Поранешниот шпански крал ја напушти земјата среде корупциска истрага

Поранешниот крал на Шпанија  Хуан Карлос Први објави дека се сели во странство.

Неговата објава за преселба доаѓа среде истрагата на шпанската финансиска служба и наводите за корупција.

Во писмото до неговиот син, кралот Фелипе VI, тој напишал дека ја донел оваа одлука „поради реакцијата на јавноста предизвикана од одредени настани во мојот приватен живот“, пишува Си-Ен-Ен.

Шпанските и меѓународните медиуми извесно време известуваат за наводните сомнителни финансиски работи на поранешниот крал, кој сега има 82 години, и за обидите на неговиот син да се дистанцира од неговиот татко.

"Пред една година, изразив волја да престанам да ги спроведувам институционалните активности. Сега, воден од желбата подобро да му служам на шпанскиот народ, нивните институции и на вас како крал, ја пренесувам мојата одлука да се преселам надвор од Шпанија", му напишал на својот син Хуан Карлос.

"Тоа е одлука што ја донесов со тага, но и со мирен ум. Јас бев крал на Шпанија скоро четириесет години и за тоа време секогаш сакав најдобро за Шпанија и за круната", додаде тој.

Инаку, на почетокот на јули, шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека е вознемирен поради загрижувачката информација за поранешниот крал Хуан Карлос Први, кој е осомничен за корупција во врска со Саудиска Арабија.

„Очигледно, ние, шпанскиот народ како целина, добиваме загрижувачка информација што нè вознемирува“, им рече Санчез на новинарите кога го прашаа дали монархијата е повредена од информациите за поранешниот крал кој абдицирал во 2014 година во корист на неговиот син Фелипе .

Швајцарските и шпанските судии ги испитуваат стотиците милиони долари што Саудиска Арабија тајно ги плати на сметката на Хуан Карлос I во Швајцарија.

Врховниот суд на Шпанија во јуни објави дека започнува истрага за да се утврди можната одговорност на поранешниот крал, но исклучиво за дела извршени по неговото абдицирање.

Тој е особено осомничен за пренесување на пари од непознато потекло на сметката на неговата поранешна љубовница, германската бизнисменка Корин Ларсен на Бахамите.

Интернет-порталот „Ел Еспањол“ објави делови од изјавата на швајцарскиот адвокат Дане Каноника за државното обвинителство во Женева, кој изјави дека тој е задолжен за „создавање систем“ за криење на парите што му биле платени на Хуан Карлос Први.

Списанието „Ел Паис“ пишува дека Корина Ларсен му кажала на државното обвинителство во Женева дека поранешниот крал не и платил скоро 65 милиони евра на нејзината сметка „за да се ослободи од парите“, туку од „благодарност и љубов“.

„Судството ја врши својата работа“, им рече Санчез на новинарите.

„Самата Кралска палата, за која и благодарам, се дистанцираше од оваа загрижувачка и вознемирувачка информација“, додаде тој.

Стојаноска: Народот се обединува околу Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше носителката на ИЕ 6 од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, истакна дека народот се обединува околу еден кандидат за претседател кој достоинствено ќе не претставува.

„Ние подаваме рака и повикуваме на обединување. Како ВМРО-ДПМНЕ сме обвинувани за антиевропска, за албанофобна партија. Од вчерашните анкети што се направени од изборните резултати докази за нас дека имаат гласано и другите националности што значи дека не е пречка припадноста на друга националност па и на друга политичка партија туку дека народот се обединува околу тоа да имаме еден кандидат за претседател, да имаме претседател на држава кој достоинствено ќе не претставува и чија што една од десетте постулати на нејзината програма е претседател на сите граѓани“, истакна Стојаноска.

Таа додаде дека се презадоволни од она што народот го искажа пред два дена.

„Презадоволни сме од она што народот го искажа пред два дена. Народот конечно се охрабри, на народот не влијаеа сите притисоци од актуелната власт и сите начини кои умешно знаат да ги користат. Овој пат навистина чашата е прелеана. Им се заблагодарувам и честитам на тие што уште во првиот круг излегоа го кажаа својот глас дека повеќе не сакаат да функционира како досега, туку сакаат промени, сакаат нешто што ќе значи слобода, вистинска демократија и вистински европски вредности бидејќи сето ова досега беа само лажни европски вредности, злоупотреба на европско знаме и злоупотреба на вистинските европски вредности“, вели Стојаноска.

Во однос на изборната програма Платформа 1198, Стојаноска истакна дека програмата е изработена врз основа на барањата и предлозите од страна на граѓаните.

„Нашата изборна програма Платформа 1198 нуди исто толку проекти кои се изработени врз основа на барања и предлози кои стигнале од граѓаните со кои сме биле во постојан контакт изминатиов период. Преточени се преку партиски експерти, соодветните делови од програмата и конечно пресметани од експертите по финансии. Сето тоа што е сочинето во програмата е побарано од нас, ние тоа што го имаме во програмата го ветуваме. Видоа граѓаните во изминатите седум години кои што ветуваше и кои што беше во можност дали истото го реализира“, рече Стојаноска.

Институтот за јавно здравје одбележа 100 години од постоењето

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска свечено го одбележа неговото 100-годишно постоење. 

Меѓу другото, беа спомнати и заканите како Ковид-19 и дезинформациите околу безбедноста на вакцините. На настанот во Скопје беше промовирана и монографијата со наслов „100 години - Институт за јавно здравје на Македонија, 1924-2024 година - чувар на јавното здравје“.

Директорот, доктор Шабан Мемети зборуваше за превентивните активности што биле насочени кон закани како што се нови варијанти на инфлуенца вирусот, коронавирусот.

- Несомнено, еден од најголемите предизвици со што се соочивме во последната деценија е пандемијата со вирусот Ковид-19. Пандемијата ги тестираше нашите отпорност и способност како никогаш досега, подвлече Мемети.

Сепак, преку колективни напори, тие се движеле низ овие турбулентни времиња со издржливост и решителност.

- Денес одбележуваме 100 години посветеност на грижа на јавното здравје. Еден век витална мисија за превенција на заразните и незаразните болести, што претставуваат закана, не само за населението на Македонија, туку и глобално, додаде директорот на ИЈЗ.

Мемети се осврна и на дезинформации и скептицизам изминатите години околу безбедноста и ефикасноста на вакцините, поради што, како што рече тој, се соочуваме со епидемии на болести што се превентабилни.

Според министерот за здравство Илир Демири, пандемијата од Ковид-19 бил најдобар показател за значењето и улогата на Институтот за јавно здравје.

- Со што, се уверивме, колку е битен Институтот за јавно здравје и колку е битна специјалноста - епидемиолог, истакна Демири.

Тој, меѓу другото, рече и оти треба во многу блиска иднина да се формираат и други одделенија, сектори во склоп на Институтот за јавно здравје, во склоп на Министерството за здравство, со цел развој на програми што се во улога на превенција на здравјето и за да имаме поквалитетен здравствен систем.

Пред присутните, преку видео-обраќање, говореше и директорот на Регионалната канцеларија за Европа на СЗО, доктор Ханс Хенри Клуге.

- Ова патување почна во 1924 година, кога беше основан Институтот за тропски болести во Скопје и се разви од станица за бактериологија до лабораторија за тестирање заразни болести. Оттогаш, развојот на Македонија беше неверојатен, подвлече Клуге.

Тој рече дека тие ќе продолжат да бидат наш стабилен партнер во јавното здравје, „сега и засекогаш“.

Со видео-порака се обрати и директорката на Европскиот центар за превенција и контрола на болестите, доктор Андреа Амон.

- Во споредба со вашиот институт, нашиот, ЕЦДЦ, е многу млад. Многу сум задоволна што во изминативе 15 години, нашата соработка вроди во плодно и зрело партнерство, истакна Амон.

Ума Турман на црвениот тепих на „Time 100“ посебен фустан (ФОТО)

Ума Турман изгледа сензационално додека им се придружи на ѕвездите од А-листата на овогодинешниот TIME 100 Gala вчера вечер во Њујорк.

Ѕвездената актерка на црвениот тепих се појави во впечатлив сатенски фустан во неодредена боја. Во еден момент со сигурност би рекле дека е виолетова, а од друг агол изгледа целосно кралско сино.

Фустанот без ракави до подот, собран на половината, содржи и декоративен дел кој делува како голема лента за на рамото и паѓа по линијата на десната рака. Делот може да се отстрани, па фустанот останува целосно обичен од напред, додека одзади се гледа дека има уште една декорација.

За да ги види јасно сите детали, Ума ја врзала својата руса коса и се одлучила за златен накит и златна чанта.

За миг ѝ се видоа сандалите, исто така во златна боја.

Што се однесува до неа, дали нараквиците се вратија во стил или можеби никогаш не излегоа?

Турман обично претпочита сина боја, веројатно затоа што ѝ одговара на очите, па не е чудно што тоа беше нејзин избор во неколку наврати за големи фестивали како во Кан.

притисни ентер