Ѓорѓиевски: Младите заслужуваат свој дом - ослободување од комуналии за млади брачни парови до 40 години
Герасимовски: Општина Центар со низа активности за превенција од булингот, врсничкото насилство мора навреме да се препознае и спречи
1Ѓорѓиевски: Младите заслужуваат свој дом - ослободување од комуналии за млади брачни парови до 40 години
2Герасимовски: Општина Центар со низа активности за превенција од булингот, врсничкото насилство мора навреме да се препознае и спречи
Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
1Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
ЗабаваПотрошила 135.000 долари на операции , пет пати ги зголемила градите (ФОТО)Австралиска медицинска сестра која потрошила 135.000 долари на зголемување на градите и други козметички процедури ја брани својата крајна трансформација и покрај бројните критики.Тара Џејн Меконахи од Мелбурн го обиколила светот за естетска хирургија. Ги зголемила градите пет пати, го поправила носот, вградила импланти во задникот, ботокс... View this post on Instagram There are 2 things I can’t live without. One I won’t disclose 🙊, the other is Plastic surgery 👄💉🏥 A post shared by Tara Jayne (@tara_jayn3) on Aug 13, 2020 at 1:15am PDT 31-годишната медицинска сестра вели дека го обожава својот изглед на пластична кукла, и е задоволна што споделува фотографии со нејзините повеќе од 85.000 следбеници на Инстаграм. View this post on Instagram Stay private Keep them guessing 👸🏾 A post shared by Tara Jayne (@tara_jayn3) on Jul 10, 2020 at 10:36pm PDT Таа е особено горда на своите дебели усни, за кои вели дека не знае ниту колку вбризгувала во нив. Но, нејзиниот изглед не го сака секој. Иако фановите ја опсипуваат со комплименти и ја нарекуваат гламурозна секс кукла, за други нејзиниот изглед е застрашувачки. Но, таа не обрнува многу внимание на критиките и веќе најави нови операции. Чека само олеснување на мерките заради пандемијата на коронавирус за да може да патува во странство за поповолни операции. View this post on Instagram Meow 🐆 🐾 A post shared by Tara Jayne (@tara_jayn3) on May 16, 2020 at 5:03am PDT Таа вели дека сака да ги обои очите да и бидат уште позелени, да ги крене веѓите и размислува да ги отстрани ребрата за да има потесен струк. „Самата помисла на тоа ме возбудува“, вели таа, додавајќи дека нема ограничувања кога станува збор за пластичната хирургија. „Тие се неверојатно заразни и јас веќе сакам поголеми гради“. View this post on Instagram I must be the most annoying person to ride in a car with 🙊😂🤳🏾 A post shared by Tara Jayne (@tara_jayn3) on Jan 15, 2020 at 1:58am PST Нејзиниот начин на живот не е ефтин, па се приклучи на платформата „Само фанс“, каде веќе заработи повеќе од 10.000 долари - за само три дена. Таа додава дека во иднина има намера да посвети повеќе време на својот профил на таа страница, со оглед на тоа дека сфатила дека тоа е лесна заработка. View this post on Instagram Bikini bright & sunny to match my mood ☺️💛☀️ A post shared by Tara Jayne (@tara_jayn3) on Jan 13, 2020 at 5:26am PST Таа се појавила и во реалното шоу Botched во кое луѓето бараат помош од познати козметички хирурзи за да ја поправат операцијата што тргнала наопаку. Во коментарите на Инстаграм, таа откри и колку се сменила себе си од кога било снимено шоуто пред 18 месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизДај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље ЈагодеШто сè е подготвен да направи еден скопски „парти манијак“ за да освои девојка која повеќе верува во југословенскиот рокенрол отколку во современите љубовни тактики? Во случајот на Јанг Дади - речиси сè. Вклучително и промена на имиџот, перика, кожна јакна, прстени и обид да се совлада една стара Лада. Во оваа музичка приказна му се придружува и Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист на „Дивље Јагоде“. Резултатот е „EX YU“, неговата нова песна, направена заедно со Андреј Ник и придружена со видео приказна во која носталгијата, хуморот и рокенролот возат во ист автомобил. Буквално. Во центарот на приказната е Кики, ликот што го толкува Катарина Ивановска - паметна, самоуверена девојка со посебна фасцинација за Југославија и културата на едно време кое, очигледно, сè уште има што да понуди. Наспроти неа е Дади, човек на современиот скопски ноќен живот, кој брзо сфаќа дека неговиот вообичаен шарм нема да биде доволен. За да ја освои Кики, ќе мора да го напушти сопствениот стил и да се претвори во класичен југословенски рокер, со сериозни амбиции да наликува на легендарниот Зеле Липовача. Во песната гостува токму Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист на „Дивље Јагоде“, кој го отсвири гитарското соло, а се појавува и во видео спотот. Во меѓувреме, Дади се соочува со предизвиците на новиот рокерски идентитет - од совладување на старата Лада што не знае ни како да ја отвори, до нејзино туркање низ скопските улици, во кое Кики повторно мора да ја преземе работата во свои раце. Судирот меѓу современиот стил на Дади и југословенскиот ретро-изглед е пренесен и преку изгледот на спотот. Старата Лада, архитектурата и препознатливите скопски предели не се само сценографија, туку важен дел од приказната за едно поинакво Скопје. Со доза хумор и многу рокенрол, „EX YU“ потсетува дека некои музички времиња никогаш навистина не излегуваат од мода, дури и кога автомобилите од нивното време одбиваат да „запалат“. Проектот е издание на Авалон Продукција, а видео спотот е реализиран во продукција на Такат студио. По новата песна, Јанг Дади го очекува и голем концерт на 30 декември во Т Арената во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Влезниците се достапни преку продажната мрежа на Авалон Продукција и онлајн преку Avalon Booking. Линк за карти за концертот: https://avalonbooking.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=1850&lang=mk Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Младите заслужуваат свој дом - ослободување од комуналии за млади брачни парови до 40 годиниГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави посебна мерка за полесен почеток и поддршка на младите семејства во Скопје. Со оваа мерка, младите брачни парови до 40 години и самохраните родители што сакаат да изградат свој дом ќе бидат ослободени од делот од надоместокот за уредување на градежното земјиште што му припаѓа на Град Скопје - односно 60% од вкупните комуналии, за објекти во рамките на Генералниот урбанистички план на градот. - Сопствениот дом е темел врз кој се гради едно семејство. Место каде што почнуваат заедничките планови, каде што растат децата и каде што иднината добива своја адреса. Затоа, младите што сакаат да го изградат својот дом заслужуваат силна и конкретна поддршка од Град Скопје. Успешната практика што ја воспоставивме во Кисела Вода, првпат во историјата на државата, сега ја пренесуваме и во Град Скопје. Она што го ветив во мојата програма го претвораме во реална помош за семејствата – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека доколку сите скопски општини се приклучат со ослободување и од својот дел, оваа поддршка ќе достигне 100% ослободување од комуналии. - Ги повикувам сите мои колеги градоначалници да застанеме заедно зад оваа цел и да им го олесниме патот до сопствен дом на што повеќе семејства. Имаме можност да оставиме нешто вредно зад себе - повеќе семејства со сопствен покрив над главата и со поголема сигурност за утрешниот ден. Помал финансиски товар при изградбата значи повеќе средства за уредување на домот, за потребите на децата и за посигурен почеток на заедничкиот живот. Како што ветив, младите ќе имаат подадена рака од мене и од Град Скопје. Ќе ја имаат поддршката што им е потребна токму кога ги прават најважните животни чекори. Сакам младите тука да го градат својот дом, тука да ги растат своите деца и тука да ја гледаат својата иднина. Наша обврска е да создадеме услови за тоа. За Скопје во кое младите имаат иднина – рече Ѓорѓиевски Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека оваа мерка е директна инвестиција во младите, во сигурноста на семејствата и во иднината на Скопје. Мерката ќе стапи во сила веднаш по објавувањето во службените гласила, а барањето за аплицирање ќе биде достапно на веб-страницата на Град Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Општина Центар со низа активности за превенција од булингот, врсничкото насилство мора навреме да се препознае и спречиОпштина Центар со низа едукативни активности го одбележа Меѓународниот ден против насилството и булингот во училиштата, со цел подигнување на свеста, рано препознавање и спречување на врсничкото насилство.Во текот на неделата, во просториите на Младинскиот центар „Матично“ се одржаа работилници наменети за родители, наставници и стручни соработници, со посебен акцент на улогата на семејството и училиштето во превенцијата од оваа појава. Работилниците ги водеше проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова, која со присутните разговараше за раното препознавање, соодветното реагирање и превенцијата од врсничко насилство, споделувајќи стручни совети и практични насоки. „Врсничкото насилство е проблем што не смее да се игнорира и за чие спречување сите имаме одговорност. Важно е родителите, наставниците и стручните служби навреме да препознаат кога детето се соочува со насилство и соодветно да реагираат. Молчењето и игнорирањето можат да остават сериозни и долготрајни последици врз детето и целото семејство“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски. Паралелно, и во центарските основни училишта се реализираа различни активности посветени на менталното здравје и спречувањето на врсничкото насилство. Учениците следеа едукативни предавања на темата „Врсничко насилство“ во соработка со СВР Скопје, се организираа работилници под мотото „СТОП за булингот“, а дел од учениците посетија и театарски претстави преку кои, на интересен и пристапен начин, им беа пренесени пораки за пријателство, прифаќање и градење здрави врснички односи. Општина Центар останува посветена на создавање безбедна училишна средина. Важно е секое дете да знае дека насилството не е прифатливо, дека не треба да молчи и дека секогаш има кому да му се обрати за помош.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook