Посурова и од Ескобар: Убивала од забава, ја предал љубовникот - Канал 5

Посурова и од Ескобар: Убивала од забава, ја предал љубовникот

Убиствата на улиците на мексиканската туристичка мека Ла Паса, мало крајбрежно гратче со нешто повеќе од 200.000 жители, а чие име во превод значи “мир“, во првите месеци од 2015 година станаа нормална појава.

Посурова и од Ескобар: Убивала од забава, ја предал љубовникот
Алармот за тамошните власти, инаку во голема мера навикнати на крвавите пресметки на нарко дилерите, заѕвони кога сфатија дека во градот во првите два месеци од 2015 година се извршени повеќе убиства отколку во претходната година.

Некои од нив не биле само обични ликвидации – на пронајдените тела често недостасувале и делови како раце, нозе, глава, понекогаш и органи, телата биле целосно искасапени, многу од нив никогаш и не успеале да ги идентификуваат. На бруталните убиства на кои не им се гледал крајот го носеле потписот на “мексиканската кралица на смртта“, како што ја нарекоа тамошните медиуми.



За неполна година – 180 убиства!

Под вистинското име, Мелиса Маргарита Калдерон Оједа ја знаеле малкумина, но нејзиниот прекар, кој денеска оваа 33 годишна жена го доби уште во 2005 година, кога нејзиниот тогашен партнер Ерик Вон Борстел ја вовел во светот на наркобизнисот и картелот, злогласно одѕвонува.

Ла Чина или преведено – Азијатка – било името кое го одбрала инспирирана од историјата на мексиканскиот бизнис со наркотици кои на западниот брег во Синалоа почнале да го развиваат кинеските доселеници, а Мексиканците во шеесеттите години на минатиот век насилно го преземале.


Дури 180 убиства за неполни година дена, колку што се поврзуваат со Ла Чина, ни тамошните власт, кои знаат да прогледаат низ прсти кога станува збор за пресметка меѓу припадниците на нарко бандите, не можеле повеќе да ги толерираат. Иако под себе имала мрежа на луѓе, која била сочинета од 300 платени убијци и дилери препознатливи по црвените мотоцикли на кои се возеле. Ла Чина е позната по тоа дека убиствата сакала да ги извршува сама.


„Сакала да ги извалка рацете со крв“

„Не беше од оние кои валканите работи им ги препуштаат на другите, кои наредуваат некои да се убие подалеку од нивните очи. Сакаше самата да ги извалка рацете со крв, и тоа беше причината поради која за десет години се проби од еден обичен пион во картел, до најмоќната жена во Ла Паса и околината“ – ова им го пренел на истражителите, нејзиното поранешно момче Педро „Ел Чино“ Гомез откако бил уапсен.

Го опишал и начинот на кој сакала да убива.

„На својата пријателка Ла Габи, жена на чиј изглед ретко кој маж може да остане рамнодушен, и веруваше повеќе од било кого. Ќе облечеше краток фустан, штикли со високи потпетици и ќе застанеше покрај патот на кои требаше да помине нивната жртва, обично неколку стотина метри од некои ноќен клуб или кафуле. Во моментот кога личност која планираат да ја убијат, поминува, Ла Габи се преправаше дека е пијана, дека одвај стои на нозе, се сопнуваше...Потенцијалните жртви би го сопреле автомобилот и би тргнале кон неа да и помогнат, а тогаш од мракот од зад грб се појавуваше Ла Чина“ – вака опишал Ел Чино пред полицијата.

Како можел тоа да го знае? Па, освен тоа што долго време бил момче на Ла Чина, бил и вториот човек во нејзиниот клан. Благодарејќи на него властите после неколку години и неколку неуспешни обиди успеале да ја фатат озогласената “кралица на смртта“ и тоа без испален куршум. Но како воопшто се случило на личност која, освен Ла Габи, најмногу и верувала да ја предаде на полицијата?

Во светот на наркокартелите тогаш 20-годишната Мелиса во 2005 година ја вовел партнерот и љубовта на нејзиниот живот Ерик Вон Борстел, кој бил еден од високо рангираните луѓе во картелот Дамасо – огранок на најпознатиот мексикански наркокартел Синалоа. Напредувањето во хиерархијата на наркокартелот ја изгради преку мртви тела, а веќе во 2008 година поставена е на чело на вооруженото крило на Дамасо. Проблемот настанал во 2015 година кога лидерот на Дамасо се одлучил да ја смени и на нејзино место да го постави Абела „Ел Гранде“ Кинтера, осудуван убиец кој таа година бил пуштен од затвор во кој служел казна поради убиство.

Проблемот бил во тоа што токму Ел Гранде, пред девет години го убил партнерот на Мелиса, Вон Борстел. Тоа што е сменета од него го доживеала како провокација и основала своја банда со која започнала војна против Дамасо. Против себе освен полицијата го имала и еден од најсилните мексикански картели. Безбедните куќи ги менувала и по два-три пати неделно.



Вода уште капела од облеката која се сушела на јажињата кога кордон полицајци влегле во куќата. Ла Чина буквално пет минути претходно добила дојава дека полицијата знае за нејзината локација. Побегнала со такси, а полицијата во куќата освен облеката пронашла и неколку парчиња оружје и муниција. На сличен начин успеала да побегне веќе шест пати, а секојпат одлучувале минути. Иако добар дел од полицијата ја барал, Ла Чина во редовите на органите на правдата имала доста свои доушници.

Дека тоа не биле само шпекулации, покажале и неколку снимки од безбедносните камери на кои се гледа дека токму полицајците и помагале да дојде до своите жртви. Снимките во еден хотел забележале како двајца полицајци и даваат знак дека се е чисто, за потоа таа во придружба на своите убијци да влезе во хотелот и неколку минути подоцна да излезе со двајца мажи кои биле врзани. Нивните осакатени тела се најдени неколку дена подоцна.

Убивала од забава

„Стана чудовиште, повеќе не убиваше за да се одбрани, туку од забава, и беше забавно да ги мачи луѓето и стануваше се полошо и полошо. Сепак, сето тоа го трпев бидејќи ми беше страв дека ќе ме пронајде и ќе ме убие ако ја напуштам“ – признал пред истражителите нејзиниот тогашен партнер Ел Чино.

Капката која ја прелила чашата се случила во летото 2015 година. Ел Тисон и пререкол пред другите припадници банда поради едно убиство. Тогаш го убила и него. Најпрво го полеала со киселина, потоа го избола со нож, за на крајот да му ги отсече дланките.

„Тогаш реков доста, се одлучив дека повеќе не сакам да имам ништо со неа, а тоа и го порачав преку телефон откако се сокрив“ - објаснил Ел Чино.

Сепак, полицијата набргу го пронашла и привела, а тој во замена за помала казна одлучил да ги даде имињата на корумпираните полицајци кои работеле за Ла Чина. Полицајците ја уапсиле во октомври 2015 година на аеродром, додека влегувала во приватен авион.

Бројот на убиства во Ла Паса после нејзиното апсење се смалил за 300 отсто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број странски туристи во септември во земјава дошле од Турција - вкупно 27.933. По нив во бројност се туристите од Србија со 8.358, потоа од Германија со над 6.000 и Полска со над 4.600 туристи.

Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември годинава, а од вкупниот број туристи, скоро 25 проценти биле домашни, додека 75 проценти биле странски туристи.

Споредбено со периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Во четврток (05.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Иван Милевски.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. пилешки стек

5 - 6 кисели краставички

100 гр. сусам

150 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Прилог

потпечени лепчиња и шери домати

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓаните

Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денеска престојуваше во работна посета на Општина Радовиш, каде што оствари средба со градоначалникот Љупче Почивалец

Лашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓаните

Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денеска престојуваше во работна посета на Општина Радовиш, каде што оствари средба со градоначалникот Љупче Почивалец, на која се разговараше за реализацијата на тековните и планираните инфраструктурни проекти, како и за натамошното унапредување на соработката меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и локалната самоуправа во општина Радовиш.

Во рамките на посетата, заменик-министерката Лашкоска и градоначалникот Почивалец извршија увид во реализацијата на проектот за уредување на речното корито на Ораовичка Река, за кој Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Програмите за води за 2025 и 2026 година, има обезбедено 12 милиони денари. Реализацијата на овој проект има особено значење за подобрување на заштитата од поплави, намалување на ризиците од излевање на реката и унапредување на безбедноста на населението и околните имоти.

Посебно внимание на работната средба беше посветено и на планираниот проект за изградба на водоводна, фекална и атмосферска канализациска мрежа во Урбан блок 15 во Радовиш, чија реализација е предвидена со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање. Овој инфраструктурен зафат претставува важен чекор кон подобрување на комуналните услуги, обезбедување посигурно водоснабдување и поефикасно управување со отпадните и атмосферските води.

На средбата беше нагласено дека успешното спроведување на инфраструктурните проекти бара континуирана координација и партнерство меѓу централната и локалната власт, со јасно утврдени приоритети кои произлегуваат од реалните потреби на населението.

„Граѓаните не ја мерат успешноста на институциите само според вложените средства, туку според подобрувањата што ги чувствуваат во своето секојдневие. Токму затоа, секој реализиран проект, секој метар изградена водоводна или канализациска мрежа и секое уредено речно корито за нас претставуваат вложување во нивната сигурност, здравје и поквалитетен живот. Нашата цел е инвестициите во животната средина да бидат видливи преку конкретни придобивки за граѓаните и да создаваат трајни вредности за идните генерации“, истакна заменик-министерката Лашкоска.

Во таа насока, Министерството за животна средина и просторно планирање и во 2027 година ќе продолжи да ја развива соработката со Општина Радовиш, со фокус на реализацијата на приоритетните инфраструктурни проекти, одговорното управување со водните ресурси и натамошното подобрување на условите за живот на локалното население.

МЖСПП посветено работи преку континуираните инвестиции, одговорното управување со природните ресурси и партнерството со локалните самоуправи, создава долгорочни решенија за еколошките и инфраструктурните предизвици, со јасна цел – побезбедни населени места, почиста животна средина и подобар квалитет на живот за сегашните и идните генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер