Потер за победата над Борусија: Не можам да ви опишам како се чувствувам - Канал 5

Потер за победата над Борусија: Не можам да ви опишам како се чувствувам

 Тренерот на Челзи, Греам Потер, ја коментираше победата над Борусија (2:0) во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Потер за победата над Борусија: Не можам да ви опишам како се чувствувам

- Да бидам искрен, не можам да опишам како се чувствувам во моментов. Има многу емоции. Можете да ја замислите тензијата на крајот. Мислам дека момците одиграа фантастично. Беа многу добри, создадоа неколку шанси за гол, така што јас сум само среќен што стигнаа до победата. Сите сме во одлично расположение во моментов.

Во соблекувалната владееше одлична атмосфера. Сите се многу среќни. Сакавме да победиме и да стигнеме до четвртфиналето. Овој турнир е многу важен за нас. Победата ќе нè наполни со позитивна енергија во наредните недели, изјави Потер.

Борусија Дортмунд го доби првиот натпревар со 1:0, па Челзи со вкупни 2:1 се пласираше во четвртфиналето.

Противникот на „Сините“ од Лондон ќе биде познат по ждрепката по завршувањето на осминафиналната фаза од елитното фудбалско натпреварување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на нејзино барање, утрово оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев.

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Соговорниците ги потврдија македонско-азербејџанските пријателски односи и подготвеноста за нивно натамошно унапредување преку продлабочување на политичкиот дијалог и развивање на соработката во областите од заемен интерес.

Во амбиент на глобална енергетска криза, двајцата претседатели разменија мислења за растечките проблеми и можностите за нивно решавање.

Во духот на пријателството и меѓусебното разбирање, потврдено и зацврстено со официјалната посета на претседателката на Баку, Сиљановска-Давкова и Алиев се согласија за продолжување и проширување на соработката во областа на енергетиката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија претстави играчки чија цел е всадување патриотизам кај децата (ВИДЕО)

Децата во Русија ќе си играат со плишана мачка облечена како член на тенковска екипаж, ликови од словенски бајки, модел на нуклеарен кршач на мраз, синооки кукли облечени во униформи на Црвената армија.

Русија претстави играчки чија цел е всадување патриотизам кај децата (ВИДЕО)

На натпревар за играчки, поддржан од руската држава, меѓу другото, беа претставени: плишана мачка облечена како член на тенковска екипаж, ликови од словенски бајки, модел на нуклеарен кршач на мраз, како и синооки кукли облечени во униформи на Црвената армија од Втората светска војна, пренесува Ројтерс.

Според организаторите, целта на годишниот натпревар „Домашна играчка“, започнат во 2024 година, е да се промовираат играчки од домашно производство кои ја одразуваат руската култура, историја, како и духовните и моралните вредности.

Во понеделникот, осумдесет финалисти ги изложија своите дела во голем изложбен центар во Москва. На настанот, децата сликаа народни мотиви на дрвени играчки, си играа со реплика на советска вселенска ракета – која наликуваше на комплет од „Лего“ – и градеа куќи во традиционален стил користејќи шарени коцки.

„Во моментов, особено во образованието, постои силен акцент на тоа децата преку игра да научат да ја сакаат својата татковина. Ова е клучно – не преку принуда, туку преку игра“, изјави Валерија Михалева-Устинскаја, претседателка на Националната асоцијација на предучилишни педагози. Таа беше облечена во традиционална народна носија, со украс за глава на кој беше испишан зборот „РУСИЈА“ со фонт во архаичен стил.

Таа позираше за фотографија со кукла обоена во боите на руското знаме, на која стоеше натписот: „Не можете да нè соборите!“

Патриотизмот како дел од образовната политика

Натпреварот е дел од поширока кампања што властите ја спроведуваат од почетокот на отворениот конфликт во Украина во 2022 година. Целта на кампањата е кај децата да се всади патриотизам, заедно со верзии на историјата одобрени од Кремљ и вредности што државата ги нарекува „традиционални“.

Организацијата за човекови права „Амнести интернешенел“ ги осуди одредени аспекти од руската образовна политика, опишувајќи ги како индоктринација поддржана од државата. Победниците на натпреварот ќе добијат помош во производството и маркетингот, а нивните производи би можеле да бидат вклучени во списокот на Министерството за образование со препорачана опрема за градинките и училиштата.

Воени мотиви и историски теми

„Сакаме да им раскажеме на децата за важни настани од историјата на нашата земја на јазик што тие можат да го разберат“, изјави Татјана Кашина, специјалист за односи со јавноста во компанијата за производство на играчки „Весна“. Нивната колекција кукли „Мои херои“, облечени во униформи од времето на Втората светска војна, беше меѓу 30-те победнички дела.

Нагласувањето на воените мотиви е во согласност со засилениот фокус на „воено-патриотско“ образование во руските училишта. Во образовниот систем е повторно воведена основна воена обука, а учебниците по историја сега ја одразуваат перспективата на Кремљ за војната во Украина.

Сепак, играчката што доби најголеми симпатии од јавноста не содржеше никакви воени елементи. Во онлајн гласањето, наградата на публиката ја освои комплетот „Лабораторија на дабарите“ – кој вклучува микроскоп дизајниран во стилот на ова животно.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Воен авион се урна во Франција, пријавени се жртви

Воен авион се урна доцна во вторникот вечерта во департманот Мерт-е-Мозел, во североисточна Франција. Според Анри Лемоан, градоначалникот на Понт-а-Мусон, остатоците од леталото биле лоцирани со помош на дрон.

Воен авион се урна во Франција, пријавени се жртви

Француското Министерство за одбрана соопшти дека најмалку еден член на екипажот загинал.

Борбен авион „Мираж-2000Д“ се урнал синоќа во близина на Нанси за време на тренажен лет, при што загинал најмалку еден член на екипажот (екипажот се состоел од пилот и копилот), пренесува БФМ, повикувајќи се на информации од Министерството за одбрана.

Потрагата по вториот член на екипажот е во тек, а започната е и судска истрага за да се утврди причината за несреќата.

Претходно утрово, градоначалникот Лемоан изјави дека несреќата се случила синоќа околу 23:35 часот, во областа помеѓу местата Рожевил, Домевр-ан-Е и Трамблекур, кои се наоѓаат меѓу Нанси и Мец.

Лемоан на Фејсбук наведе дека на лице место се испратени голем број жандарми и пожарникари за прецизно да ја утврдат локацијата на падот. Во Рожевил е формиран кризен штаб, а граѓаните се предупредени дека движењето во таа област може да биде отежнато.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер