После Фиат и Форд прави автомобил со филтер кој штити од вируси - Канал 5

После Фиат и Форд прави автомобил со филтер кој штити од вируси

Баш како и Фиат, Форд подготвува систем за прочистување на воздух кој штити од вируси.

После Фиат и Форд прави автомобил со филтер кој штити од вируси

Тестирањата покажале дека Форд „micronAir protect“ филтерот има 99,9% ефикасност во отстранување на вирусите, вклучувајќи ги свинскиот грип и коронавирусот, а на САРС се уште не е тестиран, но се очекува идентична ефикасност.

Форд „ micronAir proTect“ филтерот е развиен од експрети за филтрација од компанијата Фројденберг, а многу е ефикасен во задржување на широк спектар на штетни микроби, алергии, па дури и вируси како што е споменато.

Подобрениот систем користи јаглен и посебен активен слој произведен по таен рецепт, вклучувајќи лимунска киселина, а штити и од бактерии.

Овој филтер може да фати честички со големина од 0,005 микрони. Вграден е во вентилациониот систем на возилото, може да ги спречи штетните честички и вирусите да влегуваат во кабината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Барселона го претставува Ливаковиќ

Хрватскиот репрезенативец Доминик Ливаковиќ (31) е официјално претставен како нов голман на шпанскиот шампион Барселона. 

Барселона го претставува Ливаковиќ

Голманот на хрватската репрезентација пристигна во Барселона и по успешните лекарски прегледи, потпиша договор со каталонскиот гигант.

Барселона ја потврди веста преку социјалните мрежи и со соопштение на официјалната веб-страница на клубот.

„Уште поголема сигурност меѓу стативите. Добредојде, Ливаковиќ“, објави клубот заедно со фотографија од новиот голман и натписот „Подготвен кога е потребно“. Ливаковиќ потпиша договор со Барселона што важи до крајот на сезоната 2029/30.

Барселона првично планираше да го ангажира Ливаковиќ за следната сезона, кога истекува договорот на Војчех Шчесни, но клубот одлучи да го забрза процесот.

Според информациите од Шпанија, Каталонците ќе му платат на неговиот актуелен клуб, Фенербахче, фиксна сума од 2 милиони евра за хрватскиот голман, плус дополнителни 2 милиони евра преку бонуси.

Ливаковиќ доаѓа во Барселона по тригодишен престој во Фенербахче, каде што пристигна од Динамо во летото 2023 година. Тој помина седум години во загрепскиот клуб, освојувајќи бројни трофеи и етаблирајќи се како еден од клучните играчи на тимот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Филипче продолжува со хистеричната серија овој пат за дата центри, за разлика од СДС, Владата на ВМРО-ДПМНЕ не прави ништо штетно за граѓаните

Венко Филипче и неговото СДС координирано од Зоран Заев, и во врска со идејата за дата центри, или центри за податоци, во Македонија, покажуваат дека воопшто не мислат за државата, нејзиниот развој што носи придобивки и за граѓаните.

Лефков: Филипче продолжува со хистеричната серија овој пат за дата центри, за разлика од СДС, Владата на ВМРО-ДПМНЕ  не прави ништо штетно за граѓаните

Филипче повторно излезе јавно со низа на критики и сомнежи во врска со евентуална изградба на дата центри во Македонија.

Едноставно кажано, Филипче и за оваа тема почна да шири невистини, паника или хистерија во јавноста. Наводно дата центрите биле закана за водните ресурси во државава, дека ќе има енормна потрошувачка на струја како да не слушнал за обновливи извори на струја и слично.

И овој пат очигледно Филипче стана нервозен и застана контра дата центрите веројатно затоа што не помина иницијативата во Пехчево на нивниот човек, негов и на Заев, инаку поранешен пратеник од СДС.

Филипче може да биде мирен кога станува збор за државата и ресурсите во Македонија. Надлежните деновиве јасно кажаа дека се прави се за Македонија да биде модерна, богата современа држава, а притоа да не се наруши ниту околината ниту животот на граѓаните.

YouTube video

Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Сулејмани изврши увид во изградбата на Универзална сала

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани денеска изврши увид во тековните активности за изградба на објектот на „Универзална сала“ во Скопје и се информираше за динамиката и напредокот на градежните работи.

Министерот Сулејмани изврши увид во изградбата на Универзална сала

При увидот, Сулејмани од страна на управителот на градбата „Мегарон Инженеринг“ – Скопје, надзорниот орган – Друштво за управување со проекти „ЕОС Е.Е. консалтинг“ ДОО Скопје, и изведувачот „Универзал Балкан“ ДОО Скопје, беше информиран дека активностите се одвиваат во рамките на роковите утврдени со динамичкиот план. На објектот се реализирани повеќе значајни активности, меѓу кои ископи на подрумското ниво, изведба на столбови, активности за заштита на конструкцијата, како и изработка и поставување на челични елементи. Дополнителен напредок на активностите се очекува да биде забележлив уште во текот на претстојниот викенд.

Инаку во моментов, во производствените капацитети на „Актива“ во Штип интензивно се работи на изработката на челичната конструкција. Значаен дел од челичните конструктивни елементи веќе се изработени, а според планираната динамика, транспортот и монтажата на челичната конструкција, без трибините, треба да завршат најдоцна до средината на септември 2026 година.

Според министерот Сулејмани „Универзална сала“ е објект од особено значење за Скопје и за културниот живот во државата. Особено е значајно дека има напредок на работите и важно е изградбата да продолжи со засилена динамика и со почитување на утврдените рокови. Тој очекува во наредниот период објектот да добива се поконкретен и повидлив изглед.

Министерот потенцираше дека Министерството за култура и туризам и во иднина ќе продолжи да го следи процесот на реализација на проектот, во соработка со сите надлежни субјекти вклучени во изградбата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер