Трансродна полицајка силувала малолетна ќерка на својата пријателка- во телефонот ѝ пронашле ужасна снимка со куче (ВИДЕО)
1Трансродна полицајка силувала малолетна ќерка на својата пријателка- во телефонот ѝ пронашле ужасна снимка со куче (ВИДЕО)
Снимка од апсење во трговски центар е хит- крадецот ползи низ таванот, полицијата го чека со душек (ВИДЕО)
1Снимка од апсење во трговски центар е хит- крадецот ползи низ таванот, полицијата го чека со душек (ВИДЕО)
Шоу бизПотресна исповед на актерката Хејден Панетијер за Владимир Кличко!Поранешниот боксер и активист Владимир Кличко со години беше во врска со актерката Хајден Панетијер, со која ја доби ќерката Каја. Нивната љубов доживеа крај, а актерката сега изнесува шокантни тврдења во врска со борбата за старателството. Актерката Хејден Панетијер го обвинува некогашниот трофеен боксер дека не ѝ дал избор при потпишувањето на старателството над нивната ќерка Каја, која сега има 7 г. Во најавата за интервјуто во емисијата „Red Table Talk“ може да се види сегмент во кој ѕвездата на Нешвил (33) зборува како нејзиниот поранешен партнер буквално ја принудил да се откаже од старателството над детето откако нивната љубов завршила. Таа отворено проговори и за борбата со постпородилната депресија, за време на која, како што признава, станала зависна од лекови. Според нејзините тврдења, ваквата ситуација ја искористил и Кличко, кој ѝ предложил детето да биде со него поради ситуацијата низ која поминува. Актерката ги потпишала документите во кои старателството над ќерката Каја му го дава на Кличко, верувајќи дека откако ќе се среди емотивно и психички ќе може да си го врати детето. Како што истакна, нејзиниот поранешен сопруг, практично ја принудил на тоа искористувајќи ја нејзината нестабилна состојба. Од избувнувањето на војната во Украина, земјата не е безбедна и актерката е дополнително потресена поради грижата за своето дете, имајќи предвид дека и Владимир и Виталиј Кличко се воено активни. Хејден на почетокот на војната на социјалните мрежи објави дека нејзината ќерка е безбедна и дека повеќе не е во Украина, но не се знае ништо за понатамошниот живот на девојчето. Во контроверзната исповед на актерката таа вели дека нејзините соработници по породувањето ѝ давале апчиња за подобрување на расположението за да изгледа посреќно во јавноста. Хејли говореше и за несреќата што ја имала по породувањето. Многумина тогаш ја осудија и велеа дека била под дејство на алкохол и опијати, меѓутоа, таа го демантираше тоа. - Од жена која се лечеше од постпородилна депресија, станав алкохоличар. Луѓето ме гледаа поинаку, веќе немаа емпатија кон мене. Никој не ми веруваше што и да кажев, тоа беше навистина понижувачки и болно. Се чувствував беспомошно, само сакав да се свиткам во аголот од собата и да плачам. Не можам да кажам дека денес сум целосно излечена, но со секој нов ден одам чекор по чекор. Ќе бидам добро, не сакам повторно да се сеќавам на периодот кој е зад мене - заклучува актерката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаТрансродна полицајка силувала малолетна ќерка на својата пријателка- во телефонот ѝ пронашле ужасна снимка со куче (ВИДЕО)Во затворскиот систем обвинетиот се третира како маж, додека на суд се изјаснува и се јавува како жена. Без разлика, обвинувањата против неа се многу сериозни, а обвинетата ги признала, пишува порталот t-online.de. Пред провинцискиот суд во Траунштајн, поранешната полицајка призна дека силувала 15-годишно девојче. Признанието е дадено во вторник, на почетокот на судењето, зад затворени врати, соопшти портпаролот на судот. Пред тоа обвинителството и одбраната постигнаа договор. Под услов обвинетата целосно да ја признае вината, се соочува со затворска казна од најмногу три и пол години. Целта на договорот е, меѓу другото, да се поштеди малолетната жртва од сведочење на суд. Случајот привлече дополнително внимание бидејќи 55-годишната обвинета се појавува во судот како жена и во обвинението е наведена од женски пол, додека е во притвор во машкиот оддел во затворот во Минхен. Trans-Polizistin wegen Vergewaltigung einer 14-Jährigen zu Haftstrafe verurteilt https://t.co/3pdmxAbIJy https://t.co/o3Ge3REVZM — WELT (@welt) October 6, 2026 Таа била член на елитната полициска единица Според германските медиуми, 55-годишната жена долго време живеела како маж и како таква била припадничка на елитната единица ГСГ 9. Подоцна почнала да живее како жена, користела женски идентитет и почнала со хормонска терапија. Двајца психолошки експерти наводно потврдиле дека таа се идентификува како жена. Првите проблеми со законот станаа познати во 2024 година. При претресот кај неа беа пронајдени материјали со сексуална содржина во која се вклучени деца и животни. После тоа била суспендирана од полициската служба и парична казна. Само неколку недели по пресудата, во јули 2025 година, се случи случајот за кој сега ѝ се суди. Жртвата е ќерка на нејзина пријателка. Пронајдени се стотици спорни датотеки Таа беше обвинета и за поседување на неколку стотици досиеја со сексуална содржина во која се вклучени деца. Според обвинението, меѓу жртвите имало и многу мали деца. Покрај тоа, таа се товари и за телесни повреди, дистрибуција на порнографски содржини и производство на порнографски материјали во кои се вклучени животни. Инспекторите наведуваат и дека таа снимила видеа на кои се појавува со повеќе сексуални партнери и куче. Според германскиот портал Chiemgau24, во моментот на злосторството, обвинетата се уште имала машки полови карактеристики. Судот во Траунштајн не сакаше да објави детали за нејзиниот моментален статус во процесот на транзиција, наведувајќи ја приватноста и заштитата на личните податоци. Адвокатот тврди дека ѝ е тешко во машкиот дел од затворот Според нејзиниот адвокат, обвинетата тешко го поднесува фактот што е во притвор со мажи. Тој за Билд изјави дека, меѓу другото, била фрлена врз неа за време на нејзиниот престој на отворено и дека телесни прегледи вршеле мажи полицајци. Судењето продолжува, а пресудата доколку се прифати постигнатиот договор би можела да биде изречена на 6 октомври. Еден од условите за примена на договорениот казнен опсег, покрај признанието на поранешната полицајка, е и договор меѓу сторителот и жртвата. На малолетното девојче треба да и се обезбеди мотор и 5.000 евра, додека обвинетата треба целосно да ја плати казната изречена во јули 2025 година.Тагови: ќерка полицајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотСнимка од апсење во трговски центар е хит- крадецот ползи низ таванот, полицијата го чека со душек (ВИДЕО) Полициска операција во трговски центар во Ванкувер заврши со лоцирање и апсење на осомничениот сторител, а сè беше снимено со камера.Она што никој не го очекуваше беше дека мажот ќе се обиде да се скрие во таванската конструкција за да ги избегне чуварите, објавува Дејли Меил. Полицијата ги евакуира клиентите Габриел Хидео беше уапсен на 30 септември откако полицијата го пронајде како ползи низ таванската конструкција и крши гипс-картон во продавницата „Мејсис“. „Нашиот центар беше контактиран околу 16 часот“, рече Ким Кап од локалната полициска станица. Според неа, вработените пријавиле дека некој е во таванот на продавницата и дека неколку гипс-картонски плочи се скршени во близина на одделот за мебел за домот. Видеото го прикажува моментот кога полицијата поставила скали на отворот на таванот, додека пожарникарите претходно поставиле душек за да го ублажат евентуалниот пад. За безбедноста на клиентите, вториот кат од зградата бил евакуиран. „Станал и се обидел да избега“ Според властите, Хидео ползел низ просторот над таванот повеќе од еден час додека полицајците го молеле да слезе долу. Сепак, тој упорно продолжил да се движи низ структурата, кршејќи нови панели и оштетувајќи осветлување и кабли. Кога конечно се приближил до скалите, ситуацијата станала уште подраматична. На видеото се гледа како Хидео се обидува да избегне апсење со тоа што се качува назад во таванскиот простор. Потоа полицајците ги отстраниле скалите, по што тој ја изгубил контролата и паднал на душек. „Станал и се обиде да избега. Не заврши добро“, соопшти полицијата. Неколку полицајци веднаш го турнале на подот. Хидео се спротивставил, но тие го совладале и му ставиле лисици. Потоа бил врзан за носилка и приведен. View this post on Instagram A post shared by Vancouver Police Department (@vancouverpoliceusa) Хидео бил однесен во затворот во округот Кларк на 1 октомври. Тој бил обвинет за оштетување на имот и кражба, а кауцијата му била одредена на 15.000 долари за секое обвинение.Тагови: полицијата таван Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
СветИран мобилизира жени во војска- учат да користат калашников, РПГ и снајпер (ВИДЕО)Иран обучува жени за оружје и борба за да се подготват за евентуална офанзива на САД.Снимките и фотографиите објавени од иранските медиуми покажуваат жени, некои во униформа, како учат да ракуваат со автоматски пушки во центри за обука на отворено во Техеран, објавува британски „Телеграф“. Организаторите велат дека курсевите опфаќаат урбана одбрана, запознавање со различни оружја, од „Калашникови“ до „Драгунов“ снајперски пушки, како и лансери RPG и преносни системи за воздушна одбрана. Програмата вклучува и обука за спасување, гаснење пожар и ориентација, специјално прилагодена за жени. Акцијата е дел од движењето „Џан-фада“, што на персиски значи „оние кои ги жртвуваат своите животи“, масовна мобилизација започната оваа година откако САД и Израел почнаа да го бомбардираат Иран. Портпаролот на кампањата, Сасан Зарех, рече дека воената обука започнала под покровителство на милицијата Басиџ, а повеќе од 500.000 луѓе се пријавиле за само 100 минути по отворањето на регистрацијата за батаљоните „национален отпор“. Со ова, рече тој, се пополниле првите 1.000 единици. Властите потоа одобрија формирање на уште 1.000 единици. Зарех додаде дека се планирани и 10.000 единици за помош и спасување во соседството, во координација со Црвената полумесечина. Жените, рече тој, се меѓу најголемиот број волонтери. Првиот центар за обука е отворен на плоштадот Имам Хосеин во Техеран, а најмалку 14 локации се планирани во главниот град, со дополнителни центри во покраинските градови. Обуката ја спроведуваат Басиџ, Иранската револуционерна гарда и редовната војска. Here is Iranian women receiving basic military training This is a volunteer-based program by a supposedly anti-woman government https://t.co/j2Hg6VAgmH — The Gulag (@WelcomeTheGulag) September 29, 2026 🇮🇷 Iran is now teaching women in Tehran how to handle a rifle, just in case the next round with the U.S. and Israel lands on their doorstep. The civilian program opened at 3 centers in the capital, giving volunteers basic military training so they can defend their families and neighborhoods if the bombs come back. Peace talks probably aren't going as well as advertised. Writer: Julie https://t.co/DTlPPhu2tL — Mario Nawfal (@MarioNawfal) October 5, 2026 Зарех, исто така, тврдеше дека странци, вклучително и некои американски граѓани, понудиле да се борат заедно со Иранците. Во еден случај, рече тој, дури и 80-годишна жена се пријавила во центар во Техеран. Иранските власти ја претставуваат кампањата како оживување на идејата за „армија од 20 милиони“, за која ајатолахот Рухолах Хомеини повика по ирачката инвазија на Иран во 1980 година. Жените одиграа значајна улога во обезбедувањето поддршка за време на осумгодишната војна. Мобилизацијата доаѓа во време на нови предупредувања од иранските воени претставници. Генералот Али Абдолахи, началник на Генералштабот на иранските вооружени сили, изјави дека доколку избувне нова војна против Иран, „неговиот оган ќе покрие сè и американските позиции ќе бидат цел без ограничување“, како што рече тој, беше случај за време на неодамнешните конфликти. Генерал-мајор Амир Хатами, командант на иранската армија, изјави дека војната „не е завршена“ и дека Иран ќе одговори на секој нов напад со „разорен“ одговор. Тој инсистираше дека Иран излегол како победник од неодамнешниот конфликт. Сепак, додека Техеран се подготвува за можен нов конфликт, иранската дипломатија се обидува да ги продолжи преговорите. Министерот за надворешни работи, Абас Аракчи, им рече на странските дипломати во Техеран во неделата дека „нема воено решение за овој конфликт“. Тој предупреди дека нов напад би предизвикал одговор „посилен од претходно“, но додаде дека само преговори „засновани на правда и фер игра“ би можеле да го завршат конфликтот. Тој повтори дека Иран може целосно да го отвори Ормутскиот теснец во рок од седум дена ако бидат исполнети неговите услови и бидат укинати „непријателските мерки“. Главниот преговарач на Иран, Мохамед Багер Галибаф, изјави дека Вашингтон неодамна испратил предлози преку посредници, но дека Иран нема да прифати еднострани барања. Ормутскиот теснец, рече тој, ќе остане затворен додека не се исполнат седум ирански услови поврзани со договорот од Исламабад. Во меѓувреме, иранскиот министер за нафта Мохсен Пакнеџд поднесе оставка во понеделник, без непосредно објаснување. Оставката доаѓа во време на зголемен економски притисок врз Техеран, бидејќи Вашингтон ги заострува санкциите и го ограничува извозот на иранска нафта.Тагови: војска Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook