Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испит
1Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испит
3Муцунски на Глобалната платформа за регулаторни иновации: Технологијата напредува брзо, но одговорноста мора да остане човечка
ФудбалПоранешниот претседател на Барселона: Нема шанса Меси да си оди бесплатно Жан Гаспарт, кој беше претседател на Барселона од 2000 до 2003 година, зборуваше за барањето на Лео Меси да ја напушти Барселона бесплатно.„Го видов договорот на Меси со Барселона и многу е јасно дека тој не е во ред кога бара да го напушти клубот без компензација, бидејќи клаузулата што му овозможи да ја напушти Барселона бесплатно истече во јуни. Значи, тоа нема никаква врска со продолжување на сезоната поради короната, што го тврдат адвокатите на Меси “, открива Гаспарт и додава: „Уверен сум дека Меси ќе замине без компензација следното лето, кога истекува неговиот договор, бидејќи никој не може да плати 700 милиони евра, што е сумата на неговата клаузула за компензација“. Гаспарт истакнува: „Го сакам Меси, но она што тој го прави ме потсетува на предавството што ми го направи Луис Фиго кога замина преку ноќ во Реал“. Тој му рече на раководството на Барселона: „Да бев уште претседател, јас не би ја спуштил цената за ниту едно евро под 700 милиони за оние кои сакаат да го купат Меси. Доколку дадат попуст за Меси, тоа ќе биде полошо понижување за Барселона од катастрофалните 8: 2 против Баерн " Тој, исто така, има порака за Меси: „Не можам да го разберам вашиот потег. Зарем милиони навивачи на Барселона не ве молат да останете достојни на нивната почит? Зарем не мислите дека Барса помогна да станете она што сте денес?“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаКорина Шумахер открива -Плачам во себе кога...Сопругата на Михаел Шумахер, Корина по подолг период проговори за својот сопруг-: Плачам во себе кога... Корина откри што најтешко поднесува.По подолг период, Корина Шумахер отворено зборуваше за својот славен сопруг, Михаел, и за животот што го водат по неговата тешка несреќа на скијање во 2013 година. Сопругата на седумкратниот шампион во Формула 1 се појавува во новиот документарен филм „Шумахер '94: Раѓањето на една легенда“ (Schumacher '94: The Birth of a Legend), кој првенствено се фокусира на сезоната 1994 и на освојувањето на неговата прва светска шампионска титула. Филмот трае 105 минути и ќе биде достапен на „Нетфликс“ од 2 октомври. Во филмот, Корина зборува за почетоците на нивната врска, како и за емоциите што денес во неа ги буди песната „Rush Rush“ на американската пејачка Пола Абдул. „Тоа беше нашата песна во тоа време. Кога ќе ја слушнам во автомобилот денес, плачам во себе“, изјави Корина. Во документарниот филм, Корина емотивно зборуваше за тоа како ги доживувала успесите и неуспесите на Михаел во текот на неговата кариера. – Срцето ми чука за него кога победува. А и кога губи. Срцето секогаш ми е со него – рече таа. Таа додаде дека е особено убаво чувство кога си со личноста со која со нетрпение се среќаваш секој ден. Во последниве години, Корина ретко зборуваше јавно за животот на нејзиниот сопруг по несреќата. Семејството уште од самиот почеток инсистира на целосна приватност, а објавени се многу малку веродостојни информации за неговата здравствена состојба. Документарниот филм не зборува конкретно за моменталната состојба на Михаел. Мајкл Шумахер се здоби со тешки повреди на 29 декември 2013 година, кога падна додека скијаше на француските Алпи и удри со главата во карпа. По несреќата, тој помина неколку месеци во болница и беше во кома. Во јануари оваа година се појавија нови медиумски извештаи според кои тој повеќе не е трајно врзан за кревет и поминува дел од времето во инвалидска количка, со помош на лицата што се грижат за него. Овие тврдења доаѓаат од извори блиски до семејството и не се официјално потврдени од Корина или од медицинскиот тим. Семејството сè уште нема јавно објавено детален извештај за неговата здравствена состојба. Така, новиот документарен филм првенствено нуди редок увид во животот на Мајкл и Корина од периодот пред несреќата, како и емотивни зборови од неговата сопруга за нивната врска – врска која, како што открива нејзиното сведоштво, и денес останува централен дел од нејзиниот живот.Тагови: Михаел Шумахер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит и тоа: О.М.(26) и С.Н.(30), двајцата од Скопје, Д.К.(26) од с.Јурумлери, скопско, 17-годишник од с.Студеничани, скопско, К.Д.(47) од Гостивар, А.С.(18) од Неготино, М.К.(46) од Гевгелија, Б.П.(36) од Прилеп и К.Д.(48) од Битола. Додека, пак, Ј.Т.(36) од с.Виничани, Општина Градско, управувал моторно возило под дејство на алкохол, а Ф.Г.(20) од Кочани управувал моторно возило со активна забрана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСофија бара дијалог според европските правила по барањето за медијација од Скопје15:00Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
МакедонијаДемант од Сашо Мијалков на наводите на Левица за БарутанаЦелосна лага се информациите изнесени од страна на политичката партија Левица дека мене некој ми подарил било што во месноста викана Барутана.Не поседувам никаков имот на посочената локација, ниту имам каков било интерес во врска со истата. Тоа се однесува не само на мене, туку и на компаниите кои се во моја сопственост и сопственост на членовите на моето семејство. Овие факти лесно може да се проверат во Централниот регистар и надлежните институции. Споменувањето на моето име во текстот на Призма е надвор од секаков контекст во врска со Барутана и се сведува на наведување на деловни активности од пред десет години кои на никаков начин не се поврзани со актуелниот случај, при што на ваков тенденциозен начин на известување, доведуваат до креирање на погрешна перцепција кај јавноста. Не знам кои се причините за пласирање на вакви невистини и мое инволвирање, но секое изнесување на неточни и непроверени информации кои може да нанесат штета повлекува одговорност. Затоа барам согласно Законот за граѓанска одговорност да биде објавен овој демант и да бидат повлечени лажните информации. Сашо МијалковКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter