Поразителна ковид статистика: Дури 43 отсто од хоспитализираните во ковид центрите починале

Ние имаме комплетни податоци до 04.01.2021 и за дотогаш можеме да дадеме податоци со 100% сигурност, после тоа се премина преку „Мој Термин“ и се уште немаме комплетен пристап за да можеме да направиме анализи по анкетите.

Речиси секој втор што поради КОВИД 19 влегол во болница, ја загубил битката со вирусот. Ова го покажува статистиката од последниот официјален извештај на Институтот за јавно здравје според кој од почетокот на пандемијата од вкупниот број на ковид пациенти во болниците - 11851, 5150 починале за време на хоспитализацијата. Изразено во проценти според овој извештај стапката на смртност во болниците е 43 отсто. За потврда на информациите на вкупниот број на хоспитализирани од почетокот на пандемијата, Канал 5 се обрати и до Институтот за јавно здравје.

-Ние имаме комплетни податоци до 04.01.2021 и за дотогаш можеме да дадеме податоци со 100% сигурност, после тоа се премина преку „Мој Термин“ и се уште немаме комплетен пристап за да можеме да направиме анализи по анкетите. Од она што е до ИЈЗ пријавено, бројката е на хоспитализирани е 11851.-Институт за јавно здравје.

Од Министерството за здравство високиот процент на смртност кај хоспитализираните го објаснуваат со податокот дека 9 од 10 од починатите имале хронични болести.

-Огромен процент од починатите пациентите се со коморбидитети и имале тешка форма од некоја друга хронична болест од којашто биле лекувани долго време. Сериозен број на пациенти касно дошле во болница и веќе имале многу тешка манифестација на болеста. Но, над 85% од починатите се пациенти коишто имале повеќе хронични заболувања.-Министерство за здравство.

Во меѓувреме, во земјава официјалното советодавно тело – Комисијата за заразни болести, епидемиолошката состојба ја оценува како стабилна, а согласно официјалните податоци, заклучно со 18 месецов, на ниво на држава поради компликации од вирусот во болница лежат триесетина граѓани, од нив деветмина се на кислородна поддршка.

Анкета: Поддршката за членството на Полска во ЕУ - најмала во последнава декада

Поддршката за членството на Полска во Европската Унија падна на најниско ниво во повеќе од една деценија, според анкетата објавена денеска.

Според најновата анкета на институтот ЦБОС, и покрај победата на про-ЕУ коалицијата, поддршката за членството на земјата во Унијата падна на 77 отсто, што е најниско ниво од 2013 година.

Поддршката лани беше 85 отсто, а најголема беше во 2022 година, кога изнесуваше 92 проценти.

Про-ЕУ коалицијата дојде на власт во Полска на изборите во октомври по осум години владеење на партијата Право и правда (ПиС), ветувајќи дека ќе ги поништи законите воведени од десницата.

ПиС често беше во судир со западните сојузници на Полска и институциите на ЕУ во Брисел поради нивната загриженост за владеењето на правото во оваа земја. /МИА

Претставник на ОН тврди дека ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Газа

Претставникот на Обединетите нации, Пјер Лодамар денеска изјави дека ќе бидат потребни 14 години да се расчисти огромното количество урнатини, вклучително и неексплодирани експлозивни направи, што ги остави Израел за време на војната во Појасот Газа.

Лодамар, висок офицер во Службата за мини на ОН (УНМАС), на брифинг во Женева рече дека војната оставила околу 37 милиони тони отпад во широко урбанизирана, густо населена област.

Тој истакна дека иако не е можно да се одреди точниот број на неексплодирани убојни средства се смета дека под одредени услови, би можеле да бидат потребни 14 години да се расчистат остатоците, вклучувајќи ги и урнатините од уништените згради.

„Знаеме дека вообичаено има стапка од 10 проценти за неуспех, односно неактивирање на муницијата. Станува збор за 14 години работа со 100 камиони“, рече Лодамар. /МИА

Руски новинар на „Форбс“ е приведен поради наводно ширење лажни информации за армијата

Новинарот на магазинот „Форбс Русија“, Сергеј Мингазов е приведен под сомнение дека ширел лажни информации за руската армија, објави денеска магазинот.

„Форбс Русија“ додава дека досега не успеале да стапат во контакт со Мингазов. Неговиот адвокат Константин Бубон на Фејсбук објави дека новинарот е во притвор во источниот руски град Хабаровск, каде што живее.

Адвокатот рече дека Мингазов бил приведен поради преобјавување публикации за наводни руски воени злосторства во украинскиот град Буча, каде што убиствата на украинските цивили во првите недели од војната беа пријавени од Ројтерс и други новински организации.

Профилот на Мингазов на платформата Телеграм содржи бројни објави за Буча, а засега не е јасно за која од нив новинарот е приведен. /МИА

притисни ентер