Порасна продажбата на автомобилите на БМВ,се опоравуваат пазарите во Кина и Европа - Канал 5

Порасна продажбата на автомобилите на БМВ,се опоравуваат пазарите во Кина и Европа

Продажбата на автомобилите на БМВ порасна во третиот квартал благодарение на силната побарувачка од Кина и Европа што го надомести падот од американскиот пазар.

Порасна продажбата на автомобилите на БМВ,се опоравуваат пазарите во Кина и Европа

Групацијата испорачала вкупно 675.680 возила во третиот квартал, што е за 8,6% повеќе во однос на истиот период минатата година.

Резултатите во третиот квартал се далеку подобри отколку во периодот од април до јуни, кога продажбата на BMW опаднала за една четвртина поради корона кризата.

Пандемијата, сепак, се чувствува во резултатите од јануари до септември кога групацијата БМВ продала за 12,5 проценти помалку автомобили отколку во истиот период минатата година.

Побарувачката во Кина е клучен двигател на добрите резултати во третиот квартал, изразена во скок на продажбата од 31,1 процент и испорачани вкупно 230.612 автомобили.

Продажбата во Европа исто така се зголемила, за 7,1 процент, со вкупно испорачани 275.618 автомобили.

Во САД, каде властите не успеаја да воспостават контрола врз ширењето на вирусот, продажбата на БМВ потона за 15,7 проценти, со испорачани 78.634 автомобили.

Во периодот од јули до септември, на ниво на групацијата ,најмногу се зголемила продажбата на марката возила БМВ, за 9,8 проценти, со продадени 585.336 возила.

Продажбата на електрични возила исто така се зголемила, за дури 46,6 проценти, со вкупно продадени 54.719 возила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сали: Целна експертиза и институционална одговорност за побрзо спроведување на реформите

Министерот Сали нагласи дека надворешната експертиза не претставува замена за институционалната одговорност.

Сали: Целна експертиза и институционална одговорност за побрзо спроведување на реформите

Денеска, во Центарот за обуки на Министерството за европски прашања, се одржа презентација на Strategic Priorities Expertise Facility (PREF), механизам предложен од Обединетите нации за обезбедување брза и целна експертска поддршка на институциите одговорни за спроведување на реформите.

На отворањето на настанот, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, изрази благодарност до Обединетите нации за континуираното партнерство и ја нагласи важноста на овој механизам во период кога институциите паралелно работат на спроведување и планирање на реформите кои треба да дадат конкретни и мерливи резултати.

„Спроведувањето на обврските од Реформската агенда ќе го определи не само темпото на нашиот напредок во рамки на Инструментот за реформи и раст, туку и квалитетот и кредибилитетот на поширокиот процес на европска интеграција. Затоа, кон секој реформски чекор мора да пристапиме сериозно, со професионална одговорност и силен фокус на резултатите“, истакна Сали.

PREF има за цел да им овозможи на институциите брз и структуриран пристап до претходно проверени домашни и меѓународни експерти. Соодветната експертиза може да биде идентификувана во рок од десет работни дена по одобрувањето на барањето, со што институциите ќе можат навремено да добијат целна поддршка за подготовка на сложено законодавство, проценки на влијание, патокази и стратегии, како и за зајакнување на институционалните капацитети.

Министерот Сали нагласи дека надворешната експертиза не претставува замена за институционалната одговорност.

„Надворешните експерти можат да обезбедат знаење, анализи и технички решенија, но приоритетите мора да ги дефинираме ние, процесот мора да го водиме ние, а конечните резултати мора да бидат наша сопственост и наша одговорност за нивното спроведување.“

Институциите беа повикани внимателно да ги разгледаат чекорите од Реформската агенда за кои се надлежни и да ги идентификуваат областите каде специјализираната експертска поддршка може директно да го забрза спроведувањето, да помогне во надминување на техничките пречки и во исполнување на договорените рокови.

Министерството за европски прашања ќе продолжи да им дава поддршка на институциите во текот на процесот и да ја обезбедува потребната координација со Обединетите нации.

„Успехот на Реформската агенда нема да се мери според бројот на планови што ќе ги усвоиме или состаноци што ќе ги организираме, туку според тоа дали реформите се завршуваат навреме, дали институциите функционираат подобро, дали граѓаните и бизнисите гледаат конкретни подобрувања и дали нашата земја се приближува кон полноправно членство во Европската Унија“, порача Сали.

Кабинет на министерот за европски прашања

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ранче со училишен прибор и училишна униформа за секое прваче во Општина Бутел

Општина Бутел и оваа година продолжува со поддршка за најмладите ученици и нивните семејства.

Ранче со училишен прибор и училишна униформа за секое прваче во Општина Бутел

На 1 септември, секое прваче во општинските основни училишта ќе добие висококвалитетен анатомски ранец со потребен училишен прибор, како и училишна униформа.

Целта на оваа мерка е на сите првачина да им се обезбедат потребните услови за непречен и успешен почеток на учебната година, а истовремено да им се овозможи значително финансиско олеснување на родителите.

Вредноста на училишниот пакет и униформата претставува заштеда од околу 9.000 денари за секое семејство кое годинава има прваче.

Покрај висококвалитетниот анатомски ранец, пакетот ќе содржи и помагало за броеви, блок, дрвени боички, фломастери, пластелин, моливи, тетратка, острилка и гумичка.

Со оваа активност, Општина Бутел продолжува да инвестира во квалитетно образование и подобри услови за најмладите, создавајќи средина во која секое дете ќе има можност да учи, расте и да го развива својот потенцијал.

Вложувањето во децата е вложување во иднината на Општина Бутел.

Општина Бутел

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведено лице од скопско, барано за издржување двегодишна казна затвор

На 24.08.2026 во 17:25 часот во с.Морани, скопско, врз основа на судска наредба, полициски службеници од единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го приведоа Б.А.(20) од с.Студеничани, скопско.

Приведено лице од скопско, барано за издржување двегодишна казна затвор

Претходно, тој со возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници, но набргу потоа со возилото удрил во бетонски ѕид, а потоа, движејќи се наназад, удрил и во возило „шкода јети“, сопственост на МВР. Откако е приведен, извршени се дополнителени проверки и било утврдено дека бил баран за издржување казна затвор од две години за сторени кривични дела по член 292 и член 288 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер