ТенисПорази на Ѓорческа и Јанкуловски во четвртфиналните мечевиМакедонските претставници на тениските фјучрс турнири денеска ги загубија четвртфиналните мечеви и со тоа ги завршија натпреварите во поединечна конкуренција. Лина Ѓорческа на турнирот во Прокупље (награден фонд 10.000 долари) загуби од Милана Спремо (Србија) со 2-0 во сетови. Првиот сет противничката на Ѓорческа го доби во тај брек 7:6 (7:5 на поени), а во вториот сет беше 6:1 во гемови. Со овој пораз прекината е серијата од седум победи на Ѓорческа во поединечна конкуренција. На фјучрсот во Благоевград (награден фонд 10.000 долари) 16-годишниот Бојан Јанкуловски загуби од третиот носител Петру-Александру Лункану од Романија со 2-0 (6:0 и 6:1 во гемови). Со пласманот во четвртфиналето Јанкуловски ќе ги освои првите два поена и ќе успее да влезе на АТП листата. Инаку, Јанкуловски на турнирот одигра вкупно шест мечеви откако успешно ги мина и квалификациите (три кола квалификации и три кола на главниот турнир). Попладнево македонските тенисери ќе играат и два финални меча во конкуренција на двојки. Ѓорческа заедно со Александра Нанкароу (Австралија) ќе играат против Доминика Патерова и Вендула Зовинцова од Чешка, додека Томислав Јотовски на турнирот во Шабац заедно со Миљан Зекиќ (Србија) ќе играат против Французите Флоран Дип и Франсоа-Артур Вибер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00
МакедонијаОд лидер до ментор: Flex Group Leadership Academy продолжува со вториот дел од програматаFlex Group продолжува со вториот дел од својата осуммесечна програма ставајќи фокус врз развојот на лидерските и менаџерските капацитети преку градење на емоционална писменост и примена на менторски стилови.Во рамките на овој модул, Верита Акташ, ја одржа обуката „Емоционална интелигенција и тренинг вештини за ментори“, на која учесниците работеа на теми што се дел од секојдневието на секој менаџер и тоа: како личните емоции влијаат врз начинот на кој комуницираме и носиме одлуки, како се препознава она што се случува во тимот и како се води разговор со цел развој на вработениот. Еден од главните фокуси беше емоционалната писменост. Притоа учесниците истражуваа како тие влијаат врз односите, врз реакциите при работа под притисок, врз комуникацијата и на крајот, врз начинот на кој се водат луѓето, наместо досегашното сфаќање дека емоциите треба да останат надвор од работното место. Вториот дел беше посветен на менторството како пристап во развојот на луѓето. Преку активно слушање, поставување на отворени прашања и ненаметливо насочување на вработениот кон самостојно наоѓање на решение и нови идеи, лидерите се стекнаа со нова алатка за развивање на потенцијалите на својот тим. Преку GROW моделот, учесниците вежбаа како разговорот 1 на 1 со член на својот тим може да се помести од: „Еве што треба да направиш“ кон: „Како ти самиот да дојдеш до нови идеи, предлози и пристапи кон секојдневното работење?“. Токму тоа е и идејата на Flex Group Leadership Academy - лидерството да се развива континуирано, преку знаења и вештини применливи во секојдневната работа затоа што доброто водење, не значи секогаш да го имаш одговорот, туку да знаеш да слушаш и да го поставиш вистинското прашање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаХаосот во Франција продолжува; Макрон свика итен состанок Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа свикал состанок со неколку министри по повод протестите низ земјата, откако во вторникот на улиците излегоа меѓу 256.000 и 450.000 луѓе. Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа свикал состанок со неколку министри по повод протестите низ земјата, откако во вторникот на улиците излегоа меѓу 256.000 и 450.000 луѓе, според податоците на Министерството за внатрешни работи и синдикатите од секторот за образование. Како што беше најавено, на состанокот во Елисејската палата треба да присуствуваат премиерот Себастијан Лекорни, министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез и министерот за национално образование Едуар Жефре, објави БФМ. „Фигаро“ утрово пренесува дека Нуњез и Жефре денеска ќе бидат сослушани пред Националното собрание, во 15 и во 18 часот. FRANCE IS LOSING CONTROL OF ITS OWN CAPITAL, AND THIS IS EXACTLY WHERE DEMOCRATS WANT TO TAKE AMERICA. Nile Gardiner said it plain on live TV, the police can't control the streets of Paris anymore and it may take the military to stop it. This stopped being about schools a long time ago, and now it's mobs, tear gas, and standoffs in the middle of the street. We saw a preview of this in 2020 when Democrats cheered on the riots and told us to defund the police. The only thing standing between us and Paris right now is leadership that actually backs law enforcement. Hand the House and Senate back to the left in the midterms, and don't act surprised when our streets start looking like France. — Gunther Eagleman™ (@GuntherEagleman) October 6, 2026 Според проценките на Министерството за внатрешни работи, на протестите низ Франција учествувале 256.000 луѓе, од кои 56.000 во Париз, додека синдикатите од секторот за образование ја процениле бројката на околу 450.000 демонстранти. Синдикатите им се придружија на учениците и студентите во вчерашниот ден на протести на национално ниво, кои се одржаа во Париз и во други големи градови, вклучувајќи ги Лион, Лил, Марсеј, Тулуза, Бордо, Рен и Стразбур. На протестите се приклучија и наставници и родители, а некои од нив се обидоа да ги заштитат младите демонстранти од безбедносните сили. Младинските протести со барање за подобри услови во училиштата започнаа минатиот месец и прераснаа во едни од најголемите демонстрации во Франција во последните години. Синдикатот на наставници во средните училишта USL соопшти дека околу 1.800 средни училишта низ земјата биле блокирани или затворени од безбедносни причини, додека Министерството за образование наведе дека наставата била целосно или делумно прекината во 891 средно училиште. Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера се уапсени 488 лица, а 43 припадници на безбедносните сили се повредени за време на вчерашните протести, пренесува „Фигаро“. Од почетокот на протестите се приведени вкупно 5.060 лица, од кои 87 отсто се малолетници, според податоците на Министерството за правда објавени во понеделникот вечерта.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Колач со боровинкиВо среда (30.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Ани Малинкова.Состојки за денешниот рецепт: 200 гр. овесни снегулки 3 - 4 јајца 2 банани 150 гр. грчки јогурт 300 гр. боровинки свежи или смрзнати 1 лажиче екстракт од ванила 1 ќесичка прашок за печиво Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook