3САД и Иран ги завршија разговорите на високо ниво во Швајцарија се согласија за прекин на борбите во Либан и безбеден премин
3Кошмар во национален парк: Се преврте камион со 250 милиони пчели- роеви ги напаѓаат минувачите (ВИДЕО)
ФудбалЧелзи му врачи отказ на РосениорЛондонскиот премиерлигаш Челзи го отпушти денеска тренерот Лиам Росениор по лошата серија резултати која може да го доведе во прашање пласманот во квалификациите за Лигата на шампиони следната сезона.Отказот на Росениор дојде ден откако неговиот тим загуби со 3-0 на гостински терен од Брајтон што беше седми пораз на Челзи на последните осум натпревари. Лондонскиот клуб сега е седум бодови зад петтопласираниот Ливерпул, кој има натпревар помалку. „Во име на сите во Челзи, би сакале да ја изразиме нашата искрена благодарност до Лиам и неговиот тим за сите нивни напори за време на нивниот престој во клубот. Оваа одлука не беше донесена лесно, но неодамнешните резултати и настапи паднаа под потребните стандарди и сè уште има многу работа да се направи оваа сезона“, се вели во клупското соопштение. Калум Мекфарлан ќе ја преземе функцијата привремен тренер до крајот на сезоната.Тагови: Челзи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36Жежок прв летен ден- температурите до 37 степени 08:39До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
МакедонијаСДСМ: Тендер коалицијата се префарба - стари министри, нови криминални тендериОрганизираната криминална група ВМРО и нејзината тендер коалиција со ЗНАМ завршија со првичните разговори за реконструкција на Владата. Сега следуваат „финални консултации“.Преведено на јазикот на реалноста: тендер коалицијата се префарба за да продолжи со истата политика на криминални тендери, задолжувања и изолација. ЗНАМ, приватно здружение на Максим Димитриевски финансирано од Мицкоски, како партнер кој повеќе не постои во вистинска смисла на зборот, сега треба да се појави со „нови“ лица. Прашањето е: кого да вметнат кога веќе нема никого? Можеби Максо? Тој е нов. Целта на оваа реконструкција не е подобра Влада. Целта е мачкање очи на граѓаните и продолжување со криминалните тендери, зачувување на коруптивните мрежи и купување на уште малку време. Сè друго е шарена лага за граѓаните. Додека Организираната криминална група ВМРО се занимава со преуредување на фотелји, економијата е во тешка криза. Буџетот е пред колапс, странските инвестиции се намалени за 60%, македонските работници се со најниски плати во Европа, младите масовно ја напуштаат земјата. Нема зголемување на минималната плата на 600 евра, цените отидоа до плафон, а потрошувачката кошничка достигна 70.000 денари само за основни потреби. Наместо да се соочат со овие проблеми, тие прават театар наречен реконструкција. Оваа Влада не може да се реформира. Таа може само да се маскира. И токму тоа го прави сега - со нови министри од истата тендер коалиција, со истите криминални практики и со истата политика која ја турка Македонија во изолација и сиромаштија. Граѓаните не сакаат нови министри, тие сакаат крај на криминалните тендери, крај на лажењето и крај на политиката која ја уништува државата. Оваа Влада може да доживее реформа само кога ќе се реформира правосудството, кога ќе има европско обвинителство и кога ќе одговараат за криминал и корупција. Таа реформа ја чекаат граѓаните и тоа време набрзо доаѓа. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканРама: Албанците од Македонија на протестите во Тирана се жртви на политички караваниАлбанскиот премиер Еди Рама, го критикуваше учеството на Албанците од Косово и Македонија на протестите организирани против него на движењето „Фламинго револуција“.Митинг беше обележан со масовно учество на Албанци од дијаспората, кои во голем број се придружија на маршот кон зградата на владата во Тирана. Рама ги критикуваше организаторите кои, според него, донеле Албанци од Приштина и од Тетово на протестите, а учесниците ги нарече „жртви на политички каравани“. „Албанците од Македонија не се дијаспора на Албанија на туѓа територија. Заедно со Македонците, тие се составен народ во својата земја. Дијаспората се емигранти кои живеат во странски земји, а не тие, ниту Албанците од косово, кои имаат своја независна држава“, напиша Рама во објава на социјалните мрежи. Албанија 20-на дена се соочува со континуирани протести, предизвикани од контроверзен проект поврзан со планираната изградба на луксузен туристички комплекс поврзан со зетот на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, Џаред Кушнер.Тагови: Еди Рама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36Жежок прв летен ден- температурите до 37 степени 08:39До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
СветСАД и Иран ги завршија разговорите на високо ниво во Швајцарија се согласија за прекин на борбите во Либан и безбеден премин Страните се согласија за механизам за прекин на борбите во Либан и отворија комуникациска линија за да се обезбеди безбеден премин за комерцијалните бродови низ спорниот теснец.Првата рунда разговори меѓу високи американски и ирански претставници во Швајцарија заврши, соопштија медијаторите, по напнатиот почеток обележан со објавата на Техеран дека повторно го затворил Ормутскиот теснец и повторувањето на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе продолжи со нападите врз Иран, пишува утринава Ројтерс. Во заедничко соопштение од земјите посредници, Катар и Пакистан, се вели дека САД и Иран се согласиле на план за постигнување конечен договор во рок од 60 дена. Техничките разговори ќе продолжат до крајот на неделата во швајцарското планинско одморалиште Бургеншток. Страните се согласија за механизам за прекин на борбите во Либан и отворија комуникациска линија за да се обезбеди безбеден премин за комерцијалните бродови низ спорниот теснец, се вели во соопштението. Договорот повикува на повторно отворање на Ормутскиот теснец, пречка за глобалните енергетски испораки, и прекин на сите непријателства, вклучително и во Либан, каде што Израел продолжува да извршува смртоносни напади додека иранскиот сојузник Хезболах пука врз израелски цели.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36Жежок прв летен ден- температурите до 37 степени 08:39До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07