ВМРО-ДПМНЕ: Скопје памети, 63 годишнина од земјотресот, во чест на жртвите со благодарност за солидарноста
2ВМРО-ДПМНЕ: Скопје памети, 63 годишнина од земјотресот, во чест на жртвите со благодарност за солидарноста
Халанд направи шоу на свадба во Италија: Ги зема тапаните, па ги натера гостите да веслаат како Викинзи (ВИДЕО)
2Халанд направи шоу на свадба во Италија: Ги зема тапаните, па ги натера гостите да веслаат како Викинзи (ВИДЕО)
МакедонијаПосебен режим на сообраќај во Скопје СВР Скопје известува дека денеска со почеток во 11:00 часот, поради одржување на протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.-Протестот предвидено е да започне пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“ со движење лево по ул.„Филип Втори Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред Влада на Р. Северна Македонија, соопшти МВР. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.Тагови: СВР Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
СветНајсилен тајфун досега ја погоди Кина- над 710.000 луѓе се спасуваат од разорното невреме (ВИДЕО)Повеќе од 710.000 луѓе се евакуирани од јужната кинеска покраина Гуангдонг поради разорниот тајфун Хонгси, познат и како Ноул, објавија кинеските медиуми. Природната катастрофа го погоди регионот рано утрово, со ветрови од 45 метри во секунда. Најголемиот број евакуирани лица дојде од урбаните области Хуиџоу и Шанвеј, каде што 205.000 и 192.000 луѓе беа привремено раселени, соодветно. Покраинскиот штаб за контрола на поплави и суша претходно објави евакуација на дополнителни 340.000 жители, според „Нанфанг дејли“. Clip of #Typhoon #Noul's eyewall in #China🇨🇳. showing Typhoon force winds between 70-80 mph (110-125 km/h). with debris from roofs peeling off possibly to hit other objects. this will continue as the typhoon gets further inland Credits for clip: Westernpacificweather on facebook pic.twitter.com/6xlEfRchwt — Skellitor Titan (@Skellitor_Titan) July 25, 2026 Фронтот на бура продолжува да се движи кон север на Кина, постепено губејќи ја силата. Сепак, кинеските метеоролози предупредуваат на можноста за обилни дождови во покраините Гуангдонг, Џијангси и Хунан. Тајфунот се упати кон копното во близина на градот Пингхај, во округот Хуидонг, околу 3:50 часот наутро, носејќи максимални одржливи ветрови. Во очекување на пристигнувањето на тајфунот, покраинските власти прогласија вонредна состојба и го подигнаа нивото на тревога на највисоко ниво. Terrifying Typhoon Noul moment caught on camera in Guangdong on July 25: the door was blown open, a baby crib was swept away—until it flipped mid-roll, and the child managed to crawl back inside. pic.twitter.com/xNJ1lkIRZ1 — Shanghai Daily (@shanghaidaily) July 26, 2026 За да се одговори на кризата што е можно поефикасно, покраинската администрација за комуникации распореди 2.178 екипи за итни поправки, опремени со 7.060 лица, 47 возила за итни комуникации, 461 сателитски телефон и речиси 1.702 километри резервен оптички кабел. Покраинскиот оддел за транспорт распореди 14 сообраќајни екипи и 134 екипи за итни интервенции, со вкупно 3.223 лица.Тагови: Кина тајфун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: ВМРО-ОКГ се фали со туѓи резултати, а економијата тонеВМРО-ОКГ се фали со извоз на земјоделски производи од 417 милиони евра.Тие резултати ги остварија земјоделците. Сами. Со мака. Без вистинска поддршка од државата. Субвенциите доцнат или ги нема. Откупот е намален. ИПАРД е блокиран. Горивото и ѓубривата поскапеа, а мерки немаше. Земјоделците работат во тешки услови, а власта сега ги презентира нивните резултати како свој успех. Да имаше државата реална политика, Македонија повторно би можела да го храни регионот. Наместо тоа - изолација и фалби со туѓата работа. Eкономски колапс во Македонија. За две години оваа власт: • ја задолжи државата со околу 2,5 милијарди евра, • странските инвестиции паднаа за повеќе од 60%, • минималната плата не е зголемена, • потрошувачката кошница продолжи да расте, • инфлацијата ги топи платите и пензиите, • младите масовно ја напуштаат земјата. Владата нема резултати. Има само пропаганда. Се фали со туѓи успеси, а сопствените промашувања ги крие зад бројки и спинови. Земјоделците работат. Граѓаните преживуваат а ВМРО-ОКГ се фали. Тоа е целата економска политика на оваа власт, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
МакедонијаТушевска: ВМРО-ДПМНЕ инвестира во иднината на македонското земјоделствоВМРО-ДПМНЕ инвестира во иднината на македонското земјоделство, преку реализација на капитални проекти, модернизација и силни институции.Покрај стабилизацијата на секторот, во изминатите две години силен фокус ставивме на капиталните инвестиции, модернизацијата и изградбата на функционални институции. Затекнавме нереализирани кредити и проекти што со години стоеја во место, кредитот од германската банка KfW, вреден 80 милиони евра, пет години не бил реализиран, а државата плаќала милионски пенали, додека кредитот од Светската банка за модернизација на земјоделството, имаше реализација помала од 10 проценти. Денес состојбата е целосно променета и посветено се работи на модернизација на земјоделството, така за логистичко-дистрибутивниот центар во Скопје веќе е завршена постапката за избор на изведувач, а центарот ќе биде изграден до крајот на 2027 година, додека во Струмица се подготвува изградбата на современ центар за сортирање и складирање на земјоделски производи. Паралелно, се воспоставува интегриран дигитален систем за управување со земјоделското земјиште, а во делот на државното земјоделско земјиште склучени се повеќе од 2.100 договори за околу 6.000 хектари, а ослободени се дополнителни 2.000 хектари кои во најскоро време ќе им бидат ставени на располагање на земјоделците. Во водостопанството обезбедивме финансиска стабилност, инвестиции и забрзана реализација на капиталните проекти, за што во 2025 година е доделена финансиска поддршка од 132 милиони денари. По цели шест децении, се исчисти езерото Младост, додека површините под наводнување се зголемени од околу 14.000 на 17.700 хектари и откочени се проектите за браните Конско и Речани, хидросистемот Равен – Речица, системите за наводнување Колибари, Сарај и Турија, проектот Злетовица. Обезбедени се и европски средства за нови системи во Сопот и Новаци, додека проектите за системите за наводнување Страиште и Пепелиште, веќе се во активна фаза, со избрани постапки и подготовка за изградба. Во делот на шумарството, од претпријатие кое работеше со загуба и неисплатени плати, денес има профит од 10 милиони денари и нов дигитален систем за следење на шумските ресурси, што значително ја подобрува контролата и транспарентноста. Во ловството, склучени се 71 нов договор за концесија на ловишта, а во рибарството по долг застој повторно е реализирано порибување на Охридското Езеро со околу еден милион единки охридска пастрмка. Паралелно на ова се работеше и на законските реформи, при што подготвени се новите закони за земјоделско земјиште, земјоделство и рурален развој, уредување на пазарите и шумите, како и воспоставување револвинг фонд за откуп на земјоделски производи. Резултатите се јасни и видливи, од проекти што со години стоеле во место, денес имаме активни градилишта, нови инвестиции, модернизација и институции што работат во интерес на граѓаните и во таа насока ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со политики што носат развој, инвестиции и силно македонско земјоделство, рече Јулија Тушевска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47