Porsche претстави два нови болиди , кои веќе се во продажба во Германија (ВИДЕО)

Porsche 718 има два нови врвни модела , кој и покрај тоа што се најмалите болиди произведени до сега, имаат неверојатни перформанси.

GT4 верзија на Cayman и Boxster се изненадувањата од германскиот производител. Имаат 4.0-литарски атмосферски мотор со шест цилиндри, со максимум 420 КС и 420 Nm. Во комбинација со рачниот менувач, и лесната каросерија , поминува над 300 km / h, а до 100 km / h стигнува за 4,4 секунди. Во прилог на новите модели оди и посебниот дизајн. И тука Boxster потсетува на Speedster. Исто така постои и автоматски управуван спојлер кој ќе се појави на 120 km /h. Кајман добива фиксен спојлер како Clubsport.

Се разбира, Германците совршено ја уредиле внатрешноста на возилото, а истото важи и за подвозјето . Шасијата на PASM е стандардна и GT4 за 30 mm е поблиску до земјата.

Достапни се опционални керамички сопирачки, како и комплет за трки во Clubsport кој вклучува заштитни кафез и целата опрема за движење на патеката (апарат за гаснење на пожар, тркачки ремени).

Моделите се веќе достапни на пазарот. Во Германија, почетна цена од 93.200 евра се нуди за Cayman, или 93.350 за Boxster.

Приведени крадци во Скопје

На подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа од 22.45 до 23.20 часот лишиле од слобода четири малолетници од Скопје.

Како што денеска соопштија од МВР, тие се сомничат дека околу 22.00 часот на подрачјето на Центар со закана со остар предмет од двајца други малолетници одзеле пари.

- Со малолетниците бил извршен службен разговор, а парите биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР.

Во кочанскиот регион пријавени уште 164 лица кои ќе гласаат во домашни услови

Во четирите општини од кочанскиот регион се пријавиле уште 164 болни и изнемоштени граѓани кои побарале своето гласачко право да го остварат во домашни услови.

Тоа е зголемување од над 40 отсто во споредба со пријавените за првиот круг на претседателските избори, односно вкупниот број сега изнесува 436 лица.

Најголем број пријави биле доставени до Општинската изборна комисија во Кочани, но по разгледувањето на документацијата дел од нив биле одбиени.

- Во законскиот рок ни беа доставени уште 87 пријави, но комисијата утврди дека 11 од нив не ги исполнуваат условите. Кај една пријава е констатирано дека лицето не е запишано во избирачкиот список, за што има поднесено приговор, и ако добиеме позитивен одговор тоа ќе може да го оствари правото да гласа. Заедно со пријавените од првиот круг на претседателските избори, на територијата на општина Кочани има вкупно 245 болни и изнемоштени кои ќе гласаат во домашни услови, истакна Билјана Димовска Гичева, претседателка на Општинската изборна комисија – Кочани.

До Општинската изборна комисија во Виница се доставени уште 38 пријави и сите се прифатени, со што вкупно 99 лица ќе гласат во домашни услови.

Во процентуален износ најголем број новопријавени лица во однос на гласањето од пред две недели има во општина Зрновци. Порастот е за двојно поголем, односно ќе гласаат вкупно 22 болни и изнемоштени.

Во Општинската изборна комисија во Чешиново-Облешево добиле уште 39 пријави и вкупниот број сега изнесува 69 лица, за кои е констатирано дека ги исполнуваат условите за гласање во домашни услови.

ПСЖ ќе му понуди нов договор на Донарума

Пари Сен-Жермен има намера да го продолжи договорот со голманот Џанлуиџи Донарума, пренесува новинарот Џанлука Ди Марцио.

Според изворот, парижаните ќе преговараат со 25-годишниот Италијанец по завршувањето на сезоната 2023/24. Управата на клубот сака да го направи голманот капитен на тимот.

Донарума игра за ПСЖ од јули 2021 година. Во сезоната 2023/24 Донарума учествуваше на 40 натпревари во сите натпреварувања, прими 36 гола и ја зачува мрежата чиста 16 пати.

Актуелниот договор на голманот со францускиот клуб е со важност до крајот на јуни 2026 година.

притисни ентер