Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
БалканПорфирије: Патот до решението за МПЦ е меѓу Скопје и БелградСостојбата на раскол, не е природна и одржлива и затоа од се срце сакаме да се најде решение со братски, стрплив дијалог. Уверен сум дека единствениот правилен пат по кој треба да се оди за да се добие трајно решение на овој проблем, е патот од Скопје до Белград, или од Белград до Скопје, како и да е, изјави српскиот патријарх Порфирије во врска со догогодишниот спор меѓу СПЦ и МПЦ-ОА и настојувањата прашањето да се реши преку Вселенската патријаршија. Во божиќното интервју за „Политика", Порфирије оценува дека никој друг од страна не може да има поголемо разбирање за проблемот, како што наведува, „од нас самите кои со векови на овие широки балкански простори заедно се вградувавме во Црквата Христова, без никакви меѓусебни недоразбирања". За упатеноста прашањата да се решаваат меѓу Белград и Скопје, според него, „е дефинирано и со томосот со кој цариградскиот патријарх во 1922 година потврдил дека епархиите во денешна Македонија припаѓаат на Српската патријаршија". – Секој разговор што може да создаде минимум можности за воспоставување на нарушеното единство на Црквата е благословен и ме радува, бидејќи тоа е уште една рана што ме боли мене и секој свештеник, епископ на Српската црква, па и многу верници. Секој раскол е рана на телото Христово, на Црквата. Во ова време кога стана пожелно да се оддалечат луѓето едни од други, кога на тоа за жал, му претходеше и дистанцирање меѓу помесните православни цркви, сегашните настојувања на ерархијата кој пребива надвор од единството ги гледам како знак на совест, знак на спознавање дека состојбата на раскол за нив не природна и одржлива. А ние овде во Пеќката патријаршија, српски владици, не само што не се откажуваме, туку со целосна одговорност за верниот народ во Македонија, чија побожност, љубов кон Црквата Христова им е позната на сите, сакаме нарушено единство повторно да се воспостави, вели поглаварот на СПЦ. Посочува дека Светиот архиерејски синод на СПЦ на последната седница, „имајќи ги предвид различните можности што ги даваат светите канони и принципите на црковната икономија, одлучи повторно да ги повика епископите кои се одвоија од Пеќката патријаршија заедно со братски, стрплив дијалог да се најде благословено решение". Тој изразува задоволство и од тоа што автономната од СПЦ, ПОА придонесувала „за согледување на начелата и можностите на црковната икономија за решавање на проблемот со расколите во овие епархии". – Лично, јас сум убеден дека тие кои ја прекинаа комуникацијата во 1967 година, не го направија тоа сами по свој разум. Но сега имаме можност и целосна слобода по свој разум да направиме се за сите да можеме да пристапуваме до заедничката чаша. Ако навистина тоа е нашата цел, тогаш натписот на етикетата не може да биде почетна премиса за разговори, туку цел што треба да биде плод на молитвата кон Бога, Свети Сава и Светиот крал Милутин, Светите Климент и Наум, Свети Георги Кратовац и сите наши свети предци кои со својата вера, градењето на Телото Христово на земјата и мачеништвото станаа наши животни топоси. Молитвата кон овие светци ќе ни покаже благословени решенија за сите сложени прашања кои се дел од решението, но ние, владиците на Пеќката патријаршија, од се срце сакаме да се реши ова прашање, изјави српскиот патријарех Порфирије, кој според денеска објавеното соопштение од прес-службата на СПЦ е позитивен на коронавирусот и наредните денови ќе ги помине на домашно лекување. Повик за возобновување на дијалот со МПЦ, пред неколку дена упати и епископот бачки Иринеј, кој е духовен отец и еден од најблиските сoработници на патријархот Порфириј. Пораките од Белград доаѓаат по неодамнешниот прием на епископот антаниски и игумен на Бигорскиот манастир г. Партениј во придружба на монаси и монахињи кај вселенскиот патријарх Вартоломеј, што од претставници на Фанар беше оценето како голем чекор на Вселенската патријаршија за решавање на црковното прашање и признавање на МПЦ-ОА. Приемот на епископот Партениј кај вселенскиот патријарх Вартоломеј следуваше по посетата на Атина каде што присуствуваше на вечерна служба и на Божествена Литургија во црквата „Св. Пантелејмон", најголемиот храм во грчката престолнина, како и на Меѓународниот фестивал на православна црковна музика, со благослов на архиепископот на Атина и на цела Грција г.г. Јероним. СПЦ е во повеќедецениски спор со МПЦ-ОА, оспорувајќи ја нејзината афтокефалност. Разговорите што повремено се водат не доведоа до позитивен исход, поради што МПЦ-ОА за решавање на својот статус се обрати до Фанар и вселенскиот патријарх Вартоломеј.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook