Порази на Реал Мадрид и на Олимпијакос во кошаркарската Евролига - Канал 5

Порази на Реал Мадрид и на Олимпијакос во кошаркарската Евролига

Екипите на Реал Мадрид и на Олимпијакос синоќа претрпеа порази на гостувањата кај Црвена Звезда и Бамберг на дуелите од 14. коло во кошаркарската Евролига. Ова за двата тима е петти пораз.

Порази на Реал Мадрид и на Олимпијакос во кошаркарската Евролига
Во Белград, Црвена Звезда на Реал Мадрид во ниту една четвртина не му дозволи да постигне повеќе од 20 поени и предводена од капитенот Марко Симоновиќ стигна до триумф. Во слична ситуација беше и Олимпијакос, кој на гостувањето кај бундеслигашот Бамберг во двоцифрена негатива беше во најголемиот дел од натпреварот.

Резултати на натпреварите од 14.коло одиграни синоќа: Галатасарај – Анадолу Ефес 76:86, Црвена Звезда – Реал Мадрид 82:70, Жалгирис – Уникс Казан 80:88 и Бамберг – Олимпијакос 82:68.

Вечерва се играат другите натпревари од оваа рунда: ЦСКА Москва – Фенребахче, Дарушафака – Макаби, Панатинаикос – Басконија и Барселона – Милано.

Табела: ЦСКА Москва 12-1 (победи - порази), Басконија 9-4, Реал Мадрид 9-5, Олимпијакос 9-5, Панатинаикос 8-5, Фенербахче 8-5, Дарушафака 7-6, Анадолу Ефес 7-7, Црвена Звезда 6-8, Макаби 5-8, Барселона 5-8, Бамберг 5-9, Жалгирис 5-9, Уникс 5-9, Милано 4-9, Галатасарај 4-10. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Заканите кон новинар се напад врз слободата на говорот

Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро ги осудува заканите и повиците за насилство упатени кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски.

ЛДП: Заканите кон новинар се напад врз слободата на говорот

Заканите кон новинари не се личен конфликт, туку директен напад врз слободата на медиумите и демократскиот поредок. Политичката комуникација мора да биде пример за достоинство и одговорност, затоа што кога носителите на јавни функции го нормализираат говорот на омраза, користат навреди како: “кокошко”, “копито” “мекотели” и други изрази на деградацијата, тие создаваат амбиент во кој насилството станува прифатлив начин на пресметка со неистомислениците.

Бараме од надлежните институции итно да ги идентификуваат и санкционираат одговорните за заканите и да обезбедат ефикасна заштита за новинарот Видиновски. Демократијата не се брани со молк, туку со јасна и еднаква примена на законот кон секој што повикува на насилство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Температурите во наредните два дена ќе останат високи

Додека се проверува квалитетот на водата за пиење во Гостивар и гостиварско, од УХМР велат дека барем во наредните неколку дена, температурите ќе останат високи.

УХМР: Температурите во наредните два дена ќе останат високи

Додека се проверува квалитетот на водата за пиење во Гостивар и гостиварско, од УХМР велат дека барем во наредните неколку дена, температурите ќе останат високи со речиси 40 степени целзиусови на целата територија на земјава

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска во Кочани 47. Марш за ангелите

Денеска во Кочани ќе се одржи 47 марш на ангелите, кој според најавите треба да започне во 18 часот и 5 минути минути во Паркот на револуцијата.

Денеска во Кочани 47. Марш за ангелите

Од здружението на граѓани „16-ти март 2025“ во најавата потсетија на истите барања. Како што посочуваат за нив, секое рочиште отвора нова болка, секој нов доказ открива нови пропусти.

Порачуваат, само со одговорност, со институции што ќе постапуваат и со јасна порака дека човечкиот живот е над профитот, функцијата и интересот, може да се спречи утре да се повтори истата трагедија. Во соопштението додаваат дека 63 животи не се статистика, а правдата не се бара еднаш — туку сè додека не биде исполнета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер