Поширани јајца - Канал 5

Поширани јајца

Пошираните јајца се едноставно, но елегантно јадење кое потекнува од европската кујна. 

Поширани јајца

Тие се подготвуваат без масло или пржење, што ги прави лесен и здрав избор за појадок или лесен оброк. Карактеристични се по својата нежна белка и течна жолчка, која при сечење се разлева и дава богат вкус.

Потребни состојки:

2 свежи јајца

1 литар вода

1 лажица оцет (алкохолен или јаболков)

Сол по вкус

Начин на подготовка:

Во среден сад ставете ја водата да се загрее до точка на вриење, а потоа намалете ја температурата за да врие тивко (да има само лесни меурчиња).

Додајте го оцетот во водата. Ова помага белката да се стегне побрзо околу жолчката. Секое јајце внимателно скршете го во мала чинија или шолја.

Со лажица направете лесен вртлог во водата, па нежно спуштете го јајцето во центарот на вртлогот. Варете го јајцето околу 2–3 минути за течна жолчка, или 4 минути ако сакате поцврста. Извадете го јајцето со лажица цедалка и оставете го кратко да се исцеди.

Посолете по вкус и сервирајте веднаш. Ние ги сервиравме врз потпечени лепчиња, со намаз од авокадо и одозгора со микробилки, како појадок.

Совети:

Користете многу свежи јајца за подобар облик.

Не дозволувајте водата силно да врие — тоа може да го распадне јајцето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Транспортерите следниот понеделник излегуваат на протест пред делегацијата на ЕУ во Скопје

Идниот понеделник македонските превозници  излегуваат на двочасовен протест пред делегацијата на ЕУ во земјава. 

Транспортерите следниот понеделник излегуваат на протест пред делегацијата на ЕУ во Скопје

Бараат изнаоѓање на преодно решение за проблемот на професионалните возачи со престојот во Шенген зоната. Простестот како што посочија од асоцијацијата Макам Транс, се одржува ден пред состанокот на работната група во Брисел на кој треба да се разговара токму по ова прашање. Пред канцелариите на ЕУ според најавите ќе има минимум 20 возила и голем број сопственици, возачи и други вработени, а двочасовни протести од 12 до 14 часот ќе се одржат и во Србија, Босна и Црна Гора.

„Со сите превозници од Западен Балкан се договоривме да направиме еден симболичен протест на 31.08 со почеток во исто време во 12 часот ќе трае два часа со цел да испратиме порака до надлежните органи во Европската унија за изнајдување на преодно решение додека да се смени визната стратегија бидејќи самите признаа, што ќе се случува по натаму ќе зависи од состаноток во Брисел ние сите разговараме правиме анкети и анализи и ќе бараме најоптимално решение кое не би довело до штета на нашите држави.“- Биљана Муратовска – МАКАМТранс.

Од транспорт и денеска повторија дека како надлежна институција имаат целосно разбирање за македонските трнаспротери и се превземаат сите активности за изнаоѓање на решенија преку билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната. Ресорниот министер Александар Николоски најави склучување на нови договори, посочувајќи дека на тој начин земјава самостојно го решава проблемот.

„Во текот на септември е најавена средба на високо ниво со австриската влада, во текот на октомври со словенечката влада, така што ние не застануваме и продолжуваме да работиме на билатерални договори со сите земји кои што се расположени. Гледаме генерално да ги покриеме рутите каде што традиционално македонските транспортери најчесто одат. Со Швајцарија веќе има договор, со Хрватска има договор, со Романија има договор. Како што кажав, следни за разговор се Австрија и Словенија, и исто така работиме и со Германија...“ -Александар Николоски – министер за транспорт.

И додека властите преговараат со земјите членки поединечно, од асоцијацаијта макам транс, велат доколку на состанкот на први септмеври не се доенсе преодно решение, на 14 ти е можен нов протест но на граничните премини...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарот на Китка, меѓу Студеничани и Зелениково го обви во чад и Скопје

Пожарите во околината на Скопје, го обвија главниот град во густ чад и непријатна миризба.

Пожарот на Китка, меѓу Студеничани и Зелениково го обви во чад и Скопје

Граѓаните од претпладнето се жалат на чадот, кој е раширен буквално во сите населби.

Во центарот на градот е Афродита Рамос.

Афродита се знае ли точно на што се должи ваквата состојба?

-Зачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Општина Студеничани и Општина Зелениково, На тој пожар до сега дејствуваше хеликоптерот на МВР. До овој момент ЦУК нема пријава за можен пожар на Водно, освен двата пожари на сува трева и ниско деградирана шума во Општина Илинден, ЦУК.

Во моментов во Македонија се активни неколку пожари. Каде се има жаришта и каде е најкритично?

-Најкритично меѓу Студеничани и Зелениково

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Попладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Топлото време ќе продолжи, но метеоролозите најавуваат дека попладнево на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Попладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Слично време се очекува и во Скопје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер