МакедонијаПосебен режим на сообраќај на магистралниот пат ГП Блаце - СкопјеМинистерството за внатрешни работи информира дека утрово од 5:00 до 7:00 часот на магистралниот пат ГП Блаце - Скопје, на околу четири километри од вториот кружен тек, во насока кон Скопје, ќе се извлекува претходно излетано од патот товарно возило.МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што во наведениот период сообраќајот ќе се одвива наизменично само за патнички моторни возила. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници. Тагови: сообраќаен режим сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
КултураВечерва почнува 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ вечерва ќе го започне своето 47. издание. Свеченото отворање е закажано во 20 часот во Центарот за култура во Битола, со проекција на филмот „Скејтањето не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума. Филмот е копродукција меѓу Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска, во продукција на „Сестри и брат Митевски“ и ја следи приказната за три генерации жени кои се соочуваат со судирот помеѓу традицијата и современите предизвици, раскажана низ перспективата на 12-годишната Адела, сместена во енергичната ромска заедница во Шуто Оризари. Тензијата во филмот произлегува од судирот со традиционалните вредности и општествената маргинализација, додека ликовите се борат за опстанок, достоинство и заедништво. Главните улоги ги толкуваат Ефќар Абаз, Џефрина Јашари, Симонида Селимовиќ и Ганимед Абдула. Сценариото е на Дина Дума, во соработка со Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска, директор на фотографија е Фредерик Ноaром, а продуцент е Лабина Митевска. Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм, како и од националните и регионални фондови на Белгија, Словенија и Хрватска, и фондовите „Еуримаж“ и „Медиа“ Во Битола веќе пристигнаа првите гости. Црвениот килим е поставен пред Центарот за култура во Битола. Градот го добива сјајот на филмскиот фестивал во чест на браќата Манаки и е подготвен за вечерашното отворање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
СветТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на МоскваБелата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп го потпишал законот за пакет нови, сеопфатни санкции против Русија, кој претходно беше усвоен од Конгресот. Пакетот санкции доби двопартиска поддршка во Конгресот и има за цел да го зголеми притисокот врз Русија поради нејзината војна против Украина. Мерки насочени кон рускиот извоз на енергенти. Покрај директните санкции насочени кон руски политичари и компании, законот вклучува мерки против рускиот извоз на нафта и гас, кои Москва ги користи за финансирање на војната. Законот, меѓу другото, го овластува Трамп да воведе санкции за петте најголеми купувачи на руски енергенти, како и за петте земји што најмногу ѝ помагаат на Русија да ги заобиколи санкциите во енергетскиот сектор. Овие мерки би можеле дополнително да ги затегнат трговските односи на САД со Кина и Индија, кои увезуваат големи количества руска нафта. Законот го носи името на покојниот американски сенатор Линдзи Греам, кој одигра клучна улога во неговото усвојување. Покрај санкциите против Русија, законот обезбедува и рамка за продолжување на санкциите против Иран до 2031 година. Зеленски му се заблагодари на Трамп Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на Трамп за потпишувањето на законот. „Најдобриот начин да се оддаде почит на споменот за Линдзи ќе биде целосното и брзо спроведување на одредбите од овој закон“, напиша Зеленски на социјалните мрежи. „А најдобрата награда за сите што ни помагаат да извршиме притисок врз Русија за да се стави крај на војната, ќе биде мирот“, додаде тој. Кремљ предупредува на последиците од новите санкции. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред Трамп да го потпише законот, предупреди дека дополнителните американски санкции би можеле да ги искомплицираат напорите за постигнување мирно решение во Украина.Тагови: Доналд Трамп русија санкции Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСончево и топло со мала до умерена облачностВремето денеска според Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има повремен локален дожд и наместа услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 32 степена. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 31 степен.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook