај на малку поопуштената атмосфера што владееше додека Јулијан Нагелсман беше селектор на „Панцерите“. Клоп сака германската репрезентација да биде целосно затворена за јавноста додека тимот е на собир. Се чини дека експертот за освојување трофеи смета оти токму недостатокот на дисциплина бил проблемот со кој се соочувале Германците во претходниот период, кога бележеле слаби резултати. Останува да се види како играчите ќе реагираат на строгите правила и дали тие ќе вродат со плод. По преземањето на тренерската функција, Клоп изјави дека сака повторно да го направи настапот за националниот тим посебен и дека неговата задача е јасна: да ја врати Германија на врвот на светскиот фудбал. Германските фудбалери ќе го одиграат својот прв натпревар во новата сезона во Лига на нации вечерва на гостински терен против Холандија, додека три дена подоцна ќе ја пречекаат Грција. Потоа, за 1 октомври е закажан натпревар против Србија во Минхен, по што тимот на Клоп ќе гостува во Грција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00