Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина, бара пристап до сателитската услуга „Старлинк“
1Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина, бара пристап до сателитската услуга „Старлинк“
3На дното на Средоземното Море се пронајдени остатоци од брод, стар 2.100 години- археолозите изненадени од товарот
Шоу бизПосле разводот нејзиниот поранешен сопруг продолжи, таа не може: Не одбрав ваков животПоминаа повеќе од две ипол години откако Џенифер Гарнер и Бен Афлек ја известија јавноста дека се разведуваат.Иако Бен пронајде партнерка, телевизиската продуцентка Линдси Шукус, актерката Џенифер Гарнер се уште е сама. Бен Аффлек гуляет с Линдси Шукус 😇 Они выглядят счастливыми! #benaffleck #lindsayshookus #peopletalkru #peopletalkrus A post shared by PEOPLETALK.ru ❤ (@peopletalkrus) on Nov 19, 2017 at 7:13am PST Таа потврди за медиумите дека и понатаму поминува низ тешки моменти и дека не е спремна да замине на состаноци и пушти нова личност во својот живот. „Од разводот не сум била на состанокт и не сум заинтересирани за љубов. Луѓето сакаат да ми наместат состанок, меѓутоа јас ги одбивам и им се заблагодарувам“ – изјави Гарнер за „News.com.au”. Четириесет и петгодишната актерка која има три деца со Бен Афлек, Вајолет, Серафин и Самујел, открила како изгледа нејзиниот живот откако се развеле. „Не одбрав ваков живот за себе или своите деца. Никогаш не би одбрала да бидам сама и во оваа позиција. Тоа е нешто низ што мора да поминеме“ – изјави таа. Бен и Џенифер заедно поминаа 10 години и денеска се многу блиски. Познато е дека актерката му помогнала на својот поранешен сопруг во лечењето од алкохолизам. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина, бара пристап до сателитската услуга „Старлинк“Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина откако во рускиот бомбашки напад вчера загинаа најмалку 35 лица на исток, со што бројот на жртви од руските напади во последните два дена се зголеми на над 70.Неколку часа по нападот на два автобуса во градот Краматорск, Зеленски ги критикуваше напорите на Вашингтон да воспостави економски врски со Русија. Зборувајќи со новинарите во Прилуки, украинскиот лидер ги повика САД да се согласат со неговите барања за проширување на пристапот на Украина до сателитската услуга „Старлинк“ за да ѝ помогнат во таргетирањето на руските лансери на балистички ракети. - Го отворивте кога му одговаравте на Иран... Јас реков сосема отворено - дајте ни го, помогнете ни да го одбраниме нашето небо и да доминираме таму. А потоа Путин ќе седне на преговарачката маса“, рече тој во емотивна изјава. Пред Москва да нападне, високи руски и американски претставници, вклучувајќи го и специјалниот претставник на Сад Џаред Кушнер, разговараа за привлекување американски инвеститор во гасоводите „Северен тек“ што испорачуваа руски гас во Германија објави Ројтерс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Карпош: Отстранување на хаварисани возила во Карпош 3Општина Карпош продолжува со редовната акција за подигнување и отстранување на отпадни и хаварисани возила од јавните површини на територијата на општината. Акцијата, која ја спроведува Секторот Инспекторат, во соработка со колективниот постапувач „ГРЕЕН РОАД“ ДООЕЛ – Скопје, започна во реонот на УЗ Карпош 3. Во рамки на акцијата беа подигнати стари отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно биле спроведени соодветни инспекциски постапки. Со отстранувањето на хаварисаните возила се ослободуваат јавни површини и паркинг-простори, а воедно се придонесува кон подобрување на комуналниот ред и квалитетот на животната средина. Акцијата ќе продолжи во наредниот период, сè до отстранување на отпадните возила за кои се исполнети условите за подигнување. Општина Карпош апелира до граѓаните на совесно и одговорно однесување и заеднички придонес кон почист, поуреден и побезбеден Карпош.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОбвинителството не нашло докази за шпионажа во кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова Затворена е предистражната постапка за наводниот неовластен пристап до компјутерскиот систем во кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. ОЈО ГОКК утврдило дека немало основ за натамошно јавнообвинителско постапување. Во текот на постапката била обезбедена компјутерска опрема, врз која биле извршени информатичко-форензички анализи, а биле анализирани и податоци од мобилни уреди и земени известувања од лица запознаени со случајот. Според извештаите на секторот за компјутерски криминал при МВР, не биле пронајдени дигитални траги или други форензички показатели за неовластено навлегување во системот, ниту докази дека биле снимани или прибирани класифицирани податоци. Биле констатирани одредени безбедносни и административни слабости во конфигурацијата на системот, кои можеле да претставуваат потенцијален ризик, но обвинителството оценило дека нема докази за извршување на пријавените кривични дела, соопштија од обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter