„Вашингтон пост“: Трамп сака да го забрза развојот на вештачката интелигенција,неговото семејство сè повеќе заработува од тоа.
Почина синот на Синди Крафорд: Трагедија во семејството на познатата манекенка, Пресли имаше само 27 години
1„Вашингтон пост“: Трамп сака да го забрза развојот на вештачката интелигенција,неговото семејство сè повеќе заработува од тоа.
2Почина синот на Синди Крафорд: Трагедија во семејството на познатата манекенка, Пресли имаше само 27 години
ЗабаваПорно актерката Бони Блу ќе биде депортирана од Бали, ќе ја стават на црна листа поради „секси автобус“ Британската порно ѕвезда, Бони Блу, чие вистинско име е Тиа Билингер, наводно ќе избегне долга затворска казна за организирање на контроверзната рута „BangBus“ на Бали.Наместо тоа, таа ќе биде депортирана од Индонезија и ќе добие 10-годишна забрана за влез во земјата, објави „Унилад“. Апсење поради „BangBus“ За потсетување, Блу беше уапсена на 5 декември заедно со повеќе од десетина машки туристи под сомнение за снимање содржина за возрасни. Нејзиниот таканаречен секси потфат „BangBus“, на која поканувала мажи на возраст од 19 до 40 години, ја доведе во судир со законот. Полицијата го заплени синиот автобус, лубриканти, кондоми, таблети вијагра и облека за време на нејзиното апсење. Според првичните информации, 26-годишната се соочуваше со затворска казна до 15 години и парична казна од околу 360.000 долари. Депортација и забрана за влез Сепак, се чини дека на Блу ѝ е изречена многу полесна казна. Канцеларијата за имиграција на Нгура Раи потврди дека таа ќе биде депортирана назад во Велика Британија и ставена на црна листа, што значи дека ќе ѝ биде забрането влегување во Индонезија најмалку 10 години. На прес-конференција, шефот на службата за имиграција Херу Винарко изјави дека Блу и нејзиниот тим ги прекршиле условите на нивните туристички визи. „Тие ја злоупотребиле визата што ја имаат за да создаваат порно содржина на Бали“, рече Винарко. „Тие ќе бидат ставени на црна листа за влез во Индонезија најмалку 10 години, што може да се продолжи.“ Тој потврди дека Блу и нејзиниот тричлен екипаж ќе бидат депортирани откако полицијата ќе ја заврши истрагата. „Откако полицијата ќе ја заврши истрагата, ќе ги депортираме и ќе ги ставиме на црна листа“, додаде тој. Можно судење за автобусот Сепак, приказната за Блу не завршува тука. Полицијата во Бадунг вели дека таа и нејзиниот тим сè уште би можеле да се соочат со судење за купување на синиот Бангбус, наводно поради тоа што возилото не било регистрирано. Покрај тоа, еден од двајцата Британци во нејзината придружба беше обвинет дека немал меѓународна возачка дозвола додека го управувал автобусот. „Додека беше на Бали, Бони Блу требаше да патува, но наместо тоа создаваше содржина“, рече началникот на полицијата во Бадунг, Ариф Батубара, додавајќи дека купувањето на комбето за таа цел може да се смета за прекршок. Блу и еден од британските државјани треба да се појават пред Окружниот суд во Денпасар овој петок, 12 декември. Што е со другите учесници? Во меѓувреме, другите 17 учесници, вклучувајќи група од 14 Австралијанци, беа ослободени во сабота, 6 декември, откако беа испрашани како сведоци. Службениците потврдија дека тие го признале својот план да „учествуваат во продукцијата на содржини од ријалити шоу“. Нивните пасоши се запленети додека имиграциските власти истражуваат наводи за злоупотреба на дозволи за престој.Тагови: Бони Блу Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Ходник дипломатија - екскурзија со педесет души, ходник со РубиоХодник дипломатија - екскурзија со педесет души, ходник со Рубио, 5 милиони за антимон а Гета чинеше повеќе.Премиерот од Америка со порака за најголем „успех“ од посетата: грант од пет милиони долари за развој на антимон кај Крстов Дол, Луке, Крива Паланка. И со разговор во ходник со државниот секретар Марко Рубио, кој дома го продава како средба на ултра високо политичко ниво. Страшно е човек што ја води владата на земјата, неформално муабетење во ходник да го претстави како официјална средба. Средба од тој ранг се води во кабинет, во сала, со агенда и записник. Не во ходник. Не раскопчан. Не без вратоврска. Не со раце во џебови. Нема основна култура. Нема почит кон институција и кон соговорник. Нема политички бонтон. Како од пазар. Ама после изјавата дека тој е институција, што би имал почит кон други институции. Арамија е тоа. Обезбедување што го следи (затоа што е сепак загрозена личност, се виде по Фејсбук) во маици со кратки ракави и дречливи бои. Часовници од шеесет илјади евра. Неиспеглан костим и кошула од десет илјади евра – да ја импресионира американска бирократија. Еве како нè претставува самопрогласената елита. Како во кафеана. Додека сопствениот народ го нарекува талог, елитата баш се покажа. На ниво. Поведе околу педесет луѓе на народен грб. Резултатот е пет милиони долари за рудник. Знаете ли колку е тоа малку? За заштита на животна средина, на подземни води, на воздух од прашина од ископ - не стигнува ни десет пати повеќе. Антимонот не е леб и не е плата. Тоа е метал за воена индустрија. Се копа, се дроби, се топи. Од јаловината влегува во почва, во бунар, во растение. СЗО има строг лимит во вода за пиење. Европа такви ископи ги запира затоа што отровот останува, профитот заминува. Пет милиони на туѓа компанија за природен ресурс значи три работи: државата сама не работи; нема буџет за луѓето и за реките околу Крива Паланка; се дава нанадвор поради провизија. За настап на прослава фрлија 5,53 милиони евра народни од Лотарија, пари што требаше да завршат во буџет за граѓаните на Македонија. Се враќа од Америка со пет милиони долари. Концертот поскап од „стратешката инвестиција“. Делегацијата поскапа од почетокот на дупката. Ова не е дипломатија, ова е екскурзија. Ходникот не е кабинет. Грантот не е рудник. Нема агенда. Нема заедничко соопштение од Стејт Департментот. Нема потпис. Има ходник и Фејсбук-статус на арамијата Мицкоски - институција, елита. Тоа не е политика туку режија. Македонија не се мери со ходник. Се мери со тоа што останува во земјата откако ќе си заминат. Останува јаловина. И сметка. Ходникот не е Белата куќа. Фејсбук-статусот не е договор. Македонија не станува посериозна затоа што премиерот здогледал државен секретар. Станува посериозна кога ќе престане да лаже арамијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалХаос во ложата на „Метрополитано“: Флорентино лут поради противкандидатот Големото мадридско дерби меѓу Атлетико и Реал не донесе возбудувања само на теренот.Беше бурно во претседателската ложа на стадионот „Метрополитано“, на големото дерби на Мадрид, кое заврши со победа на домаќинот од 2-1. Првиот човек на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, беше во центарот на вниманието. Како што пренесуваат шпанските медиуми, незадоволството на Перез не било предизвикано од резултатот на натпреварот, туку од фактот што Атлетико го поканил Енрике Рикелме – неговиот противкандидат на изборите за претседател на Реал Мадрид во 2025 година – во ВИП-ложата. Перез освои 65 отсто од гласовите на тие избори, но Рикелме беше првиот сериозен противкандидат на актуелниот претседател на Реал. Според информациите на новинарот Пако Гонзалез од радиостаницата „Кадена КОПЕ“ (Cadena COPE), самата вест дека Рикелме ќе биде меѓу гостите предизвикала бурна реакција кај првиот човек на мадридскиот клуб. Оваа информација потоа ја потврди и Хуанма Кастањо. Наводно, Перес побарал објаснување зошто Рикелме бил поканет во претседателската ложа, а ситуацијата станала толку непријатна што тој се заканил дека ќе го напушти стадионот доколку се сретне со него. Сè се случи пред почетокот на натпреварот, така што исходот од дербито немаше никакво влијание врз реакцијата на Перез. Интересно е што челниците на двата мадридски гиганти претходно, според традицијата, заедно ручаа, и токму тогаш претседателот на Реал наводно дознал дека Рикелме ќе биде гостин на Атлетико. На крајот, претставниците на Атлетико успеаја да ја смират ситуацијата уверувајќи го Перез дека нема да се сретне со Рикелме, по што атмосферата во ложата се врати во нормала. Сепак, тоа беше само вовед во многу непријатна вечер за Реал. Атлетико победи на градското дерби на теренот, додека тренерот на Реал, Жозе Мурињо, по натпреварот имаше бројни забелешки за судењето. Така, „Ел Мадрилењо“ овој пат имаше два фронта – еден на тревникот на „Метрополитано“, а другиот неколку ката погоре.Тагови: Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
БалканДенеска во Њујорк ќе биде одржан состанок на иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“Денеска во Њујорк ќе биде одржан состанок на иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“, чиј домаќин ќе биде италијанскиот вицепремиер Антонио Тајани.Како што соопшти Европскиот парламент, на состанокот, кој е на маргините а Генералното собрание на Обединетите нации, ќе учествува и претседателката на ова тело, Роберта Мецола. Групата „Пријатели на Западен Балкан“ вклучува 7 земји-членки на ЕУ – Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Италија, Словачка и Словенија. Земјите од иницијативата имаат за цел да го одржат Западен Балкан високо на политичката агенда на Европската унија и да го поддржат регионот на неговиот европски пат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook