Потпишана Декларација за промоција и поддршка на вакцинацијата - Канал 5

Потпишана Декларација за промоција и поддршка на вакцинацијата

Декларација за промоција и поддршка на вакцинацијата потпишаа денеска трите медицински комори, Лекарската, Фармацевтската и Стоматолошката, Министерството за здравство, медицинските факултети во земјава и Институтот за јавно здравје.

Потпишана Декларација за промоција и поддршка на вакцинацијата

Како што беше истакнато на прес-конференцијата по овој повод, целта на Декларацијата е создавање поширок фронт за поддршка на вакцинацијата и одржување континуитет на активностите за промоција на имунизацијата.

-Вакцинацијата е најголема придобивка на човештвото. За жал, според податоците за 2022 година, во однос на примарната вакцинација и ревакцинација не е постигнат препорачаниот опфат од над 95 отсто за ниту една вакцина на национално ниво. Регистрираниот опфат е под 90 отсто за сите вакцини. Како последица на ова, веќе се соочуваме со епидемија на голема кашлица, а ризикот од повторно соочување со нови епидемии на мали сипаници, е сериозен, рече Калина Гривчева - Старделова, претседател на Лекарската комора.

Лекарите, истакна Гривчева - Старделова, ги разбираат родителите кои се соочени со многу неверодостојни и неточни информации поврзани со вакцините, особено на социјалните мрежи, што предизвикува неоправдан страв и одбивање или одложување на вакцинацијата.

-Ние, како најрелевантен извор на информации, треба да ги осигураме родителите дека редовната вакцинација е неопходна за да се одржи добро здравје кај децата и општата популација, а вакцините се безбедни и сигурни, потенцира Гривчева - Старделова.

Според неа, не треба да постојат сомнежи дали децата треба да бидат редовно вакцинирани.

Со Декларацијата која денеска ја потпишавме, испраќаме порака до родителите за важноста на вакцините.

Министерот за здравство Илир Демири рече дека јавноста мора да се сензибилизира за да се постигне оптималната вакцинација.

Прес-конфернцијата во Лекарската комора почна со едноминутно молчење во знак на почит кон двајцата починати, 67-годишниот лекар од Скопје и 40-годишната докторка од Скопје, која загина во сообраќајка пред неколку дена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајакнати контроли на возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли

Во септември констатирани 1.803 прекршоци, 132 случаи на безобѕирно возење и одземени 88 мотоцикли.

Зајакнати контроли на возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли

Во текот на септември 2026 година, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли.

При спроведените контроли констатирани се вкупно 1.803 прекршоци, од кои најголем дел, односно 1.478, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига).

Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Скопје – 437, потоа на подрачјата на СВР Битола – 233, СВР Велес – 213, СВР Струмица – 201 и СВР Тетово – 168. Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се 154 прекршоци, додека останатите се евидентирани на подрачјата на СВР Штип, СВР Охрид и СВР Куманово.

Во рамки на контролите евидентирани се и 132 случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, додека согласно член 300-б од Кривичниот законик, одземени се 88 мотоцикли.

Дополнително, констатирани се и 5.034 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли и апелира до возачите на мопеди и мотоцикли задолжително да користат заштитен шлем, да ги почитуваат сообраќајните правила и да избегнуваат ризично однесување во сообраќајот, со цел заштита на сопствената и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Рускиот претседател Владимир Путин ѝ наложи на владата да одобри програма за обновување на објектите на трговската и логистичката инфраструктура оштетени во терористичките напади и да обезбеди нејзино спроведување.

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ.

Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август, објави РИА Новости.

Програмата треба да вклучува и употреба на современи технолошки решенија.

Владата е должна да го достави првиот извештај за спроведувањето до 1 ноември 2026 година, а потоа еднаш на секои три месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода две лица поради нелегална сеча на дрва, следува кривична пријава

По насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 226 од Кривичниот законик „Пустошење шуми“.

Лишени од слобода две лица поради нелегална сеча на дрва, следува кривична пријава

На 16.10.2026 во 17:00 часот во месноста Подгоречки бачила, атар на струшкото село Подгорци, лишени од слобода се Е.А.(46) и Р.А.(45), двајцата од истото село. При преземање координирани мерки, тимови од полициски службеници и од Шумската полиција, ги затекнаа при нелегална сеча на 43 стебла буково огревно дрво кои потоа ги товареле во патнички возила „опел“, „застава“ и „сузуки“ за нелегален транспорт. По насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 226 од Кривичниот законик „Пустошење шуми“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер