Потрошувачките кредити најбарани од граѓаните, брзината и каматите најважен критериум при изборот на банката - Канал 5

Потрошувачките кредити најбарани од граѓаните, брзината и каматите најважен критериум при изборот на банката

Брзото одобрување на средствата и каматната стапка се најважните услови за граѓаните при изборот од каде ќе земат кредит кога им се неопходни средства.

Потрошувачките кредити најбарани од граѓаните, брзината и каматите најважен критериум при изборот на банката

Меѓу важните критериуми ги наведуваат и тоа дали им треба жирант, колку вкупно ќе вратат, а кај некои само колку ќе биде ратата за кредитот. На располагање им се различни понуди од банките, кои истакнуваат дека секогаш сакаат да излезат во пресрет на барањата на потрошувачите.

Потрошувачките кредити се најбараните во банките. Податоците на Народната банка покажуваат дека заклучно со 30 јуни 2019 година се издадени потрошувачки кредити во износ од 89.389 милиони денари, каматната стапка кај денарските кредити со девизна клаузула се движи од 3,30 до 6,17 отсто, а кај кредитите без девизна клаузула од 5,09 до 6,91 отсто. Кај потрошувачките кредити во евра се движи од 4,03 до 5,84 отсто, а просечната е 5,46 отсто. Просечната каматна стапка кај сите кредити изнесува 5,84 отсто.

Од Халк банк на потрошувачите им порачуваат дека кога се одлучуваат за потрошувачки кредит треба да внимаваат на каматната стапка, рокот на отплата, начинот на аплицирање и дополнителните трошоци, а порачуваат да се гледаат предностите на понудата и да се искористат промотивните периоди.

Пари секогаш се потребни, велат од банките, дали за обнова на дотраен апарат во домаќинството, за нов мебел, нов компјутер, за студии за децата, за патување, убав одмор.

– Желби и потреби секогаш има многу, а заштедени средства најчесто недоволно за нивно задоволување. Во ваква ситуација решение кое стои на располгање е позајмување средства од банка преку подигнување потрошувачки кредит, посочуваат од банката.

Висината на каматата е важна бидејќи од неа зависи ратата. Колку е помала каматната стапка, толку е поголема и заинтересираноста на потрошувачите за одреден вид кредит, наведуваат од Халк банк, посочувајќи на нивната понуда за Релакс потрошувачкиот ненаменски кредит со животно осигурување каде што каматата за првите две години е фиксна и изнесува пет отсто. А дополнително до 15 декември се намалени и дополнителните трошоци.

Им посочуваат на потрошувачите дека и рокот на отплата исто така е важен, бидејќи кусиот временски период на отплата носи повисока рата за кредитот и помалку средства за тековните потреби.

– Рокот на отплата на кредитот е важен особено при подигнување кредит со поголем износ. Токму затоа од Халк банк велат дека нивниот кредит нуди отплата на период до 120 месеци за износ до 1.200.000 денари.

Со дигитализацијата на процесите на граѓаните им е важно да може да аплицираат електронски, да не мора да одат и да губат време во банките, туку тоа да го направат од компјутер, лаптоп… Преку веб-страниците на банките може да се направи и пресметка за висината на ратата.

Од Халк банк велат дека она на што потрошувачите не обрнуваат многу внимание е висината на дополнителните трошоци, како што се за обработка на договорот.

Она што се порачува до граѓаните е да ги користат промотивните периоди во кои може да има намалени каматни стапки, да не се наплати надомест при предвремена отплата, да не се наплати провизија за обработка на кредитот и слично.

Од Охридска банка наведуваат дека континуирано работат на овозможување одлично корисничко искуство со креирање понуди што одговараат на специфичните потреби на клиентите и дека во таа насока нудат два типа потрошувачки кредит во зависност од износот. Така промотивно преку Лесен кеш кредит до крајот на годината каматната стапка е 5,1 отсто за првата година. Износот е до 1.200.000 денари и максимален рок на отплата од 95 месеци.

Од банката потенцираат дека и во иднина ќе продолжат со работа на подигнување одлични понуди кои ќе поддржат идеи, замисли и лесно остварување на желбите на клиентите.

Граѓаните оценуваат дека може лесно да се дојде до потребните средства, но оти при изборот и кога им требаат пари најчесто прва станица каде што ќе се обратат е во банката во која земаат плата./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)

Дражавјанинот на Хондурас, Рони Александар Гомез-Алберто, кој двапати бил депортиран од Соединетите Американски Држави, бил уапсен откако наводно се обидел да влезе во пилотската кабина на авион на „Јунајтед ерлајнс“ и тврдел дека има бомба. 

Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)

Инцидентот се случил во понеделник вечерта за време на летот од Њуарк до Њу Орлеанс, а неговото однесување ги натерало пилотите да издадат предупредување за киднапирање, објави „Фокс њуз“.

Летот 2174 безбедно слета на меѓународниот аеродром „Луис Армстронг“ во Њу Орлеанс, каде што го пречекала полицијата. Гомез-Алберто подоцна бил уапсен, а Министерството за внатрешна безбедност на САД потврдило дека е обвинет за обид за влегување во пилотската кабина.

Според одделот, Службата за имиграција и царинска контрола (ICE) поднела барање за негово притворање по неговото апсење.

„На 10 ноември 2026 година, ICE поднела барање за притворање на Рони Александар Гомез-Алберто, државјанин на Хондурас кој нелегално е присутен во Соединетите Американски Држави, откако се обидел да влезе во пилотската кабина за време на летот“, изјавил портпарол на Министерството за внатрешна безбедност за „Фокс њуз“.

Според американските власти, Гомез-Алберто првпат бил уапсен во септември 2011 година откако нелегално ја преминал границата во близина на Ел Индио, Тексас. Тој бил повторно уапсен во октомври 2014 година, во близина на Колумбус, Ново Мексико. По двете апсења, тој бил депортиран од Соединетите Американски Држави.

Тој повторно бил уапсен од страна на Граничната патрола во 2019 година откако се обидел нелегално да влезе во земјата во близина на Сан Исидро, Калифорнија. Сепак, тој бил ослободен од притвор во јануари 2020 година откако судија за имиграција наредил негово ослободување во исчекување на постапката за депортација.

Локалните медиуми, повикувајќи се на Канцеларијата на шерифот на округот Џеферсон, објавија дека осомничениот е обвинет и за пренесување лажни информации за планирано палење и терористичка закана, како и за нарушување на јавниот ред.

Министерството за внатрешна безбедност конкретно изјави дека тој упатил закана со бомба за време на летот, што предизвикало тревога кај екипажот и патниците.

Јунајтед ерлајнс потврди дека авионот слета безбедно и дека полициските сили го пречекале авионот по пристигнувањето.

„Летот 2174 на „Јунајтед“ од Њуарк до Њу Орлеанс слета безбедно по инцидент во кој беше вклучен еден патник. Полицијата го пречека авионот по пристигнувањето“, соопшти компанијата.

Авионот „Боинг 737 MAX 9“ превезуваше 46 патници и шест члена на екипажот.

Портпаролот на Министерството за внатрешна безбедност изјави дека властите ќе продолжат да преземаат мерки против лицата кои се нелегално во Соединетите Држави и кои вршат кривични дела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена е прегазена за време на кражба на автомобил- разбојникот ја остави во критична состојба (ВИДЕО)

Неидентификувана жена е сериозно повредена кога разбојник ја прегазил за време на кражба на автомобил во вторник наутро (10 ноември) во населбата Бара Фунда, во западниот дел на Сао Паоло. 

Жена е прегазена за време на кражба на автомобил- разбојникот ја остави во критична состојба (ВИДЕО)

Таа претрпела тешка трауматска повреда на мозокот, морала да биде интубирана и била однесена во болницата Санта Каса.

Безбедносна камера го снимила моментот кога осомничениот разбојник се приближил до жртвата, ја презел контролата врз автомобилот и ја прегазил додека бегал, објави „Глобо“.

Злосторството се случило на улицата Хозе Крис, во близина на плоштадот Паскоал Мартинс и авенијата Маркес де Сао Висенте. Воената полиција била повикана околу 6:35 часот наутро.

Видеото го прикажува разбојникот како се приближува до жената, која штотуку излегла од аптека и влегувала во својот автомобил.

Осомничениот ја преминува улицата и се крие зад дрвја, чекајќи жената да влезе во возилото. Потоа ѝ се приближува и седнува на задното седиште.

Кога го забележува нападот, жената излегува од возилото. Разбојникот потоа седнува на возачкото седиште, но жртвата се обидува да го спречи грабежот. Следува физичка пресметка, при што мажот ја турка. Таа паѓа и ја удира со главата на земја. Потоа крадецот го става автомобилот во рикверц и ја удира со својот автомобил.

Луѓето на блискиот паркинг се обидуваат да го спречат да избега, викајќи му да застане, но осомничениот успева да избега со автомобилот.

Вработен на паркингот, кој бил сведок на инцидентот, рекол дека жената се обидела да ја зграби вратата од автомобилот за да го спречи крадецот да избега.

„Таа се обидела да ја повлече вратата, но тој успеал да се врати во рикверц токму кога таа ја зграбила. Потоа била фрлена назад со сета сила, ја удрила главата и ја изгубила свеста“, рекол сведокот.

Според него, луѓето на местото на настанот истрчале за да го спречат возачот да ја прегази жената.

„Трчавме за да не ја прегази. Малку забавил, потоа малку забрзал и скршнал, но и покрај тоа, гумата сепак ја зафатила главата. Потоа продолжил да вози“, рекол сведокот.

Жената била однесена во болница со тешка трауматска повреда на мозокот и крварење од увото. Таа мораше да биде интубирана пред да биде префрлена во болницата Санта Каса во Сао Паоло.

До последното ажурирање, немаше информации за тоа каде се наоѓа крадецот и украдениот автомобил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хали Бери повторно на суд со поранешниот сопруг- бара да му ја зголеми алиментацијата (ФОТО)

Францускиот актер Оливие Мартинез (60) побара зголемување на алиментацијата што неговата поранешна сопруга, холивудската ѕвезда Хали Бери (60), ја плаќа за нивниот 13-годишен син Мејс. 

Хали Бери повторно на суд со поранешниот сопруг- бара да му ја зголеми алиментацијата (ФОТО)

Тој го поднесе новото барање откако судот пресуди дека привремениот договор за старателство, според кој момчето го поминува поголемиот дел од времето со својот татко, ќе остане на сила најмалку до 17 декември.

Тој тврди дека Бери поминува само 18 проценти од своето време со својот син

Според судските документи добиени од списанието „Пипл“, Бери моментално плаќа околу 8.000 долари месечно за алиментација. Таа сума е утврдена во август 2023 година, кога нивниот развод официјално беше финализиран. Покрај тоа, актерката е должна да издвои дополнителни 4,3 проценти од годишниот приход што надминува два милиони долари.

Мартинез сега верува дека износот на алиментацијата треба да се зголеми бидејќи околностите врз основа на кои првично беше утврдена значително се промениле.

Имено, претходниот договор се базирал на претпоставката дека двајцата родители ќе поминуваат приближно исто време со својот син. Но, францускиот актер тврди дека Бери сега поминува само околу 18 проценти од своето време со момчето, додека Масео е претежно со него.

Затоа тој бара од својата поранешна сопруга да му достави на судот ажурирани информации за неговите приходи, за да може да се утврди нов, според него, посоодветен износ на алиментација.

Во судскиот поднесок, тој истакнува дека издршката за дете треба да го одразува и животниот стандард на родителите, особено кога постои голема разлика во приходите меѓу нив. „Кога родителот што плаќа алиментација живее на значително повисоко ниво од родителот со кого живее детето, износот на издршката за дете треба барем донекаде да го одразува тој животен стандард“, се наведува во поднесокот.

Адвокатот на Мартинез, Патрик Багдасерианс, потврди за „Пипл“ дека неговиот клиент има примарно старателство над својот син од почетокот на октомври 2026 година. „Г-дин Мартинез има примарно старателство над малолетното дете од почетокот на октомври. Нашето барање делумно произлегува од неговата желба да му обезбеди најдобра можна грижа на својот син“, рече адвокатот.

Тој исто така бара 240.000 долари од својата поранешна сопруга за судски трошоци

Зголемувањето на алиментацијата не е единственото финансиско барање што Мартинез го упатил до својата поранешна сопруга. Само една недела претходно, тој побарал од Бери да му плати 240.000 долари за судски трошоци.

Во судскиот поднесок, тој навел дека повеќе нема доволно пари за да ги покрие постојано растечките судски трошоци и предупредил на значителна разлика помеѓу нивните финансиски можности.

Од вкупниот износ што го бара, 176.522,58 долари се однесуваат на неплатени правни услуги, додека преостанатите 63.477,42 долари се наменети за трошоци што се очекуваат за време на продолжувањето на судската постапка.

Битката за старателство беше обележана со сериозни обвинувања

Новите финансиски барања доаѓаат во услови на сè понапната правна битка меѓу поранешните сопружници. Да потсетиме дека Хали Бери неодамна претрпе сериозен удар во битката за старателството над својот син откако судот одлучи дека 13-годишниот Масео ќе живее со својот татко поголемиот дел од времето.

Според таа одлука, на момчето дури и не му е дозволено да преноќи со мајка си. Во исто време, судот ја отповика претходно издадената забрана за приближување против Мартинез, поврзана со обвинувањата за семејно насилство.

Конфликтот дополнително ескалираше откако Мартинез изнесе сериозни обвинувања против неговата поранешна сопруга, тврдејќи дека таа го задавила нивниот син во еден инцидент. Бери категорично ги отфрли тие обвинувања.

Колку сериозен станал спорот покажува фактот дека судот одлучил самиот Мејс да го сослуша. Момчето сведочеше на затворено рочиште, без присуство на неговите родители, на кои им беше наредено да ја напуштат судницата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер