Потер: Отказот од Челси е најдоброто нешто што ми се случило - Канал 5

Потер: Отказот од Челси е најдоброто нешто што ми се случило

Менаџерот на Вест Хем, Греам Потер даде интересна изјава во пресрет на гостувањето против неговиот поранешен клуб Челси во понеделник.

Потер: Отказот од Челси е најдоброто нешто што ми се случило

-Не сакав да ја загубам работата во Челзи. Но, гледајќи го од оваа перспектива, можеби е најдоброто нешто што ми се случило, вели тренерот.

Англискиот стручњак рече дека нема лоши чувства кон „сините“.

-Знам дека фудбалскиот живот е полн со подеми и падови. Можеби во следните 10-20 години ќе постигнам одлични резултати токму затоа што тоа искуство ми помогна да напредувам. На тоа гледам како на период на учење и немам ништо против нив, имам уште многу пријатели таму“, изјави стратегот и додаде: „Сега сум фокусиран исклучиво на Вест Хем и односот што го градам со овој прекрасен клуб и неговите навивачи. Работиме напорно, многу горди и возбудени за иднината“.

Поранешниот шеф на Брајтон го водеше тимот на „Стемфорд Бриџ“ во 31 меч, забележувајќи 12 победи, осум нерешени и 11 порази. Овој биланс резултираше со негово разрешување по неполни седум месеци.

Потер ја презеде челната позиција на „чеканите“ на 9-ти јануари оваа година, на местото на Хулен Лопетеги.

Во досегашните четири натпревари од Премиер лигата освоија четири бода, а Вест Хем моментално се наоѓа на 14. место на табелата. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж извлечен од урнатите четири дена по земјотресот во Колумбија

Во Колумбија маж е извлечен од урнатите четири дена по силниот земјотрес. 

 Маж извлечен од урнатите четири дена по земјотресот во Колумбија

Мажот бил пронајден под урнатините на хотел во градот Переј-Ра, што претставува редок зрак надеж по потресот од 7,4 степени кој ја погоди земјата и однесе најмалку 280 животи..

Околу 400 луѓе и натаму се водат како исчезнати. Земјотресот што ја погоди колумбија во понеделникот наутро, со епицентар во Сан Хозе Дел Палмар во покраината Чоко, урна повеќе станбени блокови и оштети куќи, училишта и болници низ западот на земјата..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најголемиот пожар во историјата регистриран во Белгија, ЕУ испраќа помош

Земјите-членки на ЕУ испратија три хеликоптери и два авиона за гаснење пожари за да ѝ помогнат на Белгија во справувањето со пожар во источниот дел на земјата.

Најголемиот пожар во историјата регистриран во Белгија, ЕУ испраќа помош

Земјите-членки на ЕУ испратија три хеликоптери и два авиона за гаснење пожари за да ѝ помогнат на Белгија во справувањето со пожар во источниот дел на земјата, изјави европскиот комесар за управување со кризи, откако белгиските власти побараа итни засилувања за да го стават под контрола најголемиот пожар што ја погодил земјата во последните неколку децении.

Огнот го зафати „От Фан“ (Hautes Fagnes), најголемиот белгиски природен резерват, каде што пожарот беснее уште од петокот. Локалните пожарникари, земјоделците и ангажираните воени сили се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот.

Според извештаите на локалните медиуми, кои се повикуваат на податоци од гувернерот на провинцијата Лиеж, до денес попладне изгореле околу 1.600 хектари.

Ова е најголемиот пожар регистриран во Белгија досега – кој го надминува дури и пожарот од 2011 година, кога изгореа речиси 1.400 хектари – според податоците на Европскиот информативен систем за шумски пожари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: По 30 години чекање, булеварот „Борис Трајковски“ добива нов асфалт

По три децении чекање и бројни најави, започна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“, со што проектот влегува во својата завршна фаза.

Град Скопје: По 30 години чекање, булеварот „Борис Трајковски“ добива нов асфалт

По решавањето на долгогодишните имотно-правни прашања и завршената експропријација, трасата е целосно ослободена за реализација на градежните активности. Во рамки на проектот е изградена и нова атмосферска канализација, со што се создава современа и функционална инфраструктурна основа за овој значаен сообраќаен коридор.

Започнатото асфалтирање е конкретен чекор кон целосното завршување на булеварот и подобрување на сообраќајното поврзување, безбедноста и условите за движење на граѓаните.

Она што со години беше само ветување, денес се претвора во конкретен резултат.

Ова е пример дека со решавање на проблемите, сериозна работа и посветеност, Скопје може да добива инфраструктура која ќе служи на граѓаните и ќе остане за идните генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер