Поскапува сместувањето во студентските домови - Канал 5

Поскапува сместувањето во студентските домови

Бројката на социјални стипендии се намалува поради тоа што во изминатите пет години таа никогаш не беше исполнета, но ќе се зголеми квотата во други категории и бројката на доделени стипендии ќе остане иста, уверуваат од МОН

Поскапува сместувањето во студентските домови

Бројката на социјални стипендии се намалува поради тоа што во изминатите пет години таа никогаш не беше исполнета, но ќе се зголеми квотата во други категории и бројката на доделени стипендии ќе остане иста, уверуваат од МОН по реакциите во јавноста.. Велат дека со законските измени...

-Предложено е подобрено прераспределување на стипендиите во рамките на квотата од 100%, за да им се излезе во пресрет на студентите и за да имаме стипендии кои се базираат на успех, на потребите на државата и на пазарот на трудот. Минатите пет години, квотата за 1500 социјални стипендии не се исполнува, и ќе се преструктуираат бројките во квотите. – велат од МОН.

Освен ова, со измените се предвидува и зголемување на партиципацијта на студентите за сместувањето во реновираните домови од сегашните 50% на 60% од сумата, додека во останатите останува иста.

Критики за ваквите измени упатија социјалдемократите и дел од пратениците од Коалицијата Европски фронт, кои порачаа дека за измените не е направена добра анализа и со нив се прави голема дискриминација.

Од Образование исто така соопштија дека работат на ново законско решение со кое ќе ги преземат платите на вработените во студентските домови, за да се намали товарот врз партиципацијата која ја плаќаат студентите, а од која се финансираат платите на вработените во студентските домови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никола Србов и Александар Трајановски во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Никола Србов и Александар Трајановски.

Никола Србов и Александар Трајановски во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љубов на прв поглед или само привлечност?

– Пет знаци дека сте доживеале длабока поврзаност

Љубов на прв поглед или само привлечност?

Љубовта на прв поглед не потекнува од умот, ниту пак се потчинува на логиката; таа е промена што се случува во еден миг, после која странецот повеќе не се доживува како непознат. Кога ќе се случи, таа со себе не носи ниту немир, ниту анализирање, туку чувство на длабоко, необјасниво присуство.

Ако се прашувате дали сте доживеале ваква мистериозна средба, еве ги знаците што откриваат дека станува збор за нешто многу подлабоко од обична привлечност.

1. Внатрешен мир и спуштање на гардот

Првите средби со нови луѓе речиси секогаш носат доза на воздржаност и претпазливост. Меѓутоа, во присуство на оваа личност, целиот внатрешен оклоп се топи без труд. Не вложувате енергија во тоа како ќе испаднете, нити ги преиспитувате правилата на однесување. Нема потреба да се докажувате и покрај оваа личност немате чувство дека сте излегле од вашата комфорна зона, туку како неочекувано да се враќате кон сопствениот мир.

2. Чувство на долготрајна блискост и препознавање

Блискоста е чувство што обично го градиме со месеци или години, но тука се јавува парадокс: иако речиси ништо не знаете за личноста, длабоко во себе чувствувате дека отсекогаш сте ја познавале. Временските и просторни дистанци губат значење, разговорот тече лесно, нивната појава не ви е туѓа, туку препознавате некого кој ви е несфатливо близок.

3. Тивко откажување од менталната листа со критериуми

Повеќето од нас носат во себе слика за тоа како би требало да изгледа идеалниот партнер, со што би требало да се занимава или како би требало да се однесува. Во моментот кога ќе се воспостави ваква поврзаност, сите тие однапред замислени услови веднаш стануваат неважни. Не ја споредувате оваа личност со вашите стари мерила, ниту се обидувате да ја вклопите во вашите претходни сфаќања. Ја прифаќате целосно – токму таква каква што е – сфаќајќи дека нејзината автентичност е единственото нешто што навистина ви е важно.

4. Говор на телото што го разоткрива поместувањето на границите

Пред умот воопшто да може да дефинира што се случува, телото реагира прво. Вашата внатрешна состојба суптилно го менува вашето држење, гестикулациите и изразот на лицето. Движењата ви стануваат помеки, погледот постабилен, а говорот на телото несвесно се отвора кон другата личност. Без каква било намера или преправање, вашата физиономија испраќа тивок сигнал на прифаќање, дозволувајќи ѝ на другата личност да се приближи повеќе отколку што вообичаено би дозволиле некому што тукушто сте го запознале.

5. Присуство што не блее по разделбата

Кога средбата ќе заврши и ќе се вратите на секојдневните обврски, енергијата на тој момент не исчезнува. Личноста останува присутна во вашите мисли – не како товар или опсесија, туку како благ, траен впечаток. Вашиот внатрешен простор останува исполнет со нејзиното присуство, а сликите од идните заеднички мигови сосема природно се редат во вашиот ум, без никаков притисок. Ако ова чувство не бледнее со минување на деновите, сосема е сигурно дека не сте доживеале само минлива занесеност, туку средба која ја носи моќта на вистинската поврзаност.

Извор: sensa.story.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еве зошто е важно да се напиете чаша вода пред првото утринско кафе

Штом ќе ги отворите очите и ќе посакате голтка од вашиот омилен напиток, неопходно е да се хидрирате.

Еве зошто е важно да се напиете чаша вода пред првото утринско кафе

Кога ќе се разбудите наутро, веројатно првата помисла не ви е да се напиете чаша вода, особено ако имате навика да посегнете по шолја кафе. Но, стручните лица предупредуваат дека кофеинот може да почека додека не се напиете барем една чаша вода.

Во текот на ноќта, нашето тело губи течност со потење и дишење. Поради тоа се будиме со блага дехидратација, што директно влијае на падот на енергијата, намалена концентрација и отежнато носење одлуки во првите часови на денот.

Истражување објавено во списанието “Psychological Research” покажало дека доллгиот период без вода влијае на когнитивните функции и мозокот.

Спас за желудникот и варењето

Освен што ја враќа неопходната течност во телото, чашата вода пред утринското кафе го штити и дигестивниот тракт.

Кафето само по себе е кисело, па кај многумина пиењето кафе на празен желудник предизвикува киселина или непријатно чувство. Водата создава блага заштита во желудникот и ја ублажува иритацијата што кафето може да ја предизвика.

Стручни лица од универзитет во Њујорк наведуваат дека за добар почеток на денот доволно е да испиете 250-500 мл вода веднаш по будење.

За да го поттикнете варењето помага топла или млака вода бидејќи ги опушта мускулите на дигестивниот систем и ја поттикнува работата на цревата.

Златно правило на хидратација

Иако чаша вода наутро е одличен почеток, важно е да го одржувате внесувањето на течности во текот на денот. Според нутриционистите, вкупната дневна количина би требало да изнесува околу 2,7 L за жени и 3,7 L за мажи (вклучувајќи ја течноста од храната и другите напитоци).

Ако чувствувате умор и исцрпеност наутро или блага главоболка, воведете една рутина. Пред да сварите кафе, напијте се чаша вода и следете како ќе се чувствувате. Можеби токму оваа едноставна навика ви е потребна за поенергичен почеток на денот.

Извор: srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер