Ева Лис со години се подготвува за професионална кариера како член на Junior Team и Porsche Talent Team. Сега заедно со Порше оди чекор понатаму, а искрено, како што вели, со нетрпение ја очекува новата улога на заштитно лице.
Споделување на истата страст
„Неверојатна чест е да се приклучам на семејството Порше, бренд што го отелотворува она што го сакам: перформанси, прецизност и елеганција“, рече Ева Лис. „Додека продолжувам да ги поместувам границите на терен, одлично е да се има поддршка од компанија која ја дели истата страст за извонредност“.

На тениското Гранд При на Порше (од 12 до 21 април) ќе се појават бројни тениски ѕвезди, а најдобрата ќе добие финансиска награда, како и Порше Макан Турбо Електрик. Ева Лис по втор пат ќе се појави пред публиката во Штутгарт благодарение на вајлд-карта.
Слабо рангирана, но потенцијалот не е спорен
Моментално 68. играчка во светот и прворангирана Германка, таа има посебен однос со овој традиционален турнир. Во Порше Арената во 2022 година ја постигна првата победа во главниот ждреб на еден ВТА турнир. Porsche јасно гледа голем потенцијал во неа.
Порше до неодамна стоеше покрај британската тенисерка Ема Радукана, која извесен период играше сензационално, но потоа почна серија слаби резултати. Доволно за прекин на соработката. Така, Ева има дополнителна причина да биде уште подобра.