Порше ја претстави новата варијанта на Taycan (ФОТО)

Porsche ја претстави четвртата варијанта на Taycan со погон на задните тркала , а во продажба доаѓа во март.

После верзиите Turbo S, Turbo и 4S, следува верзија со два електромотори, односно со погон на задните тркала. Се нудат две верзии на батерии, Performance (79,2 kWh) и Performance Plus (93,4 kWh). Опсегот според WLTP е до 431 или до 484 километри.

Има 300 kW батерија (408 КС) и опционална Performance Plus батерија до 350 kW (476 КС). Номиналната моќност е 240 kW (326 КС) и 280 kW (380 КС). Терминот основна изведба тука се зема со резерва. Taycan достигнува 100 km / h и во двете варијанти за 5,4 секунди и максимална брзина од 230 km / h.

Максималната моќност на полнење е до 225 kW (Performance батерија) или до 270 kW (Performance Plus батерија), што овозможува двете батерии да се полнат од пет до 80 проценти за 22 минути и 30 секунди. По приближно пет минути, возилото има енергија за уште 100 километри возење.

Идните сопственици, исто така, можат да сметаат на функцијата Plug & Charge и на полнач за во автомобил со моќност на полнење до 22 kW.

Главните одлики во оваа верзија се 19-инчните тркала Taycan Aero. Опремата е секако првокласна, и вреди да се каже дека сега за прв пат нуди варијанта на опрема што е целосно без кожа.

Taycan со погон на задните тркала ќе почне да се продава кон средината на март. Цените во Германија започнуваат од 83.520 евра со вклучен ДДВ.

Драматична снимка на спасување од автомобил во пламен- попусто ја отвораат вратата (ВИДЕО)

Група добри Самарјани успеале да скршат запален автомобил и да спасат маж заробен внатре, додека драматичниот момент на спасувањето бил снимен во Минесота.

На видеото се гледа група луѓе околу автомобил зафатен од пламен. Тие очајнички се обидуваат да ја отворат вратата пред некој да го скрши прозорецот на возачот и потоа да го повлече на безбедно.

Инцидентот се случил минатиот четврток околу 18 часот и 30 минути.

Властите соопштија дека Хонда скршнала надесно и удрила во столб од светло, а потоа и во заштитна ограда пред да се запали, создавајќи чад и голем пожар.

Возачот потоа бил пренесен во болница, но за среќа не се здобил со сериозни повреди.

Нарачувале бифтеци, купишта десерти, испиле 15 шишиња вино, а потоа извеле познат трик (ВИДЕО)

Италијанскиот ресторан Bella Ciao во Порт Талбот, западно од Свонси, Британија, обвини група гости, најверојатно членови на исто семејство, дека си заминале без да си ја платат сметката.

Менаџерот тврди дека нарачале скапи бифтеци, двојни десерти и 15 шишиња вино, а кога дошло време да се платат работите „станале чудни“.

На видеата и фотографиите, кои ресторанот ги објави на Фејсбук, се гледа дека жена, најверојатно мајка, се обидува со картичка да плати сметка од 380 евра.

Плаќањето било одбиено двапати, а вработените тврдат дека жената рекла дека нејзиниот син ќе ја чека во барот додека таа „одеше да земе друга картичка“, пишува Дејли мејл.

Претставниците на ресторанот наведуваат дека таа не се вратила, а и момчето побегнало од местото на настанот.

„Мојот син сакаше да тргне по него, но јас му реков да престане“, изјавил менаџерот Тајрон Рис.

Тој додава дека не успеал да стапи во контакт со групата гости бидејќи бројот со кој ја направиле резервацијата бил „лажен“. Случајот подоцна го пријавил во полиција.

Снимката што беше објавена стана вирална во текот на викендот, а Тајрон Рис тврди дека добил многу повици од други ресторани кои имале слични инциденти со семејството (кое не платило).

Тој додава дека е „разочаран од реакцијата на властите“.

„Плаќам даноци, но се чини дека сум немоќен. Ме нервира кога знам дека ова се случува и дека се извлекуваат со тоа“.

Итно е евакуиран хотел во Рим поради токсично испарување од базенот, настрадале пет лица

Најмалку пет лица се затруени во хотел во центарот на Рим, кога од базенот се испуштале штетни испарувања.

Наредена е итна евакуација на сите присутни гости и вработени.

Според италијанските медиуми, повредените се во болница, а едно лице е во многу тешка состојба.

Вработените во хотелот се затруени, а најмалку 35 лица се евакуирани.

Во моментот кога алармот се вклучил, во хотелот имало само неколку туристи кои престојувале на појадок.

Отровните испарувања „доаѓале“ од бањата и велнес центарот на долниот кат од хотелот, а се сомневаат дека се од базенот.

Полицијата го обезбедувала и просторот во непосредна близина на хотелот, а поради отровните испарувања биле затворени околните улици.

притисни ентер