Потпишана Заедничка декларација за намери за соработка помеѓу Владата на Сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија и Владата на Република Македонија - Канал 5

Потпишана Заедничка декларација за намери за соработка помеѓу Владата на Сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија и Владата на Република Македонија

​Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за федерални, европски, меѓународни работи и медиуми на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Натанаел Лимински.

Потпишана Заедничка декларација за намери за соработка помеѓу Владата на Сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија и Владата на Република  Македонија

На средбата, министерот Муцунски изрази задоволство што посетата претставува продолжение на интензивниот дијалог и соработка со сојузната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија и истакна дека таа претставува значаен чекор кон натамошно продлабочување на партнерството, континуирана комуникација и дополнително зајакнување на меѓусебните односи.

Соговорниците изразија задоволство од развојот на соработката на повеќе нивоа, со посебен акцент на економијата, инвестициите, внатрешните работи, образованието и културата.

Во рамки на посетата, двајцата министри потпишаа нова Заедничка декларација за намери за соработка помеѓу Владата на Сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија и Владата на Република Македонија за периодот 2026–2030 година. Со овој документ се потврдува заедничката посветеност за продолжување и натамошно унапредување на одличната билатерална соработка воспоставена со претходната декларација.

Притоа, министерот Муцунски изрази уверување дека новата Декларација ќе отвори нова фаза во меѓусебната соработка и ќе придонесе за дополнително јакнење на економските врски, поголемо поврзување на деловните заедници и создавање нови можности за инвестиции од Северна Рајна-Вестфалија во Република Македонија.

Воедно, тој се заблагодари за силната и континуирана поддршка што покраината Северна Рајна-Вестфалија ја дава на европската интеграција на државата и изрази задоволство што, покрај силниот економски и инвестициски фокус, новата Заедничка декларација предвидува и поддршка во области што се во надлежност на покраината, со цел придонес кон процесот на европска интеграција и усогласување со европското законодавство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: ВМРО – ОКГ го потврди скандалот со омилените фирми, прашањето сега е кој ќе одговара?

ВМРО–ОКГ со денешната реакција целосно го потврди скандалот што денеска го објави Антикорупцискиот тим на СДСМ.

СДСМ: ВМРО – ОКГ го потврди скандалот со омилените фирми, прашањето сега е кој ќе одговара?

Сега прашањето е кој во ВМРО ќе одговара?

Факт е дека Антикорупцискиот тим на СДСМ веќе објави тендерски шеми вредни над 100 милиони евра, во кои едни исти, омилени фирми на власта добиваат милионски тендери низ институциите и општините.

Факт е дека три фирми се издвојуваат по бројот и вредноста на добиените тендери: Ленди Груп со 74 тендери вредни 17,6 милиони евра, Пирамид билдинг солушнс со 51 тендер вреден 16 милиони евра и Масев со 93 тендери вредни 18 милиони евра.

Факт е дека зад овие фирми се појавуваат едни исти проектанти и надзорни компании – МГ Проект и МБМ Архитекти.

Во Кисела Вода и Илинден, каде работи Ленди Груп, надзорот го врши МГ Проект.

Во Аеродром и Гази Баба, каде работи Пирамид билдинг, клучните договори за надзор ги добива МБМ Архитекти.

Во низа општини и институции каде работи Масев, повторно се појавуваат истите две фирми како проектанти и надзор.

Дополнително, токму во периодот кога ВМРО–ОКГ има апсолутна власт и се реализираат средствата од унгарскиот кредит, МГ Проект склучува договори вредни 2,4 милиони евра, а МБМ Архитекти договори вредни 2,9 милиони евра, со раст од речиси 289 проценти.

Ова се факти, договори, бројки и јавни податоци, сите во времето на ВМРО.

Затоа прашањето останува:

Кој ќе одговара за оваа бизнис-шема за испумпување пари на граѓаните?

Јавното обвинителство повеќе нема простор за молк.

АКТ на СДСМ ќе продолжи да ги објавува сите сознанија и докази за злоупотребите и бара целосна одговорност – од прв до последен инволвиран.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Телефонски разговор на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари телефонски разговор со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова-Чамова.

Телефонски разговор на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Во рамки на разговорот, министерот Муцунски најостро го осуди инцидентот што се случи денеска, при кој беа опожарени возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

Притоа, министерот информираше дека надлежните институции веќе преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот, утврдување на сите околности и изведување на сторителот пред лицето на правдата.

Тој нагласи дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија дава целосна поддршка на надлежните институции во насока на брза, ефикасна и транспарентна истрага, со цел утврдување на одговорноста и соодветно санкционирање на сторителот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог законот за соодветна и правична застапеност на седница на Собранието

Жестоки реплики и контра реплики на расправата за предлог законот за правична застапеност во Собранието.

Предлог законот за соодветна и правична застапеност на седница на Собранието

Опозицијата бара се повлече законското решение, власта и реплицира да не прават политички фолклор. Игор Манасиевски ја следи седницата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер