Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
1Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
ЖивотПотресната животна приказна на Настасја Кински не престанува да ја интригира светската јавност!На 15 години е прогласена за секс симбол, злоставувана од својот татко и наведена на оргии од режисер!Германската актерка Настасја Кински иако доживеа светска слава, многумина од филмските критичари сметаат дека таа не била премногу талентирана, ниту дека по некои квалитети се издвојувала од актерките на своето време, туку дека нејзината несекојдневна убавина одиграла пресудна улога во добиените ангажмани. View this post on Instagram A post shared by Movie Soundtracks (@onlygoodsoundtracks) Настасја со својот изглед целосно ги промени претходно воспоставените стандарди за женска убавина. Таа се прослави во 1981 година појавувајќи се на постер на познатиот фотограф Ричард Аведон, на кој позира гола „обвиткана“ со змија, а јавноста се згрози во 1976 година кога, сè уште малолетна, се појави гола во филмот „Ќерка на ѓаволот“. View this post on Instagram A post shared by Nastassja Kinski photoshoots 📸 (@laspeliculasdelakinski) Нејзината приказна ја заинтригира јавноста уште за време на нејзините почетоци во филмската индустрија. Постои дури и несовпаѓање околу нејзините години. Имено, според американските власти таа е родена во 1959 година, додека според податоците од Германија, таа е родена во 1961 година. Израснала во сиромашно семејство, а лошата материјална состојба дополнително допринела за развод на нејзините родители. Почнала да глуми на 12-годишна возраст, а своето филмско деби го имаше во 1975 година во филмот на Вим Вендерс, „Погрешен потег“, каде што наместо актерката Лиза Краузер, Настасја го играше немото девојче Мињон. Кога имала 16 години, таа го напуштила редовното школување, по што посетувала школа за глума кај познатиот Ли Стразберг. View this post on Instagram A post shared by KrimiKollegen (@krimikollegen) Во 1978 година, таа се појави во еротскиот филм „Остани како што си“ со Марсело Мастројани. Продуцентската куќа „New Line Cinema“ го пушти филмот во Америка во декември 1979 година, што на Кински ѝ донесе голема популарност и на тој пазар. Магазинот „Тајм“ напиша: „Кински е едноставно магична, секси и духовита истовремено, и сето тоа со огромна леснотија“. Иако звучи помалку застрашувачки, тоа што на толку мала возраст го доби епитетот на сексапилна девојка, нејзе не ѝ пречело, но сепак тоа влијаело на нејзината судбина во годините што следеле. View this post on Instagram A post shared by Rui M. S. Carvalho (@rui.raiox) Оргии со режисерот Настасја на 15 години започнала романтична врска со познатиот режисер Роман Полански, кој од неа бил постар речиси 30 години. Полански, да потсетиме, во ’77. г. беше обвинет во Америка за силување на тринаесетгодишно девојче. Од Америка, без да ја дочека пресудата, побегна во Париз и повеќе не стапна на американско тло. Ниту во 2003 година, кога освои Оскар. Според една изјава која ја опишува неговата средба со Настасја, во октомври 1976 година, во Минхен, по првата проба на Вердиевиот „Риголето“ во продукција на Баварската државна опера, Полански се упатил на вечера со еден германски критичар и две девојки. По вечерата, четворицата отишле во неговиот хотелски апартман. Режисерот легнал со една од девојките, додека другата го забавувала театарскиот критичар. Но, кога режисерот се разбудил во текот на ноќта, видел дека споменатиот критичар го нема, а на фотелјата спиела девојка по име „Наста“. Ја разбудил и ја повикал на секс во тројка, на што таа наводно се согласила без многу двоумење. Подоцна беше откриено целото име на девојката - тоа била Настасја Кински, младата германска актерка. Таа тогаш имала 15 години, а Полански 43. Во 1994 година, Полански за тоа зборуваше во интервју со познатата ТВ водителка Дијана Соер. Таа го праша: „...што стана со Настасја Кински? На тоа тој одговори: „Таа беше млада и бевме во љубовна врска“. Но, во интервју кое во 1999 година го дала Настасја Кински за магазинот „Гардијан“, таа изјавила дека тоа не била љубовна врска, туку безопасен флерт. Рекла дека можела да биде заведена, но тоа наводно не се случило. Во истото интервју таа изјави дека покрај него се чувствува многу ценето. View this post on Instagram A post shared by Nat (@nastassjaspixie) Татко предатор Татко на Настасја бил германскиот актер Клаус Кински, кој се развел од нејзината мајка Рут во 1968 година, кога Настасја имала седум години. По разводот, таа ретко го гледала својот татко, а тој повторно се оженил и ги добил ќерката Пола и синот Николај. Ужасните обвиненија против Клаус најпрво во јавноста ги изнесе Пола, која тврдеше дека нејзиниот татко сексуално ја злоставувал. Во едно интервју во 2013 година, Настасја негираше дека и таа била жртва на сексуално злоставување од страна на нејзиниот татко, но призна дека тој ја малтретирал на други начини и дека еднаш се обидел сексуално да ја нападне, но не успеал. - Секогаш ме допираше премногу, ме држеше толку цврсто што мислев дека не можам да избегам. Во тоа време имав четири или пет години, и живеевме во Минхен. Инстинктивно препознав дека тоа не е прегратка на татко, туку повеќе од тоа – рече таа и додаде: - Тој не беше татко. Дури 99 проценти од времето бев преплашена во негово присуство. Тој беше толку непредвидлив што семејството живееше во постојан страв. На прашањето што би му рекла денес, доколку има прилика, таа одговорила: - Би направила сè за да го ставам зад решетки доживотно. Мило ми е што повеќе не е жив. Клаус Кински почина во 1991 година. Неговата ќерка Пола ја шокираше јавноста кога откри дека татко ѝ почнал да ја злоставува кога имала пет години, а првпат ја силувал кога имала девет години. Ова продолжило до нејзината 19-та година. изворКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСедмиот ден од протестите во Тирана кулминираше со напад врз Апелациониот суд Седмиот ден од протестите во Тирана повторно ескалираше со судири меѓу демонстрантите и полицијата, што кулминираше со напад врз Апелациониот суд во главниот град на Албанија .Маскирани лица упаднале во зградата, кршеле врати и прозорци со тврди предмети, а некои успеале да влезат и во внатрешноста, каде што во тој момент биле присутни и вработени. По нападот, полицијата интервенираше за да ги растера демонстрантите, бркајќи ги низ улиците на главниот град.. Собирот започна со песни и ора, исто како и претходниот ден, а имаше и повици „соблечете ги униформите“ упатени до полицајците. Тензиите ескалираа кога врз полицајците беа фрлени камења и канистри. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите и да ги отстрани од областа во близина на министерството за образование. Пред почетокот на собирот, реагираше и премиерот на Албанија Еди Рама, повикувајќи на „безусловен“ дијалог и барајќи дистанцирање од насилство.Од друга страна, лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, ја изјави поддршката на опозицијата за протестот и го повтори барањето за оставка на владата.Протестот не беше ограничен само на Тирана. Митинзи и маршеви беа одржани и во други градови, додека во Курбин беа пријавени судири и фрлање молотови коктели кон зградата на градското собрание, каде што беа предизвикани пожари на влезот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСе шират шпекулации дека Ким Џонг Ун е мртов. Северна Кореја објави нови негови фотографии.Државните медиуми на Северна Кореја објавија нови фотографии од лидерот Ким Џонг Ун, откако на интернет се проширија непотврдени извештаи за неговата смрт. На фотографиите се гледа како Ким разгледува детски обувки и женска облека. Оваа објава доаѓа во време на шпекулации за здравствената состојба на 42-годишниот лидер и за можна криза околу наследувањето на власта во оваа изолирана земја, пренесува „Тајмс оф Индија“ (Times of India). Севернокорејската новинска агенција КЦНА (KCNA) објави дека Ким ја посетил изложбата во понеделникот. Автентичноста на фотографиите не е независно потврдена, а не е познато ниту точно кога се направени. Шпекулациите беа поттикнати од серија објави на Ванџун Сје, кинески дисидент кој живее во САД и е поврзан со Кинеската демократска партија. На социјалната мрежа X, тој тврди дека Ким е мртов и дека власта ја презела неговата сестра, Ким Јо-џонг. „Гласините за смртта на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун кружат на интернет веќе неколку дена, но тој се уште не се појавил во јавноста за да ги демантира. Ова индиректно потврдува дека гласините за неговата смрт веројатно се точни“, напиша Сје во понеделникот. Тој додаде дека, по смртта на Ким, власта не преминала кај неговата ќерка, Ким Џу-ае, туку моментално ја држи неговата сестра, Ким Јо-џонг. „Откако ја презеде власта, Ким Јо-џонг веднаш ги активираше звучниците насочени кон Јужна Кореја и испука 201 предупредувачки истрел. Таа, исто така, ја предупреди Јужна Кореја дека Северна Кореја размислува за целосно унапредување на своите капацитети за тактички напади“, се наведува во објавата. Сје смета дека оваа ескалација на закани има за цел да ја зајакне нејзината контрола врз војската. „Ова индиректно ги потврдува гласините дека Ким Џонг-ун е мртов и дека Ким Јо-џонг моментално управува со режимот; овие гласини веројатно се вистинити.“ „Њујорк пост“ пренесува дека тврдењата на Сје станаа вирални во неделата; сепак, не постојат медицински податоци, сведоци по име или други независно проверливи докази кои би ги поткрепиле. Во втора објава, Кси тврди дека Ким претрпел тешко мозочно крварење, паднал во кома и бил пренесен во Пекинг на итно лекување. Тој напиша дека тим од експерти од болницата „Пекинг Јунион“ отпатувал во Северна Кореја пред Ким да биде однесен во Кина. „Иако тим од медицински експерти од болницата ’Пекинг Јунион‘ беше испратен во Северна Кореја за да помогне во лекувањето, лошите медицински услови во земјата ги принудија да го префрлат во Пекинг. На крајот, поради сериозноста на неговата состојба и фактот што оптималниот период за лекување веќе беше поминат, Ким Џонг Ун им подлегна на повредите и почина“, изјави Сје. Тој тврди дека неговото тело тајно било вратено во Северна Кореја и дека веста за неговата смрт се крие. Сје исто така наведе дека властите ја кријат смртта и дека кинески војници се распоредени во Пјонгјанг поради страв од криза при наследувањето на власта. Неговите објави поттикнаа и шпекулации за борба за власт помеѓу ќерката на Ким, Ким Џу-ае, и неговата сестра, Ким Јо Џонг. Тој тврди дека Кина испратила 9.000 војници во Пјонгјанг за да помогнат во стабилизирање на ситуацијата. Сите тврдења во врска со смртта на Ким, распоредувањето на кинески војници и кризата при наследувањето на власта остануваат непотврдени. Севернокорејските власти не се огласија директно по повод овие наводи. Здравјето на севернокорејскиот лидер долго време е предмет на меѓународни шпекулации. На 30 септември, Националната разузнавачка служба (НИС) на Јужна Кореја ги информираше пратениците дека Ким тежи околу 140 килограми и дека, поради дебелината, е изложен на зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања, пренесува „Њујорк пост“.Тагови: Ким Џонг Ун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
МетеоПретежно сончево со температура до 26 степениПретежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.-1 Берово, 2 Битола, 3 Струмица, 4 Демир Капија, Скопје-Петровец, Тетово, Крива Паланка, Маврови Анови, 5 Попова Шапка, Велес, Штип, Куманово, Прилеп, Претор, 6 Охрид, Гевгелија, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, 7 Крушево, 8 Виница. Според УХМР времето денеска ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени. Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16