Потона чамец со мигранти во близина на брегот на Јемен- најмалку 49 жртви, 140 исчезнати

Во бродска несреќа на чамец со мигранти во близина на брегот на Јемен, најмалку 49 лица загинаа, а 140 се водат како исчезнати, соопшти денеска Меѓународната организација на ОН за бегалци (ИОМ).

Бродот превезувал околу 260 Сомалијци и Етиопјани кои испловиле од северниот брег на Сомалија на пат од 320 километри преку Аденскиот Залив, но нивниот чамец вчера потонал во близина на јужниот брег на Јемен, се вели во соопштението на ИОМ, јавува АП.

Во соопштението се наведува дека потрагата по исчезнатите е во тек, а досега се спасени 71 лице, а меѓу загинатите има 31 жена и шест деца.

Јемен е главната рута за мигрантите од Источна Африка и Рогот на Африка кои се обидуваат да стигнат до земјите од Персискиот Залив во потрага по вработување.

И покрај речиси децениската граѓанска војна во Јемен, бројот на мигранти кои пристигнуваат годишно во земјата се зголеми за трипати од 2021 до 2023 година, од околу 27.000 на над 90.000, објави ИОМ минатиот месец, истакнувајќи дека Јемен моментално е домаќин на околу 380.000 бегалци.

За да превезат бегалци во Јемен, шверцерите често пловат по опасните води на Црвеното Море или Аденскиот Залив со преполни чамци.

Во април, најмалку 62 лица загинаа во два бродоломи во близина на брегот на Џибути, обидувајќи се да стигнат до Јемен.

ИОМ соопшти дека најмалку 1.860 луѓе загинале или исчезнале на рутата, вклучително и 480 луѓе кои се удавиле.

Вучиќ изрази сочуство до Силјановска - Давкова за трагедијата во Кочани

 Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази сочувство до  претседателката Гордана Силјановска-Давкова за трагичниот пожар во дискотеката во Кочани.

„На претседателката Гордана Силјановска-Давкова и изразив искрено сочувство по повод страшната трагедија во Македонија, која длабоко ги погоди не само луѓето во таа земја, туку и сите нас во Србија кои сочувствуваме со семејствата на жртвите и со целиот народ на оваа братска земја“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

„Понудив, во име на Србија, а претседателката на Македонија прифати, да испратиме хеликоптери и други медицински транспортни средства, медицински тимови, како и да примиме во болниците во Србија голем број од повредените во трагедијата во Кочани“, додаде тој.

На крајот од објавата на Инстаграм српскиот претседател наведе дека „ Ја информирав претседателката дека Србија ќе го прогласи 18 март за Ден на жалост за трагедијата и изразив уверување дека народот на братска Македонија, со силата и солидарноста што секогаш ја покажувал, ќе успее да ја надмине оваа голема трагедија и да најде начин да закрепне“.

Седумдневна жалост по повод трагедијата во Кочани

 Седумдневна жалост ќе биде прогласена по повод трагичната несреќа во Кочани во која, според официјалните информации, загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

Одлуката ќе биде донесена на денешната владина сендица што ќе се одржи во 16 часот.

- Владата на денешната седница која ќе се оддржи во 16:00 часот ќе донесе одлука за 7-дневна жалост поради трагедијата во Кочани. Ќе се донесе и заклучок за итна и вонредна инспекција на сите ноќни клубови, дискотеки и ресторани приредувачи на забави, се вели во информацијата од Владата

Ханс Клуге изрази сочувство за трагедијата во Кочани

Длабоко сум тажен од трагичниот пожар во ноќниот клуб во Кочани, Македонија, напиша на Х директорот на Светската здравствена организација за Европа Ханс Клуге.

- Длабоко сочувство до семејствата кои ги загубија најблиските и повредените. Длабока благодарност до оние кои први реагираа, медицинските тимови и спасувачите кои дејствуваа брзо и неуморно за да спасат животи и да пружат нега во такви тешки околности, напиша Клуге.

Тој истакна дека во овој потресен момент, СЗО Европа и СЗО Македонија стојат со посветените здравствени работници во Македонија, подготвени да обезбедат итна медицинска и ментална здравствена поддршка.

притисни ентер