Потрошил илјадници евра за да изгледа како ,,алиен”,вели дека не е готов(ВИДЕО)

Екстремниот љубител на модификации на телото вели дека е само на 16% од неговиот проект Black Alien.

Французинот Ентони Лофредо морал да отпатува за Барселона за да претрпи модификации што се нелегални во Франција.

Иако модификацијата на телото станува сè попопуларна, Лофредо дефинитивно ја однесе во нови крајности. Покрај тоа што сега нема нос, а неговиот јазик е поделен на два дела, Лофредо ја истетовирал целата кожа и очните белки, има пирсинзи на целото лице, вклучително и преку брадата, имплантирани импланти на черепот и се чини дека му се отстранети ушите.

Во интервју за францускиот весник Миди Либре во 2017 година, Лофредо зборувал за своите соништа да изгледа како вонземјанин. „Уште како мал бев многу страстен по мутациите и трансформациите на човечкото тело“, рече тој, откривајќи дека како чувар сфатил дека не го живее својот живот како што сакал.

Со години работел на својот проект, а за повеќето од неговите модификации се заслужни уметникот од Барселона, Оскар Маркез, кој исто така е љубител на модификациите на телото. Тој неодамна на Инстаграм покажал како изгледал пред 6 години.

На почетокот на овој месец, Лофредо објави видео на кое се гледа дека повеќе нема нос. „Како во сон ... го живеам тој сон ...“, напиша тој, заблагодарувајќи му се на Маркез.

Со фотографијата што ја објави вчера, Лофредо откри дека неговиот проект „Црн вонземјанин“ е само 16% завршен.

Хезболах истрела неколку десетици ракети кон Израел

Либанското исламистичко движење Хезболах синоќа соопшти дека истрелало десетици ракети врз северен Израел како одговор на смртта на двајца цивили во јужен Либан, во напад за кој е обвинет Израел.

Борците на Хезболах истрелаа „десетици ракети Катјуша“ врз северен Израел „како одговор на нападите на израелскиот непријател врз домовите на цивилите, особено за масакрот во Ханин и смртта на цивили“, се вели во соопштението на проиранското шиитско движење.

Од почетокот на војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Појасот Газа на 7 октомври, секојдневно има размена на оган меѓу израелската армија и Хезболах, кој тврди дека го поддржува палестинското исламистичко движење.

Проиранскиот Хезболах, кој има арсенал ракети и прецизни проектили, гаѓа израелски воени позиции и локации во близина на границата, а Израел реагира со бомбардирање цели на либанска територија, претежно на југ, вклучително и целни напади врз припадници на Хезболах и Хамас. /МИА

Во Кавадарци отворени гласачките места, се гласа за претседател на државата

 Во Кавадарци утрово навремено беа отворени гласачките места, се гласа за претседател на државата, информираше претседателката на Општинската изборна комисија, Емилија Петровска. 

- Малку проблеми пак со убиг апаратите. Но, со помош на ИТ лицата, се е ставено во ред, нагласи таа за МИА.

Петровска потсети дека за вчерашниот ден, за гласање беа пријавени 110 болни и немоќни лица во домашни услови и 14 штитеници во Дом за вонсемејна грижа „Др.Јанески" во кавадаречкото село Чемерско.

- Согласно на законот, тие лица гласаа вчера, ден пред изборите за претседател на државата денеска. Во избирачкиот список за општина Кавадарци се евидентирани вкупно 31.868 гласачи, соопшти Петровска.

Таа појасни дека немаа пријавено лица од оваа општина што издржуваат казна затвор, а кои исто така можеа да гласаат во текот на вчерашниот ден.

Отворени се сите избирачки места во десетте општини во Југоистокот

Сите 273 избирачки места во десетте општини во Југоистокот се отворени утрово во 7 часот, а право на глас во првиот круг на претседателските избори имаат 141.167 гласачи.

Според информациите од општинските изборни комисии, гласањето веќе тече, а освен неколку мали технички проблеми со фингер и УВ апаратите не се забележани други проблеми. Според изборните комисии техничките проблеми се надминуваат и не влијаат на изборниот процес.

Инаку, во Југоисточниот плански регион се гласа во општините Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село, Конче, Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово.

Вчера гласаа болните и изнемоштените и затвореници од затворите во Струмица и Гевгелија.

притисни ентер