Потврден случај на маларија во Македонија - Канал 5

Потврден случај на маларија во Македонија

Бил на егзотично патување во Занзибар и на тура во Танзанија, се вратил во Македонија со маларија. 

Потврден случај на маларија во Македонија

Триесетгодишникот е хоспитализиран на Инфективна и прима соодветна терапија, со симптоми на грозница и треска уште вчера побарал медицинска помош, сега е стабилен, потврдува Директорот на Клиниката Д-р Фадил Цана. Со него на одмор била и неговата сопруга но засега таа нема симтоми, а важно е да се потенцира дека маларијата не се пренесува од човек на човек, туку преку убод од заразен комарец, навременото препознавање и лекување се клучни и нема простор за паника, вели Д-р Цана.

Овој случај доаѓа само по неколку дена откако кај двајца пациенти беше потврдена западнонилска треска кои се уште се на Инфективна, но лекарите оценуваат дека се во добра состојба иако остануваат на болничко лекување. Иако и двете заболувања се поврзани со комарци, станува збор за различни инфекции со различен начин на ширење.

Епидемиолозите апелираат граѓаните кои се враќаат од тропски земји и имаат висока температура, треска, малаксаност или други симптоми веднаш да побараат лекарска помош и да информираат каде патувале. Најдобрата заштита е превенцијата – користење средства против комарци, носење облека со долги ракави и, по препорака на лекар, превентивна антималарична терапија пред патување во ендемски подрачја.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е насилник од Скопје, баран по потерница

Лишено од слобода лице барано со потерница за сторени кривични дела изнуда и насилство .

Уапсен е насилник од Скопје, баран по потерница

Денеска (27.09.2026) во 9:30 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка во координација со Единицата за интервента полиција при СВР Скопје во дворот на негововиот дом го лишија од слобода Ц.А.(26) баран по централна потерница од 06.08.2026 од Основен Суд Скопје-1 по член 258 ст.1 вв член 22 изречена мерка притвор и централен распис од 17.04.2026 од СВР Скопје за сторено кривично дело по член 386 ст.6.

Од страна на Единицата за интервента полиција при СВР Скопје Ц.А. е предаден во Полициска станица Гази Баба за понатамошна постака, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тело на мртов човек е пронајдено покрај оградата на здравствената установа во Бардовци

Вчера попладне било пронајдено тело на мртов човек во близина на здравствена установа во Бардовци.

Тело на мртов човек е пронајдено покрај оградата на  здравствената установа во Бардовци

„На 26.09.2026 во 16:00 часот во Полициската станица Карпош е пријавено дека во канал во близина на ограда од јавна здравствена установа во Бардовци бил пронајден човечки леш. Увид извршила екипа на СВР Скопје, а лешот е подигнат и даден на обдукција.“, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никола Јокиќ добива најголем договор во историјата на НБА?

Никола Јокиќ би можел да го потпише најголемиот договор во историјата на НБА следното лето.

Никола Јокиќ добива најголем договор во историјата на НБА?

Имено, доколку остане со Денвер Нагетс, според сегашните проекции, српскиот центар би можел да добие околу 360 милиони долари во текот на пет години. Сепак, Кевин О'Конор го предупредува тимот на Колорадо дека неговиот престој не треба да се зема здраво за готово!

Трократниот МВП на НБА не потпиша продолжување на договорот, а зад тоа стои идејата дека ќе добие историска плата следната сезона. Сето ова е наведено ако остане во Денвер. Јокиќ можеше да потпише минимум четири години оваа година и да добие бројка од 278 милиони долари, но - реши да почека.

- Мојата идеја е да потпишам следното лето и да останам во Денвер до крајот на кариерата - изјави Јокиќ ова лето.

Сепак, засега сè се базира на шпекулации, но треба да очекуваме Никола Јокиќ да остане во Денвер до крајот на својата НБА кариера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер