3Близначките Матилда и Марија станаа хит- сите ја видоа нивната реакција на Светското првенство (ВИДЕО)
МакедонијаПоскапа струја за пет проценти - ЕСМ ја испорача новата цена од 65 евра за мегават час65 евра за мегават час е новата цена на струјата која државни електрани, како единствени понудувачи ја дале на тендерот на ЕВН хоме. Оваа цена е за 3 евра или за речиси 5% повисока од сегашната. За првпат повикот се однесува на целата престојна 2026 та година а не за 6 месеци како што беше случај досега, а ЕСМ ќе треба да покрие 100 % од потребите. „Оваа цена е повисока за 4,84% од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јуни-декември 2025), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 62 евра за мегават. Под комплетен надзор на Регулаторната комисија за енергетика и согласно законските обврски и претходно утврдената методологија, во наредниот период ЕВН Хоме ќе ја пресмета цената на електричната енергија по однапред утврдени влезни параметри.“ , соопштија од ЕВН, а новата цена на струјата ќе важи од 1 јануари. За да се избегне ценовен шок за граѓаните, од Владата посочија дека продолжуваат со субвенционирање на цената на струајта за домаќинставата. „Бидете сигурни дека водиме грижа за стандардот на граѓаните и продолжуваме и понатаму да ја субвенционираме електричната енергија за сите кој ја добиваат на регулираниот пазар тоа се домаќинствата...“ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада (26.11.2025). До крајот на месецов и регулаторите треба да ја донесат новата цена за пренос и дистрибуција, ставка која е дел од сметките за електирчна енергија. Во овој дел од Регулаторната комисија за енергетика уверуваат дека нема да има промени, велат остануваат на ставот дека компаниите мора да работат одговорно, рационално во рамките на она што го имаат. Во истиот период се очекува да се донесе одлука и за парното. Тагови: ЕВН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Распад на ЗНАМ – во тек е последната битка за фотелји меѓу Максо и МинчевСе случува тотален распад на ЗНАМ. ЗНАМ беше вештачки создаден проект чија единствена цел беше да го ослабне СДСМ и да му обезбеди гласови на Мицкоски. Сега, кога таа функција е завршена, дојде време за нивниот крај. Во ЗНАМ во тек е последната битка за фотелји и тендери меѓу единствените што останаа, Горан Минчев и Максим Димитриевски. Веќе не му се потребни на Мицкоски, па меѓусебе се борат за последните остатоци од она што им беше ветено. Класичен пример на политичка корупција и морален банкрот на луѓето кои прво ја предадоа својата партија а потоа и своите гласачи. Влегоа во политиката исклучиво за лична корист, ја наплатија својата улога на сателит на ВМРО, а наскоро ќе бидат фрлени во ѓубриштето на политичката историја. Кога некој ја продава својата идеологија, својата партија и своите гласачи за фотелја, тоа не е политика. Тоа е предавство за пари. Бидејќи ЗНАМ веќе не постои ниту во анкетите ниту во гласови, Христијан Мицкоски работи на создавање на нов сателит - ЗНАМ 2.0. Граѓаните го препознаваат тоа и нема да дозволат да бидат излажани. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
ЗдравјеСЗО: 1.300 луѓе починаа од високите температури во ЕвропаНезапаметениот летен топлотен бран во Европа веќе однесе стотици животи, предупреди шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.Само од 21 јуни наваму се регистрирани повеќе од 1.300 прекумерни смртни случаи поврзани со високите температури, кои тој ги нарече „тивок убиец“. Најпогодена е Франција, каде здравствените власти пријавија околу 1.000 смртни случаи повеќе од очекуваното, главно кај лица над 65 години. Високите температури предзвикаа и огромни економски загуби и штети. Во Германија пукна асфалт и бетонски површи на автопатите, искривини пруги.. Жештините го загрозија и енергетскиот сектор. Унгарската нуклеарна централа „Пакш“ мораше да го намали производството бидејќи реката дунав е премногу топла за да служи како ладилник. Во Италија, реката по пресушува, што дозволува продор на морска вода во внатрешноста и сериозно го загрозува земјоделството. Црната статистика ја дополнуваат и десетици случаи на давење на луѓе кои барале спас од жештините во водите ширум континентот.Тагови: СЗО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизМадона призна дека и била љубоморна на оваа пејачка!!-„Никогаш нема да бидам толку убава како неа“Светската музичка ѕвезда, кралицата на поп-музиката Мадона во ново интервју откри дека во минатото и била малку љубоморна на својата колешка Кајли Миног затоа што сметала дека австралиската пејачка е премногу слатка.Имено, Мадона разговараше за ова и за голем број други теми со Греам Нортон во познатата лондонска концертна сала Коко. Водителот ја потсети Мадона на доделувањето на MTV Europe Music Awards во 2000 година, кога носеше маица со името на Кајли Миног напишано со циркони. Тој беше заинтересиран како се појавила таа модна идеја. „Бев во мојата вестерн фаза, лепев кристали на сè и размислував за пејачите во кои бев малку заљубена“, се присети Мадона. „Секако дека помислив на Кајли и направив маица со нејзиното име на неа.“ Миног, која исто така учествуваше во интервјуто, се присети на својата реакција кога ја виде маицата на Мадона. „Немаше никаква најава. Не знам што направив, веројатно речиси се онесвестив. Беше неверојатно“, рече таа. Потоа Мадона ги сподели своите искрени мисли за австралиската ѕвезда. „Всушност, малку ти љубоморев“, истакнала мадона. „Зошто?“, праша Нортон. „Затоа што беше толку слатка“, одговори Мадона, алудирајќи дека нејзиниот тогашен сопруг, режисерот Гај Ричи, исто така влијаел врз нејзините чувства. „Мислев: „Никогаш нема да бидам толку убава како Кајли!““ Нортон ја искористи можноста да ги провери гласините за можна соработка меѓу двете музички ѕвезди на новиот албум на Мадона, кој треба да излезе на 3 јули. „Се шпекулира дека Кајли е на албумот „Confessions II“. Можете ли да го потврдите тоа?“, праша тој. Пејачите се насмевнаа и гледаа, но не сакаа да ги потврдат или негираат шпекулациите. „Зошто мора да знаете сè? Толку сте љубопитни“, одговори Мадона на крајот.Тагови: Мадона Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter