Порно актерка: Поранешен играч на Челзи ми праќаше пораки, го игнорирав (ВИДЕО) - Канал 5

Порно актерка: Поранешен играч на Челзи ми праќаше пораки, го игнорирав (ВИДЕО)

Повремениот репрезентативец на Англија и поранешен фудбалер на Челзи, Бен Чилвел (29), повторно се најде во центарот на вниманието на британските таблоиди, овој пат поради неговиот приватен живот и приказна што предизвика бројни реакции.

Порно актерка: Поранешен играч на Челзи ми праќаше пораки, го игнорирав (ВИДЕО)

Познатата ѕвезда на OnlyFans и порно актерка , Лили Филипс, јавно ги откри деталите од нивната наводна комуникација додека Чилвел сè уште бил во лондонскиот клуб.

Појавувајќи се во подкастот „All Gains“, Филипс раскажа како Чилвел наводно ѝ пишувал пораки доцна навечер, најчесто во раните утрински часови. „Тој ми пишуваше: „Здраво“ и „Дали спиеш?““, откри таа со насмевка.

Она што особено привлече внимание беше нејзиното тврдење дека никогаш не му одговарала. „Секој пат го оставав на „видено““, рече Филипс, користејќи го терминот за да означи дека пораката е прочитана, но останала без одговор. Таа додаде дека Чилвел наводно ги избришал сите пораки што ги испратил следниот ден наутро.

Приказната стана вирална

Нејзината изјава веднаш стана вирална на социјалните мрежи, каде што корисниците масовно коментираа за ситуацијата. Додека многумина ја исмеваа целата приказна, други застанаа во одбрана на фудбалерот, сметајќи дека приватните пораки не требало да завршат јавно. Чилвел сè уште не ги коментирал овие обвинувања.

@graftkingspodcast Chelsea Footballer In Lily Philips Dm’s #graftkingspodcast #lilyphillips #chelsea @ozzie.ozturk @Mirkan Yerlikaya @MasonFreemanBartley @Youssef Hassane ♬ original sound - GraftKingsPodcast

Англискиот бек зад себе има неколку турбулентни сезони обележани со повреди и промени во Челзи, а надвор од теренот често беше тема на британските медиуми. Од друга страна, Лили Филипс стана една од попознатите интернет личности во Велика Британија, а се прослави со снимање порнографска содржина, најчесто на платформата OnlyFans.

Оваа приказна дополнително го разгоре интересот на јавноста, а на социјалните мрежи се споделува клип во кој Филипс со смеа опишува како Чилвел „исчезнува“ наутро и ги брише трагите од разговорот. Останува непознато колку е сериозна целата приказна, но сигурно е дека интернетот доби нова вирална тема.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Костадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со Законодавецот

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, се обрати на меѓународната конференција „Улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите“.

Костадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со Законодавецот

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, се обрати на меѓународната конференција „Улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите“, којашто се одржа на 22 октомври 2026 година во Приштина, по повод 17-годишнината од основањето на Уставниот суд на Република Косово. Дел од делегацијата се судиите проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер.

Костадиновски говореше во рамки на втората панел-сесија, на темата „Уставните судови, демократијата и владеењето на правото“, осврнувајќи се на улогата на уставното судство во заштитата на демократските вредности, институционалната рамнотежа и границите на уставносудската контрола. Во фокус на неговото обраќање е судскиот активизам како гарант за заштита на демократските вредности.

Костадиновски го истакна значењето на уставниот дијалог, меѓусебното почитување на надлежностите и аргументираното толкување на Уставот. Тој нагласи дека уставните судови мора да бидат доволно храбри да носат и непопуларни одлуки кога тоа го налага заштитата на уставните вредности, но истовремено и доволно воздржани за да не ја преземат улогата на законодавецот.

„Силен уставен суд не е оној што има најголема моќ, туку оној што има најголем авторитет да ја заштити уставноста“, истакна Костадиновски, посочувајќи на значењето на правната аргументација, доследноста, независноста и довербата во уставното судство, соопштуваат од Уставниот суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен тајфун се приближува кон Тајван- откажани се над 1.000 летови (ВИДЕО)

Тајфунот Чампи се приближува кон Тајван, каде што секојдневниот живот е речиси целосно запрен поради силната бура. 

Силен тајфун се приближува кон Тајван- откажани се над 1.000 летови (ВИДЕО)

Иако бурата ослабе, метеоролозите предупредуваат на екстремно силни ветрови и обилни дождови. Едно лице веќе почина, 94 се повредени, а речиси илјада летови се откажани, пишува Ројтерс.

Чампи во еден момент достигна сила на супертајфун и беше една од најсилните бури во Пацификот оваа година. Според податоците од Тајванската метеоролошка администрација (CWA), ветровите во неговиот центар достигнаа брзина до 191 километар на час.

Ветрови посилни од 150 километри на час

Метеоролозите предвидуваат дека тајфунот ќе помине веднаш покрај североисточниот брег на Тајван, потоа ќе се сврти кон кинескиот брег и ќе продолжи кон јужна Јапонија. На жителите на крајбрежните градови им се издадени предупредувања поради можни налети на ветер од над 150 километри на час. Тие беа повикани веднаш да побараат засолниште.

Бурата има радиус од околу 320 километри, што значи дека може да влијае на поголемиот дел од Тајван. Метеоролозите предупредуваат дека бурата може да трае два дена. Според досегашните податоци, едно лице загина во бурата, а 94 се повредени. Тајванските власти евакуираа речиси 1.300 луѓе од планинските подрачја поради опасноста што ја донесоа силните ветрови и обилните дождови.

Откажани се речиси илјада летови

Бурата сериозно го наруши воздушниот сообраќај. Министерството за транспорт на Тајван објави дека за петок се откажани сите 262 домашни летови и уште 717 меѓународни летови, или вкупно 979 летови. Тајван е вообичаено добро подготвен за тајфуни, поради што бројот на жртви во вакви бури е генерално мал, според Ројтерс. Иако тајфуните во областа се најчести во текот на летото, тие можат да го погодат островот и во есенските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Леќата на Маја

Во петок (16.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Маја Дукова

„Гответе со Дракче“ - Леќата на Маја

Состојки за денешниот рецепт:

1 чаша црвена леќа

4 моркови

1 пиперка

1 домат (или 3 - 4 лажици доматен сос)

1 главица кромид

2 - 3 чешниња лук

мало парче свеж ѓумбир

1 коцка за супа

1 конзерва кокосово млеко

1 лажица масло

сол, бибер, кари и др. зачини по избор

малку магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер