МакедонијаПотпишан Меморандум за соработка меѓу македонското и португалското јавно обвинителствоЈавното обвинителство на Македонија и Канцеларијата на Генералниот обвинител на Португалија потпишаа Меморандум за соработка во повеќе клучни области од заеднички интерес.Меморандумот во Лисабон го потпиша Генералниот обвинител на Република Португалија Амадеу Гера, додека од македонска страна во Скопје свој потпис стави Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески. Денеска, при посетата на заменик-генералниот обвинител на Португалија Пауло Жорже Виеира Моргадо де Карвајо во земјава, беше извршена свечена размена на двата документи на која присуствуваше и министерот за правда Игор Филков. Со документот се предвидуваат студиски и работни посети помеѓу обвинителствата од двете земји, директно споделување на искуствата и добрите практики во однос на организацијата, управувањето со човечки ресурси и дигиталните технологии, заеднички програми за обуки, семинари, конференции и работилници за обвинителите во специфични области, како и размена на технички информации, експертиза и оперативно искуство меѓу специјализираните обвинителски единици. Како приоритетни области на меѓусебната соработка се наведени борбата против организираниот криминал, корупцијата, компјутерскиот криминал, трговијата со луѓе, трговијата со дрога, перењето пари, како и размената на искуства во градењето на институционалните капацитети. “Меморандумот за соработка ќе ни помогне да добиеме увид во исклучително важното искуство на една земја-членка на Европската унија во сите овие области”, потенцираше Савески, кој со Де Карвајо разговараше подетално околу начинот на организација, предизвиците и најчестите облици на криминалитет со кои се соочуваат јавните обвинителства во двете земји. Де Карвајо и советникот на генералниот обвинител на Португалија Дејвид Алешандрину Пауло Албукерки е Агилар се во дводневна посета на Скопје, во рамките на која утре ќе учествуваат на конференцијата “Од стратегија до пракса: Јакнење на комуникацијата на Јавното обвинителство со јавноста“, организирана со целосна поддршка на проектот “EU Support for Rule of Law”. Со експертска помош на овој проект е изготвена и нова комуникациска стратегија на Јавното обвинителство, а минатата година беше организирана и студиска посета на јавни обвинители, членови на Советот на јавните обвинители и на претставници на Академијата за судии и јавни обвинители во Лисабон, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураКвартет „Сигнум“-индивидуална харизма споена во заедничко музицирањеЧетворицата извонредни саксофонисти Михал Кнот, Јакопо Тадеи, Алан Лужар и Едоардо Зоти, обединети во квартетот „Сигнум“ беа вистинско летно освежување на „Охридско лето“ со својот концерт што го одржаа вчеравечер во црквата „Света Софија“.Преку нивните импресивни виртуозни вештини публиката уживаше во музика од Хенри Персел, еден од најзначајните англиски композитори од епохата на средниот барок. Магичната вечер продолжи со гудачки квартет од Антони Дворжак аранжиран за квартет саксофони од страна на „Сигнум“, а заврши со двајцата великани во американската уметност, Џорџ Гершвиш и Леонард Бернштајн. Тенор саксофонот Алан Лужар потсети дека овој ансамбл биле дел од програмата на „Охридско лето“ во 2015 година. -Многу се радуваме што по толку години повторно се враќаме во Охрид. Овде се чувствуваме прекрасно и драго ни е што ја делиме музиката со публиката. Квартетот саксофони е формиран пред 15 години, едноставно во студентските денови. Светот на саксофонистите е мал и така се запознавме. Свириме од 60 до 70 концерти годишно на сите континенти, рече Лужар. Стилот што го негуваат како квартет „Сигнум“ претставува еден вид спој на повеќе жанри, со особена посветеност на музиката оригинално напишана за гудачки квартет, но и со афинитет кон рок- класиците на модерното време. Веќе од првите тонови на нивната изведба, овие музичари започнуваат со вистински „огномет“, кој надополнет со емоции и постојана љубопитност да се преминуваат границите на музиката, прави тие да создаваат необично и уникатно ансамблово музицирање. Без разлика дали станува збор за оригинални композиции напишани за квартет саксофони или пак аранжмани на оркестарски дела, барокни композиции или рок-музика – љубовта со која „Сигнум“ им пристапува прави да можат убедливо да изведуваат музика од сите епохи и жанрови. Честопати се вели дека е тешко со зборови да се опише нивното мајсторско свирење – единствен начин е тоа да се доживее при изведбата во живо.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПеколен викенд во Македонија, денес сончево и топло со температура до 39 степени09:00Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаАфрим Гаши: Честит 2 Август – Ден на Републиката!По повод 2 Август – Ден на Републиката, во име на Собранието на Република Македонија и во мое лично име, ви упатувам најискрени честитки. Овој ден нè обединува околу вредностите врз кои се гради и зајакнува нашата држава и нè потсетува на заедничката одговорност да ја зајакнеме со дела, визија и посветеност. 2 Август нè потсетува на идеалите за слобода и самоопределување, поставени врз двата столба на нашата историја: Илинденското востание (1903) и Првото заседание на АСНОМ во Прохор Пчински (1944). Овие два историски настана го претставуваат континуитетот на стремежот кон држава изградена врз слободата, демократијата и одговорноста кон граѓаните. Но, тежината на овој ден не се состои само во историјата што ја наследуваме, туку и во примерот што го даваме секој ден. Тој нè повикува да размислиме како ги живееме идеалите врз кои е изградена Републиката, нè мери според начинот на кој ги почитуваме институциите, како ја штитиме демократијата, како се слушаме едни со други и како заедничкиот интерес го ставаме над поделбите. Затоа, да го искористиме овој ден за да ја обновиме нашата заедничка посветеност: институциите да бидат пример за интегритет, медиумите глас на јавната одговорност, граѓаните активни учесници во демократијата, а секој од нас промотор на довербата, правдата и соживотот. Убеден сум дека, зачувувајќи го духот на соживотот и промовирајќи дијалог, почит и институционална одговорност, ќе продолжиме да чекориме напред кон поразвиена, подемократска и попросперитетна држава, цврсто поставена на неповратниот пат кон европската интеграција. Тоа е најдостоинствениот начин да ја оддадеме почитта кон Република Македонија. Африм ГашиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВидео: Драма во близина на Атина: Огнот голта куќи и шуми Голем шумски пожар, кој од областа Виотија се прошири кон Атика и подрачјето на Порто Гермено, зафати голема површина, а во неговото гаснење од утринава се вклучени девет противпожарни возила и четири хеликоптери.Пожарот се ширеше на два фронта, а во близина на градот Псата беше издадено предупредување за евакуација на жителите кон Алепохори и Мегара, објави ЕРТ. Како мерка на претпазливост, во текот на ноќта беа евакуирани и населбите Агија Параскеви, Агиос Нектариос и Крио Пигади. SCENES 🇬🇷 A #wildfire burning out of control on the #Greek mainland west of #Athens, one of several blazes burning in parts of the country#climatechange #heatwave pic.twitter.com/njRPV7wUpA — ShanghaiEye🚀official (@ShanghaiEye) August 1, 2026 За време на операцијата за спасување, припадници на крајбрежната стража и на противпожарната служба со чамци евакуираа 12 лица кои беа заробени на плажата во Порто Гермен. Сите беа безбедно пренесени во Алепо.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПеколен викенд во Македонија, денес сончево и топло со температура до 39 степени09:00Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08