Поранешниот украински претседател Порошенко: Се надевам на враќање на власт по војната

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко се надева дека ќе се врати на власт во земјата по војната, изјави тој за Ал Џезира.

Иако не може да се одржат избори во време на војна, Порошенко јасно стави до знаење дека планира да се кандидира кога е можно. „Но, пред тоа, Украина треба да ја победи Русија“, рече тој.

„Оваа војна е поголема од Украина. Се работи за светски поредок, слобода, демократија. Ние сме тука и се бориме и го спасуваме светот“, рече тој.

Порошенко, кој ја предводи најголемата незабранета опозициска партија, рече дека алтернативен план би бил да се кандидира за место во Европскиот парламент кога Украина ќе влезе во ЕУ.

Порошенко беше на функцијата пет години, а беше поразен од Володимир Зеленски во 2019 година. Според Уставот, претседателските избори требаше да се одржат во недела, но беа одложени. Според анкетите, украинската јавност се противи на одржување избори за време на војна.

Мандатот на Зеленски истекува на 20 мај, но според Уставот, тој може да остане на функцијата додека не биде заменет со наследник. Русија планира да го искористи.

„По 20 мај, Зеленски ќе биде диктатор“, изјави вчера Сергеј Миронов, претседател на партијата „Праведна Русија – за вистината“. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно изјави дека Москва нема да разговара со Зеленски по тој датум.

ТОП КОНЕКТИВНОСТ: МЕЃУНАРОДНО ЖИРИ НА ЕКСПЕРТИ ГИ НАГРАДУВА БРЕНДОВИTE НА STELLANTIS

МЕЃУНАРОДНО ЖИРИ НА ЕКСПЕРТИ ГИ НАГРАДУВА БРЕНДОВИTE НА STELLANTIS ЗА ВОВЕДУВАЊЕТО НА CHATGPT1 ВО НИВНИТЕ ВОЗИЛА

Широк избор: ChatGPT1 сега достапен во повеќето патнички автомобили и LCV возила на Opel

Лесен пристап: ChatGPT1 активиран со едноставно кажување “Hey Opel”

Opel ги прави најдобрите технологии достапни и прифатливи за сите. Ова исто така беше препознаено од високопрофесионалното меѓународно жири на AUTOBEST. Новинарите од повеќе од 30 земји сега им ја доделија наградата "SMARTBEST 2025" на Opel и другите брендови на Stellantis за воведувањето на ChatGPT1 во нивните модели. Оваа награда ги признава иновативните решенија за конективност во возилата.

„Ние сме возбудени што ја добивме оваа награда“, изјави Ванеса Реп, потпретседател на Одделот за идни решенија/производи во Opel и Vauxhall. „Единствениот глас на независните новинари покажува дека нудиме возила со иновативни технологии кои го прават возењето поудобно, а истовремено ги прават достапни за потрошувачите. Ова се однесува на локално електрични погонски системи без емисии, како и интелигентните решенија за конективност како што е ChatGPT1.“

Со ChatGPT1, возачите и патниците на Opel имаат пристап до широк спектар информации од долга листа на теми вклучувајќи наука, биологија, исхрана, поп култура, музика и многу други. Во комбинација со навигацискиот систем, едноставно „Hey Opel“ е доволно за да се користи природното препознавање на говорот – кое сега стана уште поатрактивно благодарение на додавањето на ChatGPT1. Системот сега може да научи и самостојно да предложи дестинации и насоки за патување базирани на навиките на поврзаниот профил на возачот.

Opel моментално го воведува ChatGPT1 во новиот Opel Mokka, како и во многу други модели како што се новиот Opel Grandland, Opel Corsa, Opel Astra, Opel Astra Sports Tourer, Opel Combo и Opel Zafira.

Покрај тоа, Opel Combo и Opel Vivaro лесните комерцијални возила исто така се достапни со вештачката интелигенција чатбот.

Кој е судијата Енвер Беџети кој 9 месеци го чуваше предметот за Таргет – Тврдина во фиока?

Иако се најде на црната листа на САД, неизвесно е дали апелацискиот судија  Енвер Беџети ќе продолжи да ја дели правдата во Македонија.

Ден откако неговото име беше објавено на црниот список на Американскиот Стејт департмент Беџети не се појавил на работа бидејќи зел денови од годишен одмор, потврдија од скопска Апелација за Канал 5.

Иако во информацијата со која Беџети и Артан Груби беа означени како непожелни во САД не е децидно наведено за кој случај станува збор, сепак наводите дека двајцата биле вклучени во значителна корупција со прифаќањето мито за нарушување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда за поранешнениот шеф на УБК Сашо Мијалков, сугерираат дека станува збор за предметот со незаконското масовно прислушување „Таргет-Тврдина“, кој Беџети го чуваше девет месеци во фиока и проднесе до негово застарување.

За ова Судскиот совет лани во јануари формираше комисија со која потврди дека Беџети намерно го развлекувал предметот, но на крај за неговото нестручно и несовесено работење беше казнет само со 20 проценти од неговата плата во времетраење од шест месеци.

Името на Енвер Беџети се наведуваше како главна за ескалациите во Судскиот совет, кога лани во април наместо на дневен ред да се стави иницијатива за поведување на дисциплинска постапка против него, се случи скандалозното незаконско разрешување на тогашната претседателка Весна Дамева, по предлог на тогашниот нејзин заменик Селим Адеми, кој се поврзува со ДУИ.

Останува неизвесно дали Судскиот совет, во кој поголемиот дел од членовите се истите од пред една година сега по наводите од Стејт Департментот може да отворат нова постапка за Беџети. За ова Канал 5 побара одговор од заменик претседателот Ханиф Зендели, кој во телефонски разговор кусо одговори дека ова тело ќе ги преземе сите законски мерки по што ќе ја информира јавноста, без да прецизира за што конкретно станува збор.

Дополнително, до застарување на предметот за масовното прислушување и ослободување на Мијалков допринесоа и измените на Кривичниот законик. Сега во судот единствено се води повтроена постапка само за делот од предметот којшто се однесува на уништување на опремата за прислушување, а во кој обвинети се Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски, и бегалците Горан Грујевски и Никола Бошкоски. Случајот е во фаза на завршни зборови, но ако до 2025 година не биде донесена правосилна пресуда, и овој случај целосно ќе застари.

Мухаби Синани се враќа од Њујорк, незаконски бил поставен на местото ген. конзул пред изборите

Муцунски го враќа Мухаби Синани од позицијата генерален конзул во Њујорк, кој незаконски беше испратен од страна на Османи и Груби.

На предлог на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски владата денес донела одлука за враќање на Мухаби Синани од позицијата Генерален конзул на државата во Њујорк, кој на оваа позиција беше испратен само неколку месеци пред парламентарните избори годинава.

Станува збор за кадар близок на Бујар Османи, кој на негов предлог и спротивно на законите прописи, само неколку месеци пред изборите, со потпис на Артан Груби, кој тогаш претседавал со владината седница, се упатува на дипломатска мисија – како Генерален конзул во македонскиот конзулат во Њујорк.

За потсетување, Диппломатскиот синдикат најостро реагираше бидејќи Синани не ги исполнува условите да биде упатен како Генерален конзул од редот на професионални дипломати, согласно член 35а од Законот за надворешни работи. Во тоа време, тогашниот министер Бујар Османи тврдеше дека таква одредба не постои во Законот бидејќи наводно истата била избришана.

Тука се поставува прашањето, дали со испраќањето на Синани на позиција за кој те не ги исполнувал потребните услови, е кривично дело направено од тогашниот министер за надворешни работи Бујар Османи и тогашниот втор човек на владата, вицепремиерот, Артан Груби кој тогаш ја потпишал одлуката за негово испраќање во Њујорк, соопштуваат од МНР.

притисни ентер