БалканПотрага по телата на планинарите од БиХ – 16 спасувачи ја пребаруваат руската планина Елбрус (ВИДЕО)Спасувачкиот тим на планината Елбрус работи со проширени капацитети за да стигне до телата на граѓаните на Босна и Херцеговина кои загинаа поради влошување на временските услови, објавија тие.Според информациите објавени во 10 часот наутро, спасувачкиот тим е засилен и ги бара исчезнатите алпинисти во планинскиот масив Елбрус. Во операцијата учествуваат 16 спасувачи. Спасувачи од Одделот за вонредни ситуации Елбрус на руското Министерство за вонредни ситуации, водичи и придружници, спасувачи од центарот „Лидер“ на руското Министерство за вонредни ситуации и спасувачи на „КАВКАЗ.РФ“. Да потсетиме дека за време на искачувањето на Елбрус загинаа д-р Мелиха Чаушевиќ, Алма и Денис Окановиќ, Алмир Кривдиќ и Нермин Талам. Сите беа од Зеница, а Харис Адиловиќ и Кемал Видимлиќ преживеаја. Драмата на највисокиот врв во Европа започна вчера, кога група од седум члена тргна на искачување. Иако временските услови првично беа поволни, ситуацијата набрзо се промени. Ветерот достигна брзина од 45 километри на час, а до утрото се зголеми на околу 70 километри на час, што го отежнуваше останувањето на планината. Еден од преживеаните успеа сам да се симне од планината и да повика помош, додека другиот беше пронајден од спасувачите. Двајцата беа однесени во болница, каде што им беше укажана медицинска помош. View this post on Instagram A post shared by 𝐄𝐋𝐁𝐑𝐔𝐒 5642м.🇷🇺 (@07_elbrus) Руската државна новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на Главната дирекција на Министерството за вонредни ситуации за регионот Кабардино-Балкарија, објави дека спасувачките служби водат натчовечка битка со суровите временски услови на планината. „Телата на алпинистите се наоѓаат на таканареченото „седло“ на планината Елбрус, на надморска височина од 5.350 метри. Нивната евакуација ќе се изврши само кога временските услови ќе дозволат“, соопшти руското министерство. Заедно со ова соопштение, министерството објави и видео-снимка што сведочи за екстремните и недостапни услови на теренот. View this post on Instagram A post shared by 𝐄𝐋𝐁𝐑𝐔𝐒 5642м.🇷🇺 (@07_elbrus) Министерството за вонредни ситуации потврди дека двајцата спасени алпинисти веќе се евакуирани и предадени на медицински работници за понатамошна нега.Тагови: Елбрус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
ЗабаваФото: Французинка со совршено тело што го покажува на плажа заведе милиони Ако Instagram има кралица на плажите, сончевите зраци и заводливата насмевка, тогаш тоа веројатно е анонимната , сега многу популарна убавица Полин Танто, попозната под прекарот @popstantot. Француската инфлуенсерка вешто позира пред камерата, но истовремено гради препознатлива естетика поради која нејзините објави често изгледаат како страници од модни списанија, пишува „24sata“. Родена во Бордо во 1994 година, таа ги претвори социјалните мрежи во платформа каде што ги спојува минимализмот, луксузот и пејзажите од егзотични плажи што изгледаат како да се извадени од разгледница. Особено интересен дел од нејзината приказна е соработката со нејзината сестра близначка, со која го лансираше брендот „Khassani Swimwear“. Нивните костими за капење не се претставени само како облека, туку како дел од животен стил што вклучува палми, зајдисонца, патувања и совршени фотографии од одмор. На тој начин, Полин промовира не само производи, туку и концепт на животен стил во кој гламурот и релаксацијата се спојуваат во внимателно креирана естетика. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПутин: „Односите меѓу Москва и Пјонгјанг достинаа невидено ниво “ Рускиот претседател Владимир Путин упати честитка до севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун по повод годишнината од ослободувањето на земјата од јапонската окупација.Путин истакна дека односите меѓу Москва и Пјонгјанг достигнале ниво на сеопфатно стратешко партнерство без преседан. Во телеграмата, тој посочи дека празникот што го одбележува Пјонгјанг е симбол на храброста и издржливоста на севернокорејскиот народ, пренесува „Спутник“. Според него, токму тогаш биле поставени темелите на цврста традиција на борбено братство и заемна помош, што претставувало основа за развој на пријателски и добрососедски односи меѓу двете земји. „Нашите земји активно соработуваат на сите полиња, координирајќи ги напорите за обезбедување регионална безбедност и стабилност. Уверен сум дека ќе продолжиме со конструктивната соработка во однос на актуелните прашања од билатералната и меѓународната агенда, за доброто на рускиот и корејскиот народ“, изјави Путин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Холивудска убавица која е мајстор на провокациитеХоливудската увезда, актерката Меган Фокс остро одговори на критиките за фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи, откако еден корисник ѝ порача дека на 40-годишна возраст е „престара“ за објавување разголени фотографии.Таа објави фотографии на Инстаграм на кои позира во црн топ без прерамки, танга и крзнени штитници за нозе, додека преку комбинацијата носи зелена јакна од флис. Објавата брзо привлече огромно внимание и собра повеќе од милион лајкови. Сепак, покрај бројните позитивни реакции, имаше и коментари од оние што го критикуваа нејзиниот изглед и начинот на кој се претставува. Еден корисник ѝ порача дека „никој не сака да гледа речиси гола 40-годишна жена“. Фокс не го премолче тој коментар. Нејзината реакција предизвика дополнителна лавина од коментари, а голем број следбеници застанаа на нејзина страна. – Не зборуваш во наше име, будало – рече еден корисник. Друг напиша: – Зборувај во свое име, старче. За твоја несреќа, 451 илјада луѓе не се согласуваат со тебе – алудирајќи на бројот на допаѓања што ги имаше објавата во тој момент.Тагови: Меган Фокс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter