Порно ѕвезда ја тужи продукцијата поради сексуално злоставување - Канал 5

Порно ѕвезда ја тужи продукцијата поради сексуално злоставување

Порно ѕвездата Ники Бенц ја тужи познатата продукциска куќа „Brazzers” поради сексуално злоставување, кое како што тврди го претрпела во текот на снимањето од страна на режисерот и продуцентот Тони Т.

Порно ѕвезда ја тужи продукцијата поради сексуално злоставување
Таа овие обвиненија за прв пат јавно ги изнела во 2016 година, тврдејќи дека режисерот и продуцентот Тони Т. “ја давел и силно ја притискал нејзината глава“ во текот на снимањето на една експлицитна порнографска сцена.

Целата ситуација Ники во тужбата ја опишува многу сликовито и детално, тврдејќи дека Тони толку силно ја удрил по лице што “главата и градите и биле крвави“, пишува „TMZ”.

Таа исто така, опишала и ситуација која наликува на мачење со давење. Според нејзиното тврдење, изнесено во тужбата, устата и била затворена со нејзината долна облека, додека и била “сипана вода низ грлото, предизвикувајќи гушење“.

Ники тврди дека после тоа, Тони и се заканил дека нема ја исплати платата доколку не сними интервју во кое ќе изјави дека и понатаму ќе снима со него.

Ники Бенц во тужбата тврди дека во прв момент тоа го одбила, но дека потоа, поради неговите закани се согласила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца малолетници од Скопје предизвикале пожар во парк шумата Гази Баба, уапсени се

Лишени од слобода тројца малолетници од Скопје поради предизвикување пожар, следува пријава.

Тројца малолетници од Скопје предизвикале пожар во парк шумата Гази Баба, уапсени се

На 04.10.2026 во парк шума Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода тројца малолетници од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека предизвикале пожар при што била опожарена сува трева.

Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а по целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството ги оспорува заклучоците на вештакот ангажиран од д-р Нино Васев

Во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Онкологија 1“. Денеска во Кривичниот суд беше испрашуван вештакот Владимир Даниловски, вешто лице ангажирано од страна на одбраната.

Обвинителството ги оспорува заклучоците на вештакот ангажиран од д-р Нино Васев

Неговите заклучоци за терапијата на онколошките пациенти беа оспорени од обвинителството на денешното вкрстено испрашување.

На судењето кое се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти, обвинителството поставуваше прашања за дозирањето и третманот на конкретни онколошки пациенти со лекови и терапија за кои, како што нагласи вештото лице, се произнесува во своето вештачење и наведува дека се дадени согласно европските протоколи и се во насока на тоа да се види стручноста на ова вешто лице.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајакнати акциски контроли за брзо возење – констатирани 628 прекршоци

На 04.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли .

Зајакнати акциски контроли за брзо возење – констатирани 628 прекршоци

На 04.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон санкционирање на возачите кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната.

При спроведените контроли констатирани се вкупно 628 прекршоци. Од нив, 344 прекршоци се констатирани кај возачи кои ја надминале дозволената брзина надвор од населено место, додека 284 прекршоци се однесуваат на возачи кои ја надминале пропишаната брзина во населено место.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи.

Во текот на контролите констатирани се и 66 прекршоци од друг вид.

Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли на целата територија на државата, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и намалување на ризиците предизвикани од непочитување на ограничувањата на брзината, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер