Пораз на стартот од Европската лига за македонските одбојкари - Канал 5

Пораз на стартот од Европската лига за македонските одбојкари

Македонската одбојкарска репрезентација со пораз на гости кај Естонија го почна годинашново издание од Европската лига. Естонија постигна победа од 3:0 во сетови.

Пораз на стартот од Европската лига за македонските одбојкари

По сетови натпреварот беше: 25:9; 25:19 и 25:18 (75:46 на поени).

Во првиот сет домаќинот Естонија доминираше и нашиот тим освои само девет поени. Во вториот и третиот сет нашите одбојкари беа за нијанса подобри, но далеку од шанса да бидат поконкурентни. Дуелот траеше 79 минути.

Двете репрезентации утре ќе одиграат уште еден натпревар повторно во Парну со почеток во 19 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тухел: „Пуштете ги децата - секогаш ќе има училишта, Светското првенство е на секои четири години“

Селекторот на Англија, Томас Тухел, ги повика родителите да ги остават своите деца да останат будни цела ноќ за да го гледаат осминафиналниот натпревар на Светското првенство против Мексико.

Тухел: „Пуштете ги децата - секогаш ќе има училишта, Светското првенство е на секои четири години“

Фудбалерите на Англија ќе играат против Мексико во Мексико Сити во ноќта меѓу недела и понеделник – во 1:00 часот по британско време, односно во 2:00 часот по средноевропско време – во натпревар од осминафиналето на Светското првенство.

Како што пренесува Би-би-си, родителите се во дилема дали да им дозволат на своите деца да го гледаат натпреварот, бидејќи распустот сè уште не е почнат.

„Напишете оправдување за училиштето и дозволете им да гледаат“, рече Тухел.

„Училишта секогаш ќе има, но Светското првенство се игра на секои четири години. Нека гледаат. За четири дена нè очекува важен натпревар и ни е потребна поддршка од сите, особено од децата“, изјави Тухел. Англија се пласираше во осминафиналето на Светското првенство, откако со пресврт ја совлада Демократска Република Конго со 2:1.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар во болница во северна Германија: Сите пациенти евакуирани, има загинати

Двајца пациенти загинаа рано утринава, на 2 јули, во пожар во болница во Лудвигслуст, во северниот дел на Германија, а најмалку 34 лица се повредени, соопшти противпожарната служба на тој град. 

Пожар во болница во северна Германија: Сите пациенти евакуирани, има загинати

Болницата беше целосно евакуирана откако избувна пожарот, а противпожарната служба соопшти дека за пациентите се грижат на безбедна локација во рамките на болницата, пренесува „Тагесшау“ (Tagesschau).

Според првичните информации, пожарот избувнал во собата на еден од пациентите, по што се запалил и покривот на одделот за радиологија. Како што се наведува, пожарот сега е под контрола, а поради густиот чад, жителите на околните улици се предупредени да ги држат прозорците и вратите затворени, пренесува Танјуг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Марк Закерберг го разби најголемиот мит за создавањето на Фејсбук

Марк Закерберг, основачот на Фејсбук, откри што, според него, филмот „Социјалната мрежа“ целосно го пропуштил. Тој исто така откри дека го погледнал само еднаш. 

Марк Закерберг го разби најголемиот мит за создавањето на Фејсбук

Еден од најбогатите луѓе на светот, Закерберг, чие богатство денес се проценува на околу 189 милијарди долари, го основал Фејсбук во 2004 година од студентска соба на Харвард, кога имал само 19 години, пишува Унилад.

Филмот од 2010 година е еден од првите големи холивудски филмови што го прикажуваат подемот на модерна технолошка компанија.

YouTube video

Го следи Закерберг од неговите студентски денови и раскинувања, преку создавањето на Фејсбук, до правните спорови што следеа по неговиот метеорски успех, вклучувајќи го и судирот со ко-основачот Едуардо Саверин.

За време на гостувањето во емисијата „The Colin and Samir Show“, Закерберг изјави дека го гледал филмот само еднаш, и тоа заедно со вработените во неговата компанија.

„Знаев дека сите секако ќе го гледаат, па решивме да одиме заедно. Беше прилично необично искуство“, рече тој.

Тој призна дека авторите на филмот точно погодиле некои детали, како на пример облеката што ја носел во тоа време, но смета дека целосно погрешно ги прикажале неговите мотиви.

„Најголемиот проблем беше што филмот сугерираше дека го создадов Фејсбук за да освојам девојка. Тоа едноставно не е точно“, рече Закерберг, додавајќи дека бил во врска со својата сегашна сопруга Присила Чан уште пред да го започне Фејсбук.

Закерберг исто така се осврна на една од најраспространетите приказни за создавањето на социјалната мрежа. „Со текот на годините, на интернет се создаде цела митологија за тоа како настанал Facebook.

Луѓето го поврзуваат Facemesh – мала, шегаџиска страница што ја направив – со Facebook, само затоа што и двете имиња го содржат зборот 'face' (лице). Сепак, Facemesh беше шега и немаше никаква врска со Facebook“, објасни тој.

Тој додаде дека и денес, повеќе од две децении подоцна, луѓето му зборуваат за тоа како Facebook бил создаден како сајт за оценување на изгледот на другите луѓе.

Според Закерберг, Facebook уште од самиот почеток бил замислен како многу поголем и посериозен проект отколку што е прикажано во филмот. Од своето основање, компанијата ги презеде Instagram и WhatsApp, а во 2021 година, целата компанија го промени своето име во Meta.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер