Последна сесија на Европарламентот пред европските избори - Канал 5

Последна сесија на Европарламентот пред европските избори

Меѓу темите и Механизмот за раст на Западниот Балкан.

Последна сесија на Европарламентот пред европските избори

Најновите случувања на Блискиот Исток, состојбата во Украина и европската поддршка на земјата, измените во правилата на Заедничката земјоделска политика, обвинувањата за обиди за ширење на руско влијание во институциите на ЕУ, ќе бидат меѓу главните теми на кои ќе се расправа на последното пленарно заседание на Европскиот парламент пред одржувањето на изборите за нови европратеници, што ќе се одржи од денеска до четврток во Стразбур.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во рамки на заседанието за утре е предвидена дебата на европратениците за Предлог-регулативата за создавање на Механизмот на за реформи и раст за Западниот Балкан, како инструмент за имплементација на Планот за раст на регионот. Гласањето по законската регулатива е предвидено за в среда.

Сесијата ќе почне попладнево со дебати за повеќе законските регулатива, меѓу кои и за борбата против трговијата со луѓе и заштита на нејзините жртви, како и за забрана за продажба во ЕУ на стоки произведени со принудна работа. Гласањето по двата закони е предвидено за утре.

Покрај за овие два законски предлози во текот на утрешниот ден Европарламентот ќе се изјасни и за регулативите за мерките за либерализација на трговските односи со Украина, за новите правила за „екодизајн“, како и за визна либерализација на жителите на Косово иматели на српски пасоши издадени од српското Координативно тело за Косово.

Утре европратениците треба да дебатираат за регулативата за борбата против насилството врз жените и за воспоставување на Европската карта за лицата со попреченост, за кои закони ќе се изјаснат в среда. Истиот ден, Европарламентот ќе се изјасни за регулативата за спречување на перењето пари, по која претходно ќе се одржи и расправа.

Заседанието ќе продолжи утре попладне со дебата за одговорот на ЕУ на убиствата на хуманитарни работници, новинари и цивили од страна на израелските сили во Појасот Газа, потоа за искористувањето на руските замрзнати средства за поддршка на Украина и нејзината обнова, за законот за странски агенти во Грузија, за состојбата на Хаити, за стратешкото и сеопфатно партнерство со Египет, како и за растителниот и шумски репродуктивен материјал во Унијата.

Европските пратеници в среда, меѓу другите, ќе гласаат и за поедноставување на одредени правила од Заедничката земјоделска политика и за законите за отпад од амбалажа, за квалитетот на амбиенталниот воздух во Европа, за длабинска анализа за компаниите, за прекугранична размена на информации за сообраќајни прекршоци, како и за создавање на европски простор за здравствени податоци.

Сесијата в среда ќе започне со главната дебата на ова пленарно заседание на Европскиот парламент посветена на случувањата на Блискиот Исток по иранскиот напад врз Израел од пред една недела, вклучително и за заклучоците од Специјалниот европски совет одржан на 17 и 18 април за оваа тема, како и за одговорот на ЕУ во насока на деескалација на тензиите во регионот.

Гласањето по Резолуцијата што треба да произлезе од оваа дебата е превидено за в четврток.

По дебатата за Блискиот Исток, в среда ќе се расправа и за „екстремно десничарските и конзервативните обиди за уништување на Зелениот договор“, како и за Предлог-директивите за борба против перењето пари.

В четврток европратениците ќе дебатираат и ќе гласаат за формирање Меѓуинституционално тело за етички стандарди на членовите на институциите на ЕУ, како и за Законот за индустрија за нулто ниво на емисии на штетни гасови. Истиот ден, ќе се гласа и за резолуции за новите обвинувања за наводни обиди за руско мешање и влијание во Европскиот парламент, како за претседателските избори во Русија.

Во рамки на овонеделното заседание на Европскиот парламент за в среда е предвидена и свечена седница посветена на 20-годишнината од досега најголемото проширување на ЕУ во 2004 година. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Купила дијамант на ТикТок за 23 евра, па го однела на златар за проценка- останала шокирана (ВИДЕО)

Кога мислиме на дијаманти, обично мислиме на луксузни златари, скапи парчиња накит, па дури и на избор на веренички прстен. Сепак, една девојка успеа да купи дијамант на TikTok Shop за само 19 фунти (околу 23 евра).

Купила дијамант на ТикТок за 23 евра, па го однела на златар за проценка- останала шокирана (ВИДЕО)

Поради екстремно ниската цена, Меги немаше големи очекувања. Сепак, таа одлучи да се впушти во експеримент за да види што ќе се случи. Таа на шега го нарече својот дијамант „сомнителен“ и најави дека ќе провери дали е вистински, објавува Mirror.

„Сакам да проверам“

Меги им објасни на своите следбеници дека има намера да го однесе кај два различни златари за да ја провери неговата вредност.

„Сакам да проверам дали сум измамена или дали е навистина вистински дијамант“, рекла таа.

Првиот златар не можел да утврди дали дијамантот е природен или одгледан во лабораторија (синтетички), бидејќи, како што ѝ објаснил, таквата проверка бара посебна опрема.

Па затоа отишла кај друг експерт, кој ѝ рекол дека каменот нема VVS чистота, бидејќи имал голем број ознаки и несовршености.

Ознаката VVS се однесува на дијаманти со многу мали внатрешни карактеристики кои се исклучително тешки за гледање, дури и под десеткратно зголемување. На скалата на јасност, тие се наоѓаат веднаш под категоријата Flawless (FL), што значи дека нема внатрешни или надворешни недостатоци, и Internally Flawless (IF), што значи камен без внатрешни недостатоци. Категоријата VVS е поделена на две подгрупи - VVS1 и VVS2.

Златарот потоа потврди дека дијамантот потекнува од лабораторија. Нејзината реакција беше изненадување, бидејќи очекуваше дека воопшто не е вистински дијамант.

„Значи, изгледа дека овој дијамант е вистински. Бев шокирана“, додаде таа.

Сепак, имаше еден проблем. Иако златарот потврди дека станува збор за дијамант одгледан во лабораторија, тој се сомневаше дека сертификатот на Меѓународниот гемолошки институт (IGI) што доаѓаше со него е автентичен.

Што рече златарот?

Меги објасни што ѝ кажал експертот:

„Тој рече дека го знае тоа бидејќи сертификатот IGI вели дека дијамантот е VVS2, што значи дека е многу чист и нема ситни точки во него. „Но, тој рече дека тоа не е вистина“, рече таа.

Значи, златарникот заклучува дека дијамантот е одгледан во лабораторија, но неговиот квалитет е понизок од оној што треба да го покаже ознаката VVS2 на сертификатот.

„Во основа, тоа не е многу добар дијамант, но сепак е вистински дијамант одгледан во лабораторија“, заклучи Меги.

Иако успеа да добие синтетички дијамант за мала сума пари, таа призна дека сепак би сакала да има „прекрасен дијамант“ околу вратот или на прстот отколку овој примерок.

Голем број корисници на TикТок кои коментираа на објавата се согласија со неа. Некои претпоставија дека цената е толку ниска токму поради „заматеноста“ на каменот што го добила.

„Повеќето дијаманти одгледани во лабораторија имаат многу висока чистота, а никој не купува дијаманти со ниска чистота, па затоа ова е единствениот начин да се ослободите од нив“, напиша еден корисник.

Друг кратко коментираше: „Тогаш не е добар дијамант. Искрено, јас дури и не би се замарал со него.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромен пожар со часови беснее во познат зимски центар во Романија (ВИДЕО)

Пожарот што избувна во голем хотел во романското зимско одморалиште Појана Брашов гори повеќе од 12 часа, а пожарникарите сè уште се обидуваат да го локализираат и изгаснат. 

Огромен пожар со часови беснее во познат зимски центар во Романија (ВИДЕО)

Интервенцијата се состои во користење термовизиски камери и беспилотни летала за воздушно извидување за да се пронајдат скриени жаришта и да се спречи понатамошно ширење на пожарот.

Конструкцијата на покривот, кој е направен од два слоја метални лимови, им го отежнува на пожарникарите пристапот до местата каде што пожарот сè уште се задржува.

„Пожарникарите продолжуваат да вложуваат континуирани напори за лоцирање и гаснење на пожарот што избувна во хотелот во одморалиштето Појана Брашов. Интервенцијата е особено тешка, со оглед на конфигурацијата на покривот, направен од два слоја метални лимови, што го отежнува пристапот до скриените жаришта“, објави во понеделник наутро Инспекторатот за вонредни состојби на округот Брашов (ISU).

Како што е наведено, потребно е да се отстрани покривната покривка и да се интервенира и на покривот и на фасадите на зградата. Конфигурацијата на конструкцијата и тешкиот пристап значително ја комплицираат операцијата на гаснење.

Според ISU Брашов, пожарот се проширил на покривот, таванот и трите горни ката од зградата околу 22 часот во недела.

Од хотелот биле евакуирани околу 150 лица, а според досегашните информации, во пожарот нема повредени или загинати.

Во гаснењето на пожарот се вклучени бројни противпожарни служби од четири окрузи. Покрај пожарникарите од Брашов, мобилизирани се и екипи од неколку окрузи во Романија, како Ковасна, Прахова и Аргеш, како и членови на доброволната противпожарна служба од Раснов.

На местото на настанот се наоѓаат и екипи од службата за итна медицинска помош на округот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Копретседателот на АфД најави депортирање на 2,6 милиони луѓе од Германија

Копретседателот на германската десничарска партија Алтернатива за Германија (AfD), Тино Чрупала, повика на враќање на до 2,6 милиони луѓе од Германија во нивните матични земји.

Копретседателот на АфД најави депортирање на 2,6 милиони луѓе од Германија

Според неговиот предлог, не само странските државјани кои се должни да ја напуштат земјата и странците осудени за кривични дела треба да ја напуштат земјата, туку и Сиријците, Авганистанците и Украинците, штом причините поради кои им е дадена заштита повеќе не постојат.

Чрупала го објасни своето барање во интервју за подкастот на Билд „Unter Zwei“, осврнувајќи се на можните политички промени во земјите од кои доаѓаат мигрантите, објави Берлинер Цајтунг.

Според него, ако војната во Украина заврши или безбедносната ситуација во Сирија и Авганистан се подобри до тој степен што меѓународната заштита повеќе не е потребна, луѓето од тие земји ќе мора да се вратат. „А тука зборуваме за 2,6 милиони луѓе“, рече Чрупала, објаснувајќи ја својата пресметка.

Универзитетски професор: Погрешни тврдења

Неговиот предлог е спротивен на ставот на неговиот партиски колега Максимилијан Крах, кој претходно предупреди на претерани очекувања кога станува збор за депортации. Крах верува дека враќањето на 200.000 луѓе би претставувало најголема операција од ваков вид во европската историја по Втората светска војна.

Тврдењата на Чрупала беа критикувани и од експертот за миграција Даниел Тим, професор на Универзитетот во Констанц, кој ги смета за погрешни.

Според Тим, лидерот на AfD создава впечаток дека милиони Украинци, Сиријци и Авганистанци би можеле да бидат депортирани масовно и за краток временски период од Германија. Сепак, такво нешто не е правно можно. Тим објаснува дека статусот на меѓународна заштита мора да се разгледува од случај до случај.

Иако околностите поради кои некому му е доделена заштита може да се променат, што може да ја доведе во прашање нејзината континуирана валидност, тоа не значи дека заштитата може автоматски да се одземе за сите граѓани на дадена земја. Затоа, Тим верува дека бројката од 2,6 милиони луѓе што ја споменува Чрупала е превисока.

Околу 259.000 луѓе имале обврска да ја напуштат Германија во средината на 2026 година

Според последните достапни податоци објавени од „Билд“, околу 259.000 луѓе во Германија имале обврска да ја напуштат земјата во средината на 2026 година. Станува збор за лица чии барања за азил се одбиени, кои повеќе немаат право да останат во Германија и кои се должни да ја напуштат нејзината територија.

Сепак, дури 77 проценти од нив имале статус на привремено одложување на депортацијата, што значи дека нивното присилно отстранување од земјата засега не е дозволено.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер