Поставени темели за нов конак во Лешочкиот манастир - Канал 5

Поставени темели за нов конак во Лешочкиот манастир

 Во манастирскиот комплес Свети Атанасиј во тетовски Лешок денеска се изврши осветување и положување камен темелник за нов конак. 

Поставени темели за нов конак во Лешочкиот манастир

Објектот ќе се гради кај влезот во комплексот на местото каде порано беа помошни простории и остава од манастирот.

-Овој конак се гради со манастирски средства. Постоеше потреба за еден посовремен конак каде што би можело да се сместат посетители, да се одржуваат состаноци на црковно ниво, да има апартмани за престој на владиците, кујна и трпезарија. Ќе биде на два ката, а приземнито дел ќе биде изграден со камен како што беше и претходниот објект, истакна отец Александар Стојановски.

Чинот на осветување на камен темелникот го изврши архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан во сослужение на митрополитот тетовско-гостиварск г. Јосиф, брегалнички г. Иларион, кумановско-осоговски г. Јосиф како и други свештени лица. Овој повод е достоен за македонската духовна тврдина во Пологот, рече Архиепископот.

-Лешочкиот манастир е духовен извор од кој се напојувале генерации правослвни богољупци. Манастирот е неоткинливо поврзан со својот историски корен. По Лешочкиот манастир се гледа чии се и колу се длабоки корените на овие простори и каков е идентитеот на овој крај. Кога сакале во историјата да го замолачат овој сведок на нашата вера и прибежиште на нашиот народ, но не успеале да ја уништат вистината, зошто и урнатиот камен и затрупаните темели сведочеа за вистината а и новоизграденото ќе продолжи да сведочи, истакна во пригодниот говор г.г Стефан.

Објектот ќе претставува западно крило на конакот и ќе има 750 квадратни метри на два ката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер