Потресни сведоштва на жени: Ги купуваат, а потоа ги силуваат додека не забременат - Канал 5

Потресни сведоштва на жени: Ги купуваат, а потоа ги силуваат додека не забременат

Властите во Бурма и Кина замижуваат на трговијата со жени од народот Качин во Мјанмар, кои се пренесуваат преку граница, ги продаваат на мажите во Кина, каде постојано ги силуваат додека не останат бремени, пишува „Гардијан“.

Потресни сведоштва на жени: Ги купуваат, а потоа ги силуваат додека не забременат

На некои жени им е дозволено да се вратат дома откако ќе родат деца, но се присилени да ги остават децата, според извештаите на „Хјуман Рајтс Воч“ (HRW).

„Родив дете, а после една година Кинезот ми даде избор. Добив дозвола да одам дома, но без бебето“ – изјавила една од жените кои се продадени.

Во Кина бројот на жени е драстично опаднат од 1987 година, истражувачите наведуваат дека факторите како абортусот во зависност од полот на детето, инфантицидот и занемарувањето на новородените девојчиња значи дека во Кина има 30 до 40 милиони “исчезнати“ жени, кои денеска би требало да бидат живи, а не се.

Оттука многумина мажи денес не можат да најдат жени, па ги купуваат од околните сиромашни земји.

Жените од народот Качин од Мјанмар, ги криумчарат нивните семејства и роднини, пријатели и други луѓе на кои тие им веруваат. Често им се нуди работа во Кина, а дури откако ќе ја преминат границата сфаќаат дека се продадени како сексуални робови.

„Мене ме убеди мојата тетка“ – изјавила една жена која била продадена кога имала 17 години. HRW во периодот од три години разговарал со околу 40 жртви кои успеале да побегнат или им било дозволено да заминат без децата.

Владата на Мјанмар во 2017 година забележала 226 вакви случаи, но експертите сметаат дека таа бројка е далеку поголема.

Жените кои ги продаваат во Кина не само што не добиваат поддршка како жртви, туку заминуваат и во затвор поради кршењето на миграциските закони.

Во извештајот на HRW се наведува дека мјанмарските власти во неколку наврати ги уапсиле само оние кои во Мјамнар ги продавале жените, додека кинеската полиција не привела никого од оние кои ги купувале “невестите“ и ги злоставувале.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо

При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство. 

АХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вчера, спроведоа вонредни инспекциски контроли во малопродажни објекти за месо, подготовки и преработки од месо на подрачјето на Општина Радовиш и кај физичко лице во неготинското село Пепелиште, кое произведувало и преку социјалните мрежи продавало димени месни производи и чварки.

При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“.

Во Пепелиште, од физичко лице кое вршело неодобрена дејност од страна на Агенцијата – производство на димени месни производи и чварки, одземени се дополнителни 50 килограми подготовки од месо (печеница, кулен, димена сланина и сл).

Одземените производи се без декларација за потеклото и биле чувани и преработувани во несоодветни и нехигиенски услови, што претставува сериозен ризик за безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите.

Надлежните институции продолжуваат со спроведување на инспекциски контроли со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на нелегално производство и промет на небезбедна храна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија гласаше против укинувањето на ембаргото врз Куба

Македонија гласаше против укинување на американското ембарго врз Куба во Генералното собрание на Обединетите нации, кое беше воведено во 1960 година по револуцијата предводена од Фидел Кастро.

Македонија гласаше против укинувањето на ембаргото врз Куба

Резолуцијата беше усвоена, бидејќи за неа гласаа 130 земји, 17 беа против, а 25 држави беа воздржани. Поддршката за резолуцијата е намалена во споредба со минатата година кога за неа гласаа 165 земји. Вашингтон ги повика земјите-членки да не ја поддржат резолуцијата, додка кубанскиот министер Бруно Родригез ги обвини САД дека водат економска војна против Куба.

Американскиот амбасадор во ОН - Мајк Валц оцени дека гласањето се користи за политичка пропаганда. Резолуцијата во ОН не е правно обврзувачка, но таа ја одразува позицијата на меѓународната заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на Скопје

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој  престојува во официјална посета на земјава.

Шефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на Скопје

Како што соопшти ресорното министертво, предвидена е тет-а-тет средба на министрите муцунски и бланар, по што ќе следи средба на двете делегации.

Според агендата, потоа е предвидена и заедничка прес-конференција на министрите муцунски и бланар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер