Пораснаа цените на златото поради тензијата на Блискиот Исток

Цените на златото пораснаа под влијание на ескалацијата на геополитичките тензии на Блискиот Исток. На физичкиот пазар цената на унца злато порасна за 0,4 отсто на 2.260,7 долари. 

На американскиот пазар фјучерсите на златото поскапеа за 1,1 отсто, на 2.281,15 долари за унца.

Се верува дека инвеститорите биле поттикнати да купат злато од израелскиот воздушен напад врз иранскиот конзулат во сириската престолнина Дамаск, во кој загинаа висок ирански воен командант и неколку дипломати.

На трговијата во текот на денот би можеле да влијаат и податоците за нарачките во американската индустрија во февруари и оставката на функционерот на американската централна банка.

Претседателот на ФЕД, Џером Пауел треба да одржи говор в среда. /МИА

Германско МНР: Путин спроведува тактика за одложување на преговорите во Украина

 Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок претходно изјави дека Путин намерно не влегува во мировни преговори.

Министерството за надворешни работи на Германија изразува скептицизам во однос на изјавите на рускиот претседател, Владимир Путин, во врска со прекинот на огнот во Украина и смета дека тоа е, во најдобар случај, одложување на преговорите, пишува Дојче веле.

По воздржаната реакција на Русија на предлогот на САД за прекин на огнот во Украина, германската Ввлада го обвини Путин за одложување на преговарачкиот процес.

„Во најдобар случај, можеме да зборуваме за тактика на одложување во врска со прекинот на огнот, доколку има такви услови и резерви“, изјави вчера портпаролката на германското Министерство за надворешни работи.

Таа изјави дека мора да се постави прашањето дали има сериозен интерес да се работи на траен прекин на огнот и решение.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок претходно изјави дека Путин намерно не влегува во мировни преговори.

„Путин намерно ја држи отворена вратата за мировни преговори, но тој сè уште не е подготвен да помине низ тоа“, рече таа. /МИА

Брнабиќ na X: Екстремисти нападнаа студенти во блокада и студентите во Пионирски парк

Дел од насобраните граѓани, иако студентите прогласија крај на протестот, се уште е пред Собранието на Србија.

Во објава на Х, претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ вечерва ги отфрли наводите дека нападот за време на инцидентите на вечерашниот протест пред Парламентот го извршил некој од кампот во Пионирски парк, туку дека „екстремисти“ ги нападнале и студентите во блокада и студентите во паркот, јави МИА од Белград.

„Лага е дека некој од Пионирски парк нападнал некого. Јасен доказ дека екстремисти ги нападнале и студентите во блокада и студентите во Пионирски парк. Насилството нема да биде дозволено“.

Белградски медиуми јавија за две приведени лица вечерва од пред просторот меѓу Собранието и Претседателството и дека се распоредени припадници на жандармеријата со опрема за разбивање протести пред Правниот факултет во Белград.

Студентското обезбедување во блокада прогласи крај на протестот пред српското Собрание, ги отстрани маркерите, а на насобраните им нареди да се повлечат, по инцидент .

Дел од насобраните граѓани, иако студентите прогласија крај на протестот, се уште е пред Собранието на Србија.

Блиц: Група мажи претепаа и клоцаа млад човек на плоштадот Никола Пашиќ во Белград

Како што може да се види на снимката на ТВ Блиц, тие го тепале со тупаници и клоци и го собориле на под.

Тој останал да лежи, а група мажи го опколила.

Како што неофицијално дознава Блиц, човекот бил погоден од камен.

Набрзо пристигнала брзата помош, која го ставила младиот човек на носилка и го однела.

Линк до видеото

притисни ентер