Порше го пензионира најевтиониот модел, познато е кога доаѓа наследникот - Канал 5

Порше го пензионира најевтиониот модел, познато е кога доаѓа наследникот

Во процесот на електрификација, данокот го платија и двата најевтини модели во гамата.

Порше го пензионира најевтиониот модел, познато е кога доаѓа наследникот

Претходно објавивме дека два модели на Porsche, 718 Boxster и Cayman, се повлечени од европскиот пазар. Сега таа одлука се прелеа на остатокот од светскиот пазар, испраќајќи јасна порака од Porsche.

Директорот на производството на Porsche, Албрехт Рајмолд, изјави за Automobilwoche дека производството на Boxster и Cayman ќе биде прекинато во средината на следната година. Интересно е што замената е веќе во завршна фаза, а истиот извор тврди дека е исклучително забавна за возење. Погодувате, се работи за електрични наследници.

Истата судбина го чека и бензинецот Macan кој се уште се продава надвор од европскиот пазар. Тој треба да биде пензиониран во средината на 2026 година, најави Рејмолд. И тука силите се фокусираат на електричните перформанси кои веќе се на пазарот.

Сегашните регулативи буквално ги принудуваат моделите на бензин да одат во пензија. Во исто време, Рејмолд вели дека не би било финансиски профитабилно да се инвестира во автомобил стар 10 години, иако е еден од најпродаваните производи: „Самото количество не е репер за нас како производител на луксуз. .

Во текот на изминатата година, продажбата на моделот 718 се зголеми за 13% на 20.518 примероци, додека побарувачката за Macan остана иста како и минатата година со продадени 87.355 примероци. Најпродаваниот Porsche, моделот Cayenne, продаде само 200 единици повеќе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златко Далиќ си заминува од Хрватска: Веќе се појави името на новиот селектор

На денот кога хрватската репрезентација ќе се врати од Светското првенство, сосема е извесно дека Златко Далиќ ќе ја напушти селекторската позиција. 

Златко Далиќ си заминува од Хрватска: Веќе се појави името на новиот селектор

Најголем фаворит да го наследи е Славен Билиќ, објави порталот „24sata.hr“. Легендарниот хрватски дефанзивец, кој како играч освои бронзен медал на Светското првенство во 1998 година, веќе ги има предводено „Коцкестите“.

Во 2006 година, тој во првиот тим ги вклучи Лука Модриќ, Ведран Чорлука и Едуардо, со кои претходно соработуваше во младата селекција до 21 година.

Квалитетот, искуството и карактерот се издвојуваат како најголеми одлики на Билиќ, па се смета дека тој го поседува „целосниот пакет“ за да го преземе тимот што беше светски вицешампион во 2018 година и освојувач на бронза во Катар во 2022 година.

„Не помалку важно е тоа што Билиќ ја има поддршката од претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Маријан Кустиќ, и од директорот на репрезентацијата, Стипе Плетикоса“, се наведува во текстот.

Под водство на Билиќ, Хрватска двапати ја победи Англија во квалификациите на патот до ЕУРО 2008, а драматично загуби во продолжението од Турција на завршниот турнир.

Тој ја водеше репрезентацијата шест години, а потоа беше тренер на Локомотив Москва, Бешикташ, Вест Хем, каде што беше и играч и успешен менаџер, бидејќи го освои седмото место во Премиер лигата, победувајќи ги Ливерпул и Манчестер Сити.

Во претходните години, Билиќ се занимаваше и со новинарство и ја водеше популарната емисија „Неуспехот на шампионите“, во која ги беше домаќин на најголемите спортисти од регионот, пред сè Новак Ѓоковиќ, Златан Ибраховиќ, Жељко Обрадовиќ и Лука Модриќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ивана Крол во „вратоврска и боди повторно ги „запали“ трибините,

На Светското првенство, најпознатата хрватска навивачка Ивана Кнол ги запали трибините со својот атрактивен изглед и минијатурна вратоврска. 

Фото: Ивана Крол во „вратоврска и боди повторно ги „запали“ трибините,

Хрватската фудбалска репрезентација со години ниже големи успеси, а на трибините секогаш ја следи најпознатата навивачка Ивана Кнол, која „освојуваше“ со својот стајлинг- вратоврска над намачканите бујни гради.

Но, вчера атрактивната Ивана не успеа да им помогне на своите соработници на зелениот терен да остварат успех во контроверзниот дуел во Португалија.

Хрватите доживеаја елиминација уште во осминафиналето на Светското првенство во САД, Мексико и Канада – и тоа на крајно болен начин – а на тој натпревар присуствуваше Ивана Кнол.

Фоторепортерите ја следеа уште од моментот кога пристигна на стадионот во Торонто, неколку часа пред почетокот на натпреварот, а таа, како и секогаш, со задоволство позираше пред нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џастин Бибер би можел да настапи на шоуто за време на полувремето на финалето на Светското првенство

Мегапопуларниот пејач Џастин Бибер би можел да настапи на полувремето од финалето на Светското првенство, преговорите меѓу претставниците на ФИФА и пејачот се во тек, објави денес TMZ. 

Џастин Бибер би можел да настапи на шоуто за време на полувремето на финалето на Светското првенство

Бибер би се придружил на низата ѕвезди кои учествуваат во големото финале на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси на 19 јули, вклучувајќи ги Мадона, Шакира и поп-групата BTS.

Џастин и Хејли Бибер, исто така, беа во центарот на вниманието на церемонијата на отворањето на Светското првенство во Инглвуд, Калифорнија, каде што пејачот дури и ги изненади ВИП гостите со изведба зад сцената на неговиот хит „Јукон“.

Потенцијалното појавување на Бибер на финалето на Светското првенство следи по неговото неодамнешно враќање на настапите во живо по четиригодишна пауза направена за да се фокусира на неговото здравје, објави TMZ.

Се очекува спектаклот на финалето на Светското првенство да се продолжи надвор од стандардниот интервал од 15 минути на полувремето и да го поддржи Глобалниот фонд за граѓанско образование на ФИФА - иницијатива чија цел е да се соберат 100 милиони долари за образование и пристап до фудбал за децата ширум светот, објави Танјуг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер